Сонови, толкување на сонови

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Пред неколку вечери сонував како разгледувам некоја куќа, ама беше без покрив. Запуштена, со скршени прозорци, стара, полна со ползавци и ѓубре.

Да не има некој поим што би можело да значи? Многу немирен сон имав, и се сеќавам само на пустошот, како го набљудувам. Памтам дека ги броев скршените стакла на прозорците.

:unsure::cautious:
Дали се чувствуваш изморено, изнемоштено или можеби осамено...
Куќа на сон многу често може да ја означува и нашата внатрешна состојба,да ги означува мислите и чувствата во тој момент... освен ако не се работи за некое подзаборавено секавање...
--- надополнето: 16 август 2012 во 01:15 ---
Бев болна, кренав малку температура и многу спиев.Сонував како се наоѓам во куќата на баба ми и дедо ми(дедо ми е починат веќе 5 месеци) .Во собата каде што обично седеа тие има 2 кревети , и сега ја гледам баба ми лежи на креветот на дедо ми, кога се свртев го гледам него како седи на нејзиниот кревет.Ништо не зборуваше, а и јас се правев дека не го гледам.Ова беше прв пат да го сонувам а претходно многу сакав да го видам барем на сон.Толкување?
Си посакала да го видиш и ете, ти дошол на сон. Смртта на твојот дедо е сепак нешто што се случило нодамна, нормално е да го сонуваш.
 
Одамна сонував еден сон, кој сеуште ми е премногу јасно мемориран, затоа што многу ме уплаши. Не знам која тежина ја имаат соновите и дали нешто значат, но за да не ми остане мерак, ајде да си прашам.
Штотуку почината жена во јаве, на сон ме давеше со сета сила и сакаше буквално да ме убие. Ме тресна силно на ѕид и со двете раце ме даваше и само испушташе некои страшни звуци. Осеќав дека губам здив и бев преплашена од нејзиниот поглед. Имаше црни очи т.е. нешто како длабоки црни дупки наместо очи. Не можев никако да се ослободам, ни да мрднам. После долгото мачење, во последен момент некако, ја фати татко ми и ја тргна од мене. Неполна година потоа, пред некој ден, татко ми го сонувал истото! Се наежив кога ми кажа. Значи ли нешто тоа или случајно исти сонови сме сонувале?
Можеби мене ми е чудно затоа што јас таа жена не ја сакав, татко ми ја сакаше, а двајцата исто ја сонувавме. Шознам...:unsure:
 
С

Читајќи го твојот пост, стекнав мислење дека се плашиш од сонот.
Меѓутоа напротив....
Да се сонува мртовец навестува желба дека наскоро ќе имате венчавка во фамилијата. Тоа го потврдува и сонот на Твојот Татко.
А кој ќе биде „ жртвата “, односно кој ќе стапи во брак, ти оцени според ситуацијата...
 
Без оглед што прави мртовецот во сонот? Море ме лажиш ти... ако беше така, ќе бев мажена до сега дека често си ги сонувам дедо и баба, а тие починаа ехееее многу одамна. Туку сме имале свадби, не дека не... само ете не сум забележала како се поклопуваат со соновите. :sneaky::icon_lol:
Фала во секој случај на вниманието. Ќе си го врзам во крпче муабетов, ако ништо друго барем за да ширам позитивна енергија и да поттикнам нечив брак.:pipi:
 
Сонувам едно девојче како да е моја ќерка, натажена и плаче. Идам и и викам "Немој да плачеш, мајка ти дојде". Потоа погледувам низ еден прозор надолу, една моја другарка стои таму...
 
Пред некое време сонував како умирам, ај сон како сон нели, меѓутоа толку беше реалистичен не можам дури ни да опишам, најстрашно од целиот сон беше кога веќе “преминав“ на другата страна, е тоа беше најстрашното нешто што сум доживеал, не можам да ви опишам како се чуствував, во сонот ги гледам сите најблиски како стојат над мене, јас викам а глас не излегува од мене, срце ми се кинеше од тага, не можа да се сетам дека некогаш сум бил потажен. Целиот се наежив дури и сега кога се сетам на тоа .
Се на се доста страшно искуство кое не сакам да ми се повтори !!!
 
Значи сонувам како се возам во автобус има голема гужва и до мене седнува бившиот.Почнува да зборува ии ме моли да се помириме.Јас не сакам ии..се разбудив.
 
АЈ ХЕЛП СОНУВАМ ДЕКА ИЗЛЕГУВАМ НА ТЕРАСА И ГЛЕДАМ ГРАДОТ ПРАЗЕН УЛИЦИТЕ ПРАЗНИ И ВИКАМ ПО МАЈКАМИ МАМО БРЗО ИДИ УМРЕЛЕ СИТЕ И КОГА ЕДНА ЦРВЕНА ШКОДА ПОМИНУВА И ИЗЛЕГУВААТ 3 ЖЕНИ СО БРАДИ БРЕ
ретардос сон ама ми ги немасе комшиите се исплашив знаев дека сите се мртви ама невидов ниеден мртовец
 
sekogas sonuvam cudni sonovi,custvoto e neverojatno samo neznam da gi tolkuvam
--- надополнето: 23 август 2012 во 00:23 ---
sekogas sonuvam cudni sonovi,custvoto e neverojatno samo neznam da gi tolkuvam
 
sekogas sonuvam cudni sonovi,custvoto e neverojatno samo neznam da gi tolkuvam
Сите сонуваме и сите сонови се чудни и необични, затоа се и сонови. Јас за соновите велам дека се тоа сигнали помеѓу подсвеста и свеста.
Немој да се тревожиш поради содржината на соновите, тоа се само сонови.
 
ne bi rekla,mojte sonovi se poinakvi se ostvaruvaat no da znam da gi protolkuvam mozebi ke sprecam nesto
na primer drugarkami da ne odam vo detali
 
Зошто тогаш се трудиш да ги интерпретираш? :)
Ти си тука!!... Многу се радувам што си тука.. Ни недостасуваше...Зошто толку те немаше?
Се обидувам соновите да ги толкувам од следнава причина.
И јас и ти и било кој друг понекогаш сме вознемирени од сонот што сме го сонувале.
И потребно е, за да се смириме да разговараме за сонот или време да го заборавиме
--- надополнето: 23 август 2012 во 01:14 ---
ne bi rekla,mojte sonovi se poinakvi se ostvaruvaat no da znam da gi protolkuvam mozebi ke sprecam nesto
na primer drugarkami da ne odam vo detali
Ајде, не вечерва, некој друг ден, раскажи некој сон.
И ако не ти верувам дека твоите соништа се нешто посебно
 
Ти си тука!!... Многу се радувам што си тука.. Ни недостасуваше...Зошто толку те немаше?
Се обидувам соновите да ги толкувам од следнава причина.
И јас и ти и било кој друг понекогаш сме вознемирени од сонот што сме го сонувале.
И потребно е, за да се смириме да разговараме за сонот или време да го заборавиме
Ооох... ми недостасувате и вие мене...
Веќе се собраа доволно добри толкувачи, па некако... да не стварам гужви :)

Некои вознемирувачки сонови кријат “смирувачка“, а некои, навидум, мирни, тивки... застрашувачка порака. За мене не се обични “кафе-муабети“: си “држат цена“. Сонот не се креира затоа што, ете така, нашата потсвест нема што да прави, па ни “монтира филмчиња“. Тука е да “алармира“, да насочи.
“Тапкањето по рамо“ може да помогне некому :)
-
 
Може некој да ми го протолкува мојот сон што ви го раскажав пред некое време, се разбира доколку има некој шо се разбира во тоа поле. да не го барате ќе го копирам :
Пред некое време сонував како умирам, ај сон како сон нели, меѓутоа толку беше реалистичен не можам дури ни да опишам, најстрашно од целиот сон беше кога веќе “преминав“ на другата страна, е тоа беше најстрашното нешто што сум доживеал, не можам да ви опишам како се чуствував, во сонот ги гледам сите најблиски како стојат над мене, јас викам а глас не излегува од мене, срце ми се кинеше од тага, не можа да се сетам дека некогаш сум бил потажен. Целиот се наежив дури и сега кога се сетам на тоа .
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom