За жал, кај нас медиумите се место да видиш колку неписмена раја имаме. Не знаат правопис, немаат течна и прецизна мисла, немат стил на изразување, нема нивно истражување, нема ништо... Не дека немаме писмена раја, туку неписмените пијавици не дозволуваат некој да им замеша прсти. Мене не ме интересираат истражувања поврзани со љубов и секс, „совети“ за дебелите, најава за нова серија во која се прикажува апсолутен невкус од секој аспект, (ако книгата е можност да прочиташ паметен и убав збор, тогаш серииве се место за перење на мозокот, демек има и полошо од нас, мизерен обид за подобрување на ситуацијата и уште полош обид за мотивација) затоа и не ги есапам. Темите кои мене ме интересираат воопшто не се застапени, па затоа верно си дремам на форумов.
Сакам да расчистиме една многу важна работа: Не е точно дека темите се оние кои ги бара народот!!! Светот не се Србија и Хрвтска, ама бидејќи на некои луѓе папокот им е врзан со Србија и Хрватска затоа не трујат со овие срања. Кога не знаеш светски јазик, тогаш се ориентираш кон она што ти е блиско и што го разбираш. Не дека ме нервира, туку не ми е убаво, што преземаат информации од балканскиве „информатори“, оти тука приметувам еден деградациски пристап, `ко ние Македонците ништо не знаеме, па ајде Србите да ги прашаме за да не просветлат. За темите кои мене ме нтересираат Србите не се релевантен извор, па ги избегнувам. Пример: ТВ дневник на националната словенечка телевизија се состои од 10 минути вести, а останатото е економија, образование, спорт, култура, ај сега направете споредба кај нас. Имате 2 минути за информации од спортот, култура, економија и образование не постојат, се` друго е вести, а вестите од светот се поврзани со Србија и Косово. Треба да бидеш тежок дебил за да очекуваш дека ќе бидеш водечки медиум, ако твојата програма се состои само од вести, кои, пак, се политички информации, главно пренос на ставови од штабовите, и шкарт серии. Па ние немаме ниту политичка дебатна програма! Кај нас нема можност за искажување на ставови. Не дај Боже да кажеш дека си левичар или десничар по политичко убедување, оти ќе мора да припаднеш на една или друга партија, ако не дај Боже си го кажеш ставот, ќе бидеш ставен на црна листа.
Нашите „медиуми“ реобјавуваат туѓи вести, е тоа е огромниот проблем! Според тоа, вината е директно кај оние кои реобјавуваат, затоа сметам дека не треба да се ставаат читателите во ист кош. Народот е желен за спортски настани во Македонија, за ликовни изложби, за промоции на книги, за концерти на вистински ѕвезди, а не за баграва која ни ја носат и ни ја пласираат како некакво невидено шоу и некаков спектакал. Каков спектакал е гола баба да рика на сцена?! Ако умре тогаш е нешто поразлично, вака само те прави будала при здрав мозок.
За крај, токму за да ги избегнам навредите од ваквите портали имам неограничен интернет и сателитска антена со ротирачки мотор, а ги избегнувам и местата каде пуштаат музика која ене не ми одговара. Јас не сум личност на која може да се влијае на овој мизерен начин. Ќе манипулираат онолку колку што ќе им дозволиш.
П.С. Зошто никој не се пожали што во Прилеп Лепа Брена добила 35 илјади евра, Жељко Јоксимовиќ 25 илјади евра, а Влатко Стефановски САМО 5 ИЛЈАДИ ЕВРА?!