Ставив 6, затоа што буквално шест пати се акнав по чело од муабетиве.
Лично за мене, нали... автомобилот е превозно средство и само превозно средство. Да, најмногу сакам да си купам BMW, затоа што не сум видела посекси количе од z3-4. Покрај тоа, секако ми е важно да има добро озвучење, затоа што сакам гласна музика уз кулирачка вожња. Но, ниту на крај памет не ми е важно што возат другите. Тоа јас сакам да си го имам. Што има тој што ми се пушта или што е со мене, ама ич не ми е пресудно. Пожелно е да има било што, за да си шеткаме, но и да нема, јас имам, па не е страшно. Дури и повеќе предност им давам на мажите што возат пообични коли. Барем знам до некаде дека има повеќе шанси да се нормални и во нив да го најдам тоа што ми треба. Значи во нив, не надвор околу нив.
Marlboro-то некако ми се јаки и ништо поубави од целиот огромен асортиман на цигари. Жолти алкохоли не поднесувам органски. А за тие околу мене, дали конзумираат нешто од овие пороци и во какви кутии и имиња, уште поневажно ми е. Предност кај мене и тука имаат помалку занесените, што пушат и пијат тоа што сакаат, а не тоа што мислат дека сакаат да го видат жените до нив.
Иначе, јас паѓам на мирни и понезабележителни појави, а не сум ружна, сум имала врски и сакам убави мажи, нормално.
Не сакам препичаени фраери што мислат дека можат да ги имаат сите девојки, па не знаат два реда муабет да сврзат, освен на најпрост начин да побараат секс или било какво слично задоволство за нивни очи и душа.
Друго... абе машко, што се за тебе морални вредности и од кога се делат на морални вредности за машко и женско? Жити мене објасни ми!
За претпоследното си во право. Кога конечно се свестив која сум, каква сум и колку вредам - останав без дечко. Но погоди зошто? Не затоа што сменав 50 машки барајќи спонзор, туку затоа што сменав помалку, барајќи нормален и прав човек за мене. Да ти доодговорам или ме разбра?
И за тоа последното... хех. Знаеш за мене што се мачомените кои смениле 50 калаштури? Сељаци без грам мозок, кои некогаш во основно, можеби обратно ја разбрале онаа "квалитет пред квантитет". Значи, о ти морален мажу, кажи ми ја користта од сменети 50 девојки, искуството и моралот во сето тоа.
Ма јас ја разбирам сечива огорченост, како од мажите така и од жените. Знам многу убаво дека е дојдено едно хаотично и бесчуствително време, сведено на само две потреби кај повеќето (секс и пари), но немојте да плукате по другиот род, бранејќи го својот како да е златен. Секогаш, кај сите и во се` има исклучоци, што прави ваквите муабети да се крајно вулгарни и одвратни. Секако, ти демек не генерализираше, но тоа е така, иако се потруди да го скриеш. А таквото мислење уникату еден, не ќе те протурка далеку.
За крај... да одговорев и на темава ако не па. Значи според мене не е пресуден полот за побрзо наоѓање или фаќање партнер. За жал, прва пресудна работа е физичкиот изглед, потоа се` друго што личноста поседува во себе, а може и знае да го искористи за да ја освои личноста што ја посакува. И така...