Бог/Богови = Вонземјани?

  • Креатор на темата Креатор на темата Michelle Aline
  • Време на започнување Време на започнување
Да не биде овој дел нејасен, зошто лошо го формулирав - поентата ми беше како ќе го објасниме тоа дека боговите (т.е. вонземјаните, или барем дел до нив), се со човечки изглед, како течела нивната еволуција и развиток, и што ги донело до таа стапка и физиологија, да бидат до олку слични со нас. Ние сме делум (или целосно) вештачки производ (според мене). Они да речеме имале целосно природна еволуција - како дошле до степен скоро идентичен ко нашиот? :)
А од кај ти знаеш како изгледаат боговите (вонземјаните), каде ги имаш видено?
 
А од кај ти знаеш како изгледаат боговите (вонземјаните), каде ги имаш видено?

Па ги немам, ама други ги имаат видено :). Има пишани документи и репортажа од антика до денес. Само терминологијата е сменета. Тогаш биле "богови", потоа "чудни луѓе", и денес вонземјани.
 
Па ги немам, ама други ги имаат видено :). Има пишани документи и репортажа од антика до денес. Само терминологијата е сменета. Тогаш биле "богови", потоа "чудни луѓе", и денес вонземјани.
Кој знае и тие што виделе, а и спрема исказите на тие што ѓомити виделе баш не изгледаат ко „човециве“ денешни (освен што се на две нозе).
 
Јас никако не можам да стават знак за еднакво помеѓу богот и вонземјаните,од причина што ако поставиме логика дека тие не направиле нас,се наметнува филозофско прашање кој ги направил нив,и кој ги направил тие што ги направиле вонземјаните итн итн...плус да не споменувам дека нема никакви солидни докази дека тие "горе" имаат доброчинителски однос према нас луѓето,а луѓето во "примитивна фаза" знаеме какви глупости може да измисли и да верува до смрт за нив,впрочем и по три децении на послободно информатичка доба знам луѓе што веруваат и обожуваат еден смртник наречен Тито само затоа што им дал солидна социјала,можам да замислам каква слика и нагон за обожување му се створил на примитивец со копје кога видел вселенски брод како му се спушта и му излегуваат створови со софистицирано одело и оружје...
--- надополнето: 14 август 2012 во 21:36 ---
Кој знае и тие што виделе, а и спрема исказите на тие што ѓомити виделе баш не изгледаат ко „човециве“ денешни (освен што се на две нозе).

Повеќе личат како роднини на Кермит ...
 
Па ги немам, ама други ги имаат видено :). Има пишани документи и репортажа од антика до денес. Само терминологијата е сменета. Тогаш биле "богови", потоа "чудни луѓе", и денес вонземјани.
Има репортажи и пишани документи и за друг вид на луѓе, така-наречени "глупи луѓе" и тоа од гилгамеш па до денес. И сите од овие верувале во "богови", "чудни луѓе" или "вонземјани", зависно од периодот во кој живееле.
 
Кој знае и тие што виделе, а и спрема исказите на тие што ѓомити виделе баш не изгледаат ко „човециве“ денешни (освен што се на две нозе).

А стереотипниот Nordic-looking вонземјанин од каде е произлезен? :)
--- надополнето: 14 август 2012 во 21:47 ---
Има репортажи и пишани документи и за друг вид на луѓе, така-наречени "глупи луѓе" и тоа од гилгамеш па до денес. И сите од овие верувале во "богови", "чудни луѓе" или "вонземјани", зависно од периодот во кој живееле.

Ако не можеш да го побиеш - наречи го глупо :rolleyes:.

Уште го чекам твојот докторат по еволутивна биологија на тема "Причините за појава на бипедализам и хуманоидност кај праисториските предци на Човекот" (y)
 
Уште го чекам твојот докторат по еволутивна биологија на тема "Причините за појава на бипедализам и хуманоидност кај праисториските предци на Човекот" (y)
Ќе се изначекаш. Овој докрторат не може да оди на еволутивна биологија туку во филозофија, и тоа под насловот "како платоновата пештера му паднала на платон на глава--хуманоидност кај хуманоиди"
 
Ќе се изначекаш. Овој докрторат не може да оди на еволутивна биологија туку во филозофија, и тоа под насловот "како платоновата пештера му паднала на платон на глава--хуманоидност кај хуманоиди"

Што ти е сега Платон виновен за Боговите вонземјани? Мислам, виновен е за многу работи, за пештерата, за идеите кои постојат независно, за такви чуда, но за вонземјаните мора да биде апсловиран од вината...

:)
 
Ќе се изначекаш. Овој докрторат не може да оди на еволутивна биологија туку во филозофија, и тоа под насловот "како платоновата пештера му паднала на платон на глава--хуманоидност кај хуманоиди"

За филозофија, веќе сите медали и награди ќе ги собереше, ја легитимно ти барам на друга тема да не просветлиш. Имаш право, ќе се изначекам, не верував и така и така дека имаш што да додадеш таму :).
 
Ќе се изначекаш. Овој докрторат не може да оди на еволутивна биологија туку во филозофија, и тоа под насловот "како платоновата пештера му паднала на платон на глава--хуманоидност кај хуманоиди"
Има сличен докторат одбранет во Мала Речица кој го третира истиот проблем. Насловот е „Како подрумот му паднал на глава на Арбен Џафери -- хуманоидност кај хемороиди“
 
Што ти е сега Платон виновен за Боговите вонземјани? Мислам, виновен е за многу работи, за пештерата, за идеите кои постојат независно, за такви чуда, но за вонземјаните мора да биде апсловиран од вината...

:)
Никако, ја Платон многу го поштувам само со ваквата дисертација ќе мора тука на лице место да го усмртам. Да најдам како хуманоидност се појавила кај хоминиди значи дека уште пред да се појават хоминидите била дефинирана хуманоидноста која во стварност тие ја дефинирале. Затоа подобро да почнам со полесни теми како двете што ги спомнав погоре "потеклото на аглите во триаголникот и облините кај кругот"
 
Не една ..... (ама ај да не ја отварам таа конзерва....)

Зошто не јас ќе те прашам?

Со денешна технологија, др. Craig Venter во 2010 го создаде првиот синтетички произведен организам во лабораториски услови. За нашата стапка на развој, тоа е возможно. Секлузивно местенце, лабораторија, инструментчиња, тоа.

За некоја цивилизација која ги совладала далечините помеѓу ѕвездите ама ич не ми е невозможно да поседува доволно развиена технологија да може создаде вештачки цела биосфера како некој лабораториски експеримент, на територија на цела планета како petri dish.

Да бидеме јасни - не се разјаснети големите изумирања на планетава, по кои најчесто следувало експлозија на разни форми на живот (кои не фаќаат само веќе воспоставени нишки во биосферата, туку цела серија нови - последново, е тоа за кое научниците се уште чешаат глави). Голем број од изумирањата не се ни по редовни интервали, па де речеме некој надворешен ефект е задолжен за тоа.

Уште не е јасна појавата на хуманоидност кај човекот. Летаат само теории кои се помалку подржани од самата теорија на еволуција. За типот на нишка која ние сме ја опфатиле, не било потребно да се создаде таков облик. Особено бипедалноста! Батали хуманоидност.

На National Geographic се обидоа преку еден добар документарец кој, признавам, располагаше со добри факти, да најдат одговор на оваа мистерија, на на крајот пак завршија со слаба теорија, немаше конкретен заклучок. А на научници им треба конкретен заклучок, за да премине нешто од теорија во факт.

Навистина не гледам зошто, како во минатото, така и денес, тие луѓе кои ги виделе "боговите" (во минатото, а вонземјани денес) ги опишуваат доста слични на нас, по изглед. Ако имале бујна фантазија, ваљда сите богови ќе беа со нечовечки атрибути, ама сепак, секој пат на тоа се навраќаме. Зошто некој освен боговите, и тврдењата за вонземјани ги опишува со лик како луѓе? Има доволно бујна фантазија да го замисли нивниот вселенски брод и целата приказна од нивното слетувње до заминувањето, ама не можеле да се потрудат за ликот да измислат нешто? МА ДАЈ ...

Исто, вакви репортажи се глобални. Од Америка, до Русија, до златна Африка. Ваљда сите не страдаме од идентична фатаморгана.

Не би сакал да навлегувам во детали. Доволно имам проучувано шпекулативна еволуција, и егзобиологија да знам кој е ставот на научниот колегиум глобално за теоретскиот изглед на вонземјаните, каков би бил, доколку би не посетиле итн. Не го негирам тоа, но не сакам да го негирам ни ова, кое би требало да биде поалармирачки, бидејќи веќе се случува.

Ако боговите од антиката се вонземјани, тогаш вистина е дека бог(овите) го направиле човекот според својот лик :).

Прашањето станува интересно кога ќе го свртиме во нивна страна - како они настанале, да бидат толку слични на нас? :)
Негде имаш поента, негде уопште. :) а и најверојатно не си го прочитал мојот следен пост (по цитираниот).
Јас не исклучив можност за можноста ние да сме настанале од вонземјани, само кажав дека шансите да е тоа така се најверојатно 1 спрема сите идеи за како сме настанале (само јас ги имам илјадници). Поентата ми беше дека не треба да се занимаваме со просто нагаѓање - низ текот на нашето постоење „научно“ докажани теории биле побивани а не пак нешто за кое никој од нас нема појма ниту некогаш ќе има. Јас сеуште стојам на ставот: ние сме бактерии, вирус, и вистината на нас ни е блиска колку што е се блиску бактериите да дознаат дека живеат во лабараторија каде што ги хранат за експерименти, а не во перфектен свет. Знаење најверојатно никогаш нема да има, а и да се дојде до него ќе биде нешто за кое не можеме ни да претпоставиме.
 
Тоа не значи дека треба да баталиме дискусија :). Ќе оставиме простор за зклучок кога ќе дојде време за тоа, и кога соодветни луѓе ќе го донесат тој заклучок (и успеат преку факти да не убедат - факти кои сега ги нема многу, а и ги снемува полека, како повеќе се истражува оваа тематика).

Сега, каде е тоа каде немам уопште поента? ;)
 
Па ги немам, ама други ги имаат видено :). Има пишани документи и репортажа од антика до денес. Само терминологијата е сменета. Тогаш биле "богови", потоа "чудни луѓе", и денес вонземјани.
точно
може да ја прочитате `досиеата на ФБИ` и многу работи ке се разјаснат
 
Денес завидов еден член како пишува оти вонземјаните ни биле Богови. Па би го замолила тука да пишува,а не во подфорум Мистерии. Да видам зошто мисли дека вонземјаните ни се Богови. Баш интересно од негова страна зошто да мисли така. Па еве и и другите да ги слушнам да видам што мислат за тоа.
Јас мислам дека не е можно тоа и дека Бог не створува Богови како што знаеме сите вонземјаните се мноштво (како што ги замислуваме), но ајде да видиме другите што викаат.

Клипчево ќе ти расјасни некои работи

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom