Dark King Rises: Real Oviedo

  • Креатор на темата Креатор на темата Zaphod Beeblebrox
  • Време на започнување Време на започнување

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.234
Локација
Скопје
Real-Oviedo@2.-old-logo.png

Real Oviedo, S.A.D.​
​
​
Паднатиот прволигаш од северот на Шпанија беше мојот избор за подем. Се наоѓаше во натпреварување од третото скалило по ранг во Шпанија а се наоѓал во врвот во Шпанија, иако сепак, без ниту една титула од Ла Лига. Во историјата на клубот се наоѓале играчи како Просинечки, Лакатуш, Арагонес, Онопко, Пауло Бенто па и стрелецот на првиот гол на Македонија, Митко Стојковски. Во клубот, пред да го презвезам, се наоѓаа играчи како Pelayo, Aitor Sanz и брилијантниот стрелец Manu Busto и тие играчи беа сосема солидни дури и за Ла Лига.​
​
​
​
​
Сезона 1: 2011/12​
​
Тимот...пааа, не беше баш најсјајен кога го земав. А и немав некој сјајен буџет па затоа направив неколку промени во тимот.​
​
2BUfj.png
​
Со тактиката 4-1-2-3 и Напад константно, направив голем успех само во првата сезона. Тотална доминација. Титула во 3та лига и пласман во 2рата.​
​
GDqMB.png
​
Ману Бусто даде 30 гола на 41 натпревар и убедливо ми беше најдобар играч таа сезона.​
Во Купот, стигнав до 3то коло и Валенсија ме декласираше.​
​
​
​
​
Втора сезона: 2012/13​
​
Е сега во оваа сезона, имав простор за трансфери. Многу играчи го напуштија клубот и според тоа што имам сосема голем стадион (30 000 седишта) направив плус во финансиите минатата сезона па можев да земам играчи кои земаат поголеми плати од тие што ги имав во клубот пред тоа. И тоа донесе многу нови играчи.​
​
NMUEM.png
​
Во оваа сезона, во тимот доаѓа голманот кој од одбиен од Албасете, ќе стане еден од најдобрите 3 голмани во Ла Лига - Навас, и воедно капитен на Овиедо во следните сезони.​
​
Моите очекувања за оваа сезона беа - средина на табела, можеби блиску до плеј-оф за пласман во Ла Лига, но неочекувано - титула! И тоа повторно без пораз.​
​
hgU1s.png
​
Тимот што го собрав оваа сезона, не беше за средина на 2ра лига, како што очекував, туку за многу повеќе. Тоа го донесе и ова!​
​
w14WL.png
​
Во купот, доста лесни противници, голови во последните минути, киксови на гигантите и стигнав во финале! Барселона очекувано и со втор тим ме прегази но успеав со второлигашки клуб да се пласирам во Европа!​
Во оваа сезона повторно Ману Бусто беше најдобар поединец во тимот, со 20 гола во 40 натпревари.​
​
​
Следна сезона, по долго време, Реал Овиедо е во прва лига. Дали е подготвен клубот за уште едно изненадување или подемот тука ќе закочи? Само во следната епизо...следниот пост....​
​
Продолжува...​
​
​
​
 
Продолжение...

Трета сезона: 2013/14​
Повторно голем буџет неискористен и повторно голема задача. Како да изградам клуб за опстанок во Ла лига. Повторно голем број на играчи во и надвор од тимот.​
imhMx.png
Во оваа сезона во тимот доаѓаат 2ца играчи кои прават огромен бум во тимот. Алберто Буено и Круно Иванчиќ, кои заедно со Бусто во нападот, го донесоа големиот успех повторно на Р. Овиедо, овој пат, 4то место во Ла Лига, во првата сезона во овој ранг на натпреварување. Тука е и десниот бек Корзо :)pos:), кој ќе стане стандарден десен бек во тимот.​
2p2gn.png
Но Реал Овиедо игра и во Европа. По квалификациите, ја поминав и групата и стигнав до осминафиналето каде што бев отфрлен од Бенфика, нешто што беше повеќе од што очекував, со оглед на тимот кој го имав.​
qrfvF.png

Во купот на Шпанија, стигнав до четвртфинале и бев исфрлен од Атлетик Билбао и тоа сосема заслужено.

Први стрелци во тимот беа ветеранот Бусто и Буено а помладиот се покажува како сосема одлична замена како прв напаѓач во тимот.

Следна сезона, квалификации за ЛШ, само по 1 сезона во Ла Лига. Дали е тука крајот на подемот на Р. Овиедо?




Четврта сезона: 2014/15​
Летото донесе повторно голем број на трансфери, ме очекуваше битка на 2 големи фронта а амбициите на бордот беа барем борба за титула, нешто што го ветив, без да размислам повеќе.​
f2MfG.png
Во тимот дојдоа многу играчи а многу го напуштија. Најзначајни трансфери во оваа сезона се - Нене и Андерсон, млади крилни дефанзивци од Бразил, кои имаат светски потенцијал. Како позајмица доаѓа и Нангис. Потоа тука се играчите од средина Recio и Riveola, кој имаат потенцијал и ќе станат подоцна во тимот стандардни во средината. Тука е и младиот голман Yeray, кој е исто потенцијал. И секако Arribas, кој е сосема солиден во одбраната.​
Сезона на успеси! Прва титула во Ла Лига, само во втората сезона!​
maTwy.png
Титулата беше едвај освоено, со само 1 бод предност пред Реал и Барса. Титулата ја освоив буквално во последните 5 кола, кога по неколку киксеви на Ел Класичниве, успеав да ги поминам.​
Но, ова беше сезона и на други успеси. Во ЛШ, стигнав до полуфинале, каде што бев за малку до пласман за финале!​
2krVb.png
Во купот стигнав до финале но бев поразен високо од Реал Мадрид.​
PVsoz.png
Сезона, најдобри играчи беше убедливо Алберто Буено, со само 14 гола но и со 17 асистенции, по што следуваше повик во репрезентацијата на Шпанија.​
Сезона нумеро 5: 2015/16​
По титулата во Ла Лига, следуваше уште поуспешна сезона! Триплете! Титули во Ла Лига, Шпанскиот куп и Лига на Шампиони!​
Трансферите беа не беа во огромен број оваа сезона, како што беа другите но донесоа играчи кои ќе станат клучни за успехот.​
LH3MT.png
Големиот Xavi - потпиша за Реал Овиедо. :D​
Покрај искусниот Чави, голем дел од буџетот отиде и за Виктор Руиз, кој се покажа како најдобар дефанзивец во Шпанската репрезентација а исто така и ја продолжив позајмицата на Нангис!​
Титулата во Шпанија беше освоена убедливо, со само 1 пораз!​
jWm95.png
Лигата на Шампиони, беше полесно од што очекував, патот беше лесен, освен полуфиналето со Милан а другите екипи не ни беа ни блиску до тоа да ме победат.​
HzZca.png
Во купот на Шпанија, повторно титула, овој пат со финале со Атлетик Билбао, кои беа прегазени со 6:0, една од најголемите победи на клубот.​
Со ова заврши најтрофејната сезона на Реал Овиедо во историјата а воедно и стигна успехот за кој ја почнав играта со нив - титули во сите натпреварувања.​
Еве ги и најдобрите 11, според играта, кои заиграле во клубот, дур бев јас на кормилото.​
Продолжувам и во следната сезона, направив неколку трансфери и очекував повторно успеси. А за тоа...некогаш подоцна. :D​

--- надополнето: 23 јули 2012 во 20:24 ---
Колкупати удри рестарт? :unsure:

Шефе, играм од Championship Manager 2002 па и после Football Manager 2005, сите цаки веќе на играва ги знам, затоа и играм со вакви екипи, кои ми прават некој предизвик. Тактиката ја знаете сите - повеќе од успешна е и сите играчи низ интернетов ја фалат како најдобра па затоа и јас ја користам. Голови од корнери вриеше, добри голмани и дефанзивци, повеќе добри млади играчи кои ги заменуваа играчите во првиот тим кога беа повредени, веќе изграден стадион и добри услови за тренинг па буџетот можев за трансфер на сјајни млади играчи да го трошам и ете успех.
 
Дај скриншот од Круно, да видам како се развива кај тебе.

И не одговарај на овие провокатори;)
 
Дај скриншот од Круно, да видам како се развива кај тебе.

И не одговарај на овие провокатори;)

17A7o.png


Нема сјајни бројки али види му бројки од пријателските натпревари и ќе ти биде јасно. :D
 
Колкупати удри рестарт? :unsure:

Не е тешка играва да прогресираш низ лигите ако си ја играл уште од самиот почеток. Тешка е само првата сезона, после кога ќе склопиш тактика ко подмачкано иде.
 

Талевски некако очајно се разви овој пат. На други сејфки станува солиден играч, најчесто игра во Леверкузен, Волфзбург и други поквалитетни германски екипи и тоа во прв тим. Тука, кај мене - си киксна...
 
Гледам го имаш Марти Риверола купено, цело време го меркам да го земам да го развивам, интересно ми е името :D. Добро ли се развива кај тебе и дај да видам слика од атрибутите ако може.
 
Некако ми го сумљате сејфов па неам љубов од вас а? :(
 
Некако ми го сумљате сејфов па неам љубов од вас а? :(
Гледам го имаш Марти Риверола купено, цело време го меркам да го земам да го развивам, интересно ми е името :D. Добро ли се развива кај тебе и дај да видам слика од атрибутите ако може.

Дај бе друже 1 недела чекам да одговориш на ова, кој ти го сумља сејфот жити се? :D
 
Дај бе друже 1 недела чекам да одговориш на ова, кој ти го сумља сејфот жити се? :D

Ајдеее, како не сум го видел мислењево бе хахаха. Чек.

bj0dr.png


Само јак тренинг, цело време.
 
Back
На врв Bottom