Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
26 јуни 2012
Мислења
58
Поени од реакции
11
По исфорсирани се тие мотори и повеќе дефекти јавуваат. Јас кога би бил на твое место би одел со 110 коњски мотор. Задоволителни перформанси, голема издржливост, мала потрошувачка.
Абе се експерти, ако тие инжењерите во VW не знајат што прават сигурно ти јас и уште некои квази мајстори од Македонија ја разбираме повеке.Спорен мене секој мотор од VW и слични брендови ти се добри, проблемот е во нас како одржувањето, ставање нафта/бензин, возење и други работи!
 
B_O_K_I

RACING maniac
Член од
30 април 2008
Мислења
1.931
Поени од реакции
725
Абе се експерти, ако тие инжењерите во VW не знајат што прават сигурно ти јас и уште некои квази мајстори од Македонија ја разбираме повеке.Спорен мене секој мотор од VW и слични брендови ти се добри, проблемот е во нас како одржувањето, ставање нафта/бензин, возење и други работи!
А бе инжињер не праам муабет од жими мајка!! Праам муабет зошто сум имал искуство доста со овие коли и знам што може да се деси со овој мотор. Ја нигде не реков дека е лош моторот туку реков за разлика од 90 и 110 коњскиот читај малце пред да реплицираш!
 
mandak

матапрчо
Член од
26 март 2009
Мислења
799
Поени од реакции
525
Ами да прашам масло за серво атф има врска или можи било кое да се стави викаат универзално било немало врска ....
 
Член од
8 август 2012
Мислења
108
Поени од реакции
23
Ќе ве молам,ако може една информација....Моментално се наоѓам во Словенија и сакам да си земам некое количе од тука.Планирам Матиз,Спарк,голф 3,Поло или некоја Кордоба...

Веќе си имам возило во Скопје,па ова што евентулано би го земал би било како второ возило.Значи не го зимам за препродавање и такви работи.Ќе си го користам за свои потреби.Е сега дали може некој да ми каже точно што е потребно за да се направи на мак.документи.

Значи би ги замолил тие што работат со коли или веќе имале искуство да ми кажат што точно треба да се прави и да се плаќа и колку пари ќе ме фати одприлика за до мк таблици.

Значи ќе ми требаат сите процедури како одат и точни или прилични цени

Имам слушано дека ќе треба тув,хомологација,царина па регистрација и таблици.Тоа е што она јас знам.Има ли уште некоја давачка и се разбира која цена одат поединечно...

Значи:

цена за тув???
Цена за хомологација???
Цена за царина????
Цена севкупно???

Исто така ме интересира дали е поисплатливо да се земе поевтина кола на пример како матиз и спарк или подобро е поло или кордоба???

Матизите ги гледав баш денес на плац и се движат од 600 до 750 евра некаде.Колку би фатил да се направи на Мк таблици да речеме еден матиз?

Утре планирам да одам и да видам и еден голф 3 дизел.Не ми прави мерак толку бидејќи се стари,ама имаше алуминиумски бандажи и многу убава боја па затоа ми фати око.На стаклото пишуваше дека е 1.9 тди. 97 година

Колку би ме коштал тој за до мк Таблици??
Доколку некој би му било незгодно да одговори тука може да ми пише и пп.Следува частка кога ќе дојдам во Скопје.....
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Ве молам за мала помош и консултација околу увезено странско возило.

Пред неколку дена, пријател од Италија ми донесе неговото возило и ми го остави поклон. Ги пројдовме сите административни работи - царина, хомологација, прв технички, порачавме ТУФ, и дојде моментот да ги вратам таблиците во Италија, за одјава. Ме интересира, како може да се пренесат таблиците до таму? Прашав во пошта, имале забрана за тоа. Пријателот патуваше назад со авион и не било дозволено да се качуваат таблици во авион. Сега, возилото ми лежи дома, а сопственикот чека на таблиците.

Молам, ако некој знае, нека помогне.

Однапред фала.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031

Јас ги пратив по пошта најнормално. Дури имаше 10-тина луѓе кои чекаа ред да ги испратат. Во царинска служба тоа се прави. Таблите треба да се испратат во полиција во Италија можеби за тоа не ти дозволуваат кај приватно лице да ги испратиш.
 
А како ќе ги добие пријателот? Или инаку иде процедурата...
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
А како ќе ги добие пријателот? Или инаку иде процедурата...
Зошто му се на пријателот таблиците ако ја одјавуваш колата? Он да ги закачи на друга кола? Затоа директно идат во полиција на Италија.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Зошто му се на пријателот таблиците ако ја одјавуваш колата? Он да ги закачи на друга кола? Затоа директно идат во полиција на Италија.
Аха. Што документи треба да однесам во пошта? Ги враќаат тие потребните документи назад?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Аха. Што документи треба да однесам во пошта? Ги враќаат тие потребните документи назад?
Оргиналната сообраќајна, таблиците и твоја лична карта за идентификација. Се испраќаат препорачано и наведуваш што има во пакетот. Потврадата ќе ти послужи како документ дека е одјавена колата и можеш да вадиш македонски таблици.
Пред да ги испратиш треба фотокопија да направиш од сообраќајната за ти биде преведена од овластен преведувач.
За да ја почнеш постапката треба да се обратиш во некоја шпедиција, таму се ќе ти објаснат.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Оргиналната сообраќајна, таблиците и твоја лична карта за идентификација. Се испраќаат препорачано и наведуваш што има во пакетот. Потврадата ќе ти послужи како документ дека е одјавена колата и можеш да вадиш македонски таблици.
Пред да ги испратиш треба фотокопија да направиш од сообраќајната за ти биде преведена од овластен преведувач.
За да ја почнеш постапката треба да се обратиш во некоја шпедиција, таму се ќе ти објаснат.
Ух, На шпедиција ми кажаа дека не примале во МВР такви потврди веќе. Зависи каде и кој ќе ги примел документите. Компликации... Дали може јас лично да ги однесам до Италија?
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Ух, На шпедиција ми кажаа дека не примале во МВР такви потврди веќе. Зависи каде и кој ќе ги примел документите. Компликации... Дали може јас лично да ги однесам до Италија?
Отиди во било кој технички преглед во оделот кај МВР каде што издаваат нови табли и ќе ти кажат. Пред 20 дена ги испратив таблите. Не верувам дека нешто се променило. Мораш исто да имаш договор за купопродажба / поклон за колата инаку ги немаш сите документи.
--- надополнето: 15 август 2012 во 21:42 ---
Таму и ќе ти ја дадат адресата каде треба и да ги пратиш сега ми текна.
 
Член од
24 декември 2008
Мислења
10
Поени од реакции
0
Отиди во било кој технички преглед во оделот кај МВР каде што издаваат нови табли и ќе ти кажат. Пред 20 дена ги испратив таблите. Не верувам дека нешто се променило. Мораш исто да имаш договор за купопродажба / поклон за колата инаку ги немаш сите документи.
--- надополнето: 15 август 2012 во 21:42 ---
Таму и ќе ти ја дадат адресата каде треба и да ги пратиш сега ми текна.
Ок. Фала многу, ќе се обидам.
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.006
Ве молам за мала помош и консултација околу увезено странско возило.

Пред неколку дена, пријател од Италија ми донесе неговото возило и ми го остави поклон. Ги пројдовме сите административни работи - царина, хомологација, прв технички, порачавме ТУФ, и дојде моментот да ги вратам таблиците во Италија, за одјава. Ме интересира, како може да се пренесат таблиците до таму? Прашав во пошта, имале забрана за тоа. Пријателот патуваше назад со авион и не било дозволено да се качуваат таблици во авион. Сега, возилото ми лежи дома, а сопственикот чека на таблиците.

Молам, ако некој знае, нека помогне.

Однапред фала.
Требало тој што ти ја оставил колата да ти ги земе таблиците и да ги одјави во Италија.Откако ќе ги одјави треба да ти прати оригинал или копија од одјавата.Копијата треба да биде заверена дека е верна со оригиналот ако копијата е направена овде.Ако е во Италија направена копијата овде ќе ти треба судски превод.Без овој документ нема да ти дадат табилци и сообраќајна
Таблиците можеш да ги испратиш по пошта,документите за одјава може да ти ги прати по маил
 
Kajgana Shop

На врв Bottom