Галија, Ван Гог и Дубиоза Колектив главни ѕвезди на Тиквешкиот гроздобер 2012

Член од
17 декември 2007
Мислења
111
Поени од реакции
20
Славната белградска рок дружина Ван Гог, босанската атракција Дубиоза колектив и вонвременскиот бенд Галија се носечките имиња на овогодинешното издание на Тиквешкиот гроздобер 2012, кој од 6ти до 9ти септември ќе се одржи во Кавадарци. Покрај нив, на двата стејџа ќе продефилираат голем број на музички уметници, а бројните гости ќе може да уживаат и во првото издание на Love sensation festival, на кој ќе настапат познати имиња од светската и македонската клубска електро сцена.


Четиридневото чествување ќе започне во четврток со свечено отворање на ликовната колонија „Михајлово 2012“, за потоа да биде отворено новото издание на веќе традиционалниот фестивал „Песната на Никола Бадев“.


Петок, денот на ослободувањето на град Кавадарци ќе биде отворен со изложба на фотографии „Кавадарци во минатото“. Во попладните часови следува новото издание на Детскиот гроздобер, а веднаш по него и Свечената седница на Советот на Општина Кавадарци. Вечерта продолжува со Свечено отворање на „Винскиот боемски фестивал“ од страна на Градоначалникот Александар Панов, а веднаш по неговото обраќање следуваат концертите на Наташа Малинкова и легендарната група Галија. Точно на полноќ ќе започне изборот на винскиот крал и кралица, а ќе бидат примени и новите членови во винската академија. Забавата продолжува до раните утрински часови со Love sensation festival кој ќе се одржува на спомен костурницата во градскиот парк во Кавадарци.


Саботниот ден ќе започне со изложба на олдтајмери, а ќе продолжи со мото рели ревијата на над 600 моторџии. Саботната вечер е резервирана за главното карневалско дефиле кое и оваа година ќе продефилира по Илинденска, а по традиционалното откинување на првиот грозд и огнометот, ќе следат настапи на бразилската карневалска група Brazilian Show и концерт на Ван Гог. За оние најупорните, забавата ќе продолжи на спомен костурницата каде ќе настапуваат познати диџеи, а со традиционалната тиквешка серенада заедно со група Билјана ќе биде зачувана уште една стара, кавадаречка традиција.


Таблијадата ќе го отвори последниот ден од годинешното издание на Тиквешкиот гроздобер. Трката со магариња и оваа година е дел од програмата, целодневно шоу ќе следи и на паркчето спроти полицијата со настапи на ансамбл Билјана, Трио Гранде, Акустико Бенд...
Кавадаречките рок бендови The Muff и Журнал ќе ја загреваат атмосферата пред настапот на босанците Дубиоза Колектив, кои ќе ја имаат честа да ја спуштат завесата на овогодинашното издание на Тиквешкиот гроздобер.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.495
И јас тоа сакав да пишам, немам ништо проти в настанов, ама што еова бе да му се сневиди, Сарс, Ван Гог и Дубиоза Колектив ги слушаме почесто од Каролина Гочева на пример :facepalm:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
И јас тоа сакав да пишам, немам ништо проти в настанов, ама што еова бе да му се сневиди, Сарс, Ван Гог и Дубиоза Колектив ги слушаме почесто од Каролина Гочева на пример :facepalm:
Трк до event-от за Пиволенд. Луѓе ги бараат овие бендови и се сериозни во тоа.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Почнува да ми недостасува Бора Чорба и Бајага по малку, заедно со Жељко Самарџиќ микс во живо што викаше еден комшија....Уште малку ќе почнат и на свадби да ги канат.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
А кај може да се преспие во Кавадарци? :) Сепак три дена се...
 
Г

Грејвдигер

Гостин
N

Nessa Alcarin

Гостин
Обично на кревет, на под, на клупа во парк, секаде кај што се осеќаш комотно.
За мене не ми е проблем (снаодливо девојче сум :D) ама за принцезите со мене што ќе се (читај другарите), тие малце повеќе мрчат, знаеш од „големото доброутро“ и све остало...
п.с. се зезам, мора да имам сопствено вц и туш кога одам некаде повеќе од 2 дена...
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.172
Де бе дааа, заеби Дубиоза и слично, лафи шо ч' има од вино и тија работи :sneaky:
 
П

Пепси_

Гостин
За мене не ми е проблем (снаодливо девојче сум :D) ама за принцезите со мене што ќе се (читај другарите), тие малце повеќе мрчат, знаеш од „големото доброутро“ и све остало...
п.с. се зезам, мора да имам сопствено вц и туш кога одам некаде повеќе од 2 дена...
хотел уни палас,хотел фени.....има има се наоѓат само пари требат :icon_mrgr:
 
Член од
13 мај 2009
Мислења
687
Поени од реакции
283
Oвие колку и да ги слушам мислам дека претераа, под итно кога преминуваат македонска граница да им соберат пасоши и да не им ги враќат! Па на сите наши фестивали слушам на насловна нив ги лепат, кај се нашиве бре еј? Или па тие нем да отидоа по српските/босанските фестивали :cautious: ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom