Струмица опен фестивал

  • Креатор на темата Креатор на темата dzonyb
  • Време на започнување Време на започнување
Off topic
Мене ми е многу чудно кога Нокаут ги сметаат за група?! Па освен Франц, другите не знаат да сират ни да пеат?!
Кои песни ги има Нокаут? Најгоелм дел се препеани хитови!

Зошто не ги донесат Архангел? Или Бени Нон-стоп? !!
Врв на сето тоа ќе биде гостувањето на Цеца! Наговори шума вука...
Вчера баш правевме нешто муабет кои се ОК музички групи во МК и која би сакале да ја слушаат/видат луѓето и заклучот беше - Нокаут. ЈБГ тоа е сеа во мода.
 
Знам дека јас сум старомодната, само и ретрото има шмек :)
 
Па и Бени Нон Стоп стана веќе досаден. Таа па таа. Нема бе, никаква креативност, никаква желба за нешто ново да се нема. Во Велес после Easter Festival апсолутно ништо се нема случено, свират оние тезгарските бендови од градов во 2-3 кафича и се истиот репертоар, да му се присере на човек. Треба да почне рајата да не оди на такви концерти, треба да бојкотира, за да им светне во главата на нашиве wannabe естрадни уметници дека неможе бре да се шлепаат на стара слава. Помина времето на "Временска машина", цела деценија и кусур помина од тогаш, не ми е јасно како може рајата да се пали на Нокаут уште. Исто така треба да се бојкотираат и Србскине бендови и пејачи што доаѓаат да печалат тука. Здравко Чолич треба веќе да замине во историјата, а не да доаѓа овде да се полни пари во годината по 2-3 пати. Стварно многу ме интересира дали одат и по останатите Ју земји да си прават турнеи и концерти, не само Здравко Чолич, туку и Бело Дугме, Дивље Јагоде, Рибља Чорба, Прљаво казалиште итн.
 
:cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc::cuc:
 
Де кои се квалитетниве од тие што ќе присуствуваат? Многу ме интересира.
Да не мислиш на Нокаут, со песнава
Уште модата кога ќе ја видиш во спотот јасно е колку е саатот. Значи стварно немам против да прават концерти, да си имаат турнеи и да заработуваат пари, ама да покажат нов материјал на виделина, а не да се шлепаат со овие песни од 96та година. Овие песни беа хит кога имав помалку од 10 години, а сега имам 22. Макар и Архангел да почнат да прават концерти секоја недела во различен град, покрај тоа што ги обожавам откако знам за себе, ќе јадам гомна, затоа што ќе станат на исто рамниште со печалбарине од Србија што доаѓаат тука. Неможе бре да правиш турнеи без нов материјал. Какви музичари се овие? Овие за музичари ги сматраш? Треба народот да почне да ги бојкотира за да им стане јасно колку се тиње, колку се некреативни и досадни. Ова е исто ко Бекстрит Бојс сега да се вратат на сцена без ниедна нова песна и да си прават турнеи. Значи бедно е и се знае колку е саатот. Јас па незнам како не им е срам.
Стварно имав потреба да се исплукам некаде.

Мислев на Цеца , Харис и Прљаво казалиште ....;)
 
625560_3692651193850_99110316_n.jpg
 
Коментар од една новинарка „Струмица гори, Цеца ја гаси“ :pos:
 
Гледам никој не ги спомнува Прљаво Казалиште сакате да кажате оти и они се како Цеца и Харис
Џинович,и единственото добро на тај концерт се Нокаут и Суперхикс :confused:
 
Абе.. гола вода.

Иначе ќе одам на Дани (guilty pleasure) и Friends & остали локални бендчиња што ќе добијат ваква поголема шанса.
 
Во Македонија музичката естрада воопшто се нема сменето веќе со децении. Како што гледам дека и повеќето сте пишувале, постојано истите фаци и репертоар се повторуваат. За другите градови нема да зборам, ќе зборам за Струмица. Незнам колку години веќе наназад во Барот Платинум во Струмица секој втор викенд свираат Панки и Рашо, бев 2-3 пати на нив и едноставно ми умреа влакната од мизерност и досада. Истите песни секој пат, истата атмосфера, ништо ново. А кога не пејат Панки и Рашо тогаш тука се Српските "естрадни уметници", кои додуша никогаш не ја загубија славата во Македонија. Години наназад се сеќавам уште кога почнав да излегувам по кафичи и дискотеки дека стално има Српска музика каде и да влезеш. Како да живееш во Србија а не во Македонија. Народов се пали на Српски песни и турбо фолк како некои кастрирани кучиња, човек да си помисли дека освен турбо фолк друго ништо во животот немаат слушнато. А по другиве кафичи гледам во последниве 2-3 години почнаа и бугаркиве да стануваат популарни, полнат локали како луди. Стварно незнам што му е на овој народ што вака се однесува. А и на 18 Август кога ќе пее Цеца во Струмица на опен фестивалот гарантирам дека ќе има илјадници луѓе кои ќе се палат на Цеца, ама тоа е....
 
Јас не сум стапнал во Платинум, така да не знам ни кој пееле, ниту пак како изглед местово (океј од слики од прилика знам :icon_lol:). Инаку сељачана ќе има многу, во вистинска смисла на зборот, само се надевам дека нема да го упропастат првиот ден.
 
А сите се буните зошто Цеца, а таа Цеца на два пати под ред ја наполни салата Борис Трајковски, пред 5-6 години го наполни и тогашниот градски... Народот ако не ја слуша нема да ги полни салите на нејзините концерти. Па остај тоа и како што гледам и тие што пишуваат Зошто турбофолкери, истите знаат по најмалку 5-6 песни од турбофолкерите.
Колку и да ви е криво јасно е дека нашиот народ го сака тој вид на музика, на сите ви е јасно дека без тој тип на музика во Македонија нема забава и на сите ви е јасно дека нема нова година, а сите (ајде ако не сите 90%) лудувате и ја дочекувате токму на песните на Цеца, Харис Џинович и остала багра. Тоа е суровата реалност...
А за фестивалот идејата е добра, но мое мислење е дека не треба да се копира од град до град. Струмица е позната по карневалот, Прилеп по пиво фест и така натаму. А сега што се случува Струмица си прави сопствен пиво фест или Опен Фест, Прилеп си прави сопствен карневал, Кавадарци си направи карневал на виното, Скопје карневал за 1 Април и така натаму... Копи Пејст од град до град
 
Здравко Чолич треба веќе да замине во историјата, а не да доаѓа овде да се полни пари во годината по 2-3 пати....

Незнајш колку малце имаше на Здравко во Охрид на први Август ко беше, не успеа ни малце да го наполнит стадиончено наше, па после 12 сатот ги отвориле вратите и пуштале без карта.
Се опамети народов малце:icon_mrgr:
 
А сите се буните зошто Цеца, а таа Цеца на два пати под ред ја наполни салата Борис Трајковски, пред 5-6 години го наполни и тогашниот градски... Народот ако не ја слуша нема да ги полни салите на нејзините концерти. Па остај тоа и како што гледам и тие што пишуваат Зошто турбофолкери, истите знаат по најмалку 5-6 песни од турбофолкерите.
Колку и да ви е криво јасно е дека нашиот народ го сака тој вид на музика, на сите ви е јасно дека без тој тип на музика во Македонија нема забава и на сите ви е јасно дека нема нова година, а сите (ајде ако не сите 90%) лудувате и ја дочекувате токму на песните на Цеца, Харис Џинович и остала багра. Тоа е суровата реалност...
А за фестивалот идејата е добра, но мое мислење е дека не треба да се копира од град до град. Струмица е позната по карневалот, Прилеп по пиво фест и така натаму. А сега што се случува Струмица си прави сопствен пиво фест или Опен Фест, Прилеп си прави сопствен карневал, Кавадарци си направи карневал на виното, Скопје карневал за 1 Април и така натаму... Копи Пејст од град до град

Види, јас лично можам да ти гарантирам дека никогаш во животот не сум бил на концерт на некоја турбо фолк ѕвезда. Сум бил на Гоце Арнаудов двапати во животот да го слушам како пее во живо но не на концерт, ама Гоце не е турбо фолкер тој е народњак, и плус тоа има прекрасни песни за да седнеш во кафана или било каде и да ти направи страшно добра атмосфера со негови и останати Македонски песни. Никогаш на жива свирка не сум го слушнал да пее некоја српска песна. Ако некој некогаш имал можност да го слушне Гоце во живо заедно со неговиот брат знае за што зборам.

Што се однесува до Нова Година и останати манифестации, менталитетот на народот е таков па мора и тие што не обожаваат таква музика од време на време да ја слушаат. Неможе на пример ако си во кафич или било каде на друго место за Нова Година и сите бараат турбо фолк ти да бидеш единствен од сите таму и да викаш дека сакаш рок или нешто друго. Значи слушаат сите ќе слушаш и ти, не затоа што сакаш туку затоа што немаш друг избор.

Низ градовиве што се измислуваат разни манифестации тоа е само затоа што знаат дека од такви настани општината може да собере добри пари а и плус ќе живне и атмосферата малку.

Ситуацијата во Македонија и таа, без разлика дали на некој му се допаѓа или не...
 
TКА БЕ ИЉЕ!

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom