Хомеопатија

  • Креатор на темата Креатор на темата Roten 96
  • Време на започнување Време на започнување
Јас не сум рекол ништо, тоа го викаат вистински доктори кои направиле тестирање за ефикасноста на хомеопатијата. Ете ти имаш референци во тие сајтовите кои не ги ни погледна, ама нормално ти си од тие кои попрво би си ги фрлиле парите во ветер, одколку да се информираат. :) Ако твое си е, јас само приложувам информации. кој сака или не сака да ги прифати негово е.
И џабе ми вртиш теми, за хомеопатија е муабетот.

Да признат метод е, ама без докази од рецензии и тестови, бидејќи е прифатен како безопасен продукт бидејќи не содржи ништо од активната состојка, т.е. е обична вода. Си виделе профитче од неинформирана маса и тоа ти е. Значи исто ко кај нас што ги продаваат она чаевине за кои тврдат дека се лековити или вакви онакви, без медицинска рецензија, исто е и со ова. Има и земји кои не ја одобруваат хомеопатијата после неколку годишни испитувања.

http://en.wikipedia.org/wiki/Regulation_and_prevalence_of_homeopathy

Види, секаде или се продава без потреба од лиценца или на црно.
иди земи си чај од валеријана па збори за дејство на чаеви:свиркам:
 
детето спомна чаеви па јас му кажав
не гледаш мисли дека и тие се буљаштина
Јас сфатив дека ги спомнува и ја споредува хомеопатијата со оние што продаваат чаеви со препорака дека лекуваат работи за кои не се ни испитани ни докажани. Во право е.
Знаеш како одредуваат што може да се лечи со некој хомеопатски лек?
Му даваат од лекот на некој здрав човек и му велат да пишува се што чувствува откако го примил лекот, сите емоции, нелагодности, болки, какви мисли му идат.
И нели филозофијата на хомеопатијата е „слично, слично лекува“, потоа лекот го даваат за оние симптоми кои се појавиле кај здравиот организам. Ова се вика proving и нема никаква научна основа.
Homeopathic provings
A homeopathic “proving” is the method by which homeopaths determine what symptoms or diseases a product could be used to treat. A proving records the effects of substances, either at concentrated doses or in ultra-dilutions, when given to healthy individuals. Homeopaths use the symptom profiles of substances to prescribe homeopathic remedies to patients on the like-cures-like principle.
For example, a proving may demonstrate that coffee keeps people awake and so coffee is used to make a homeopathic remedy to treat insomnia.
Provings are not designed to provide evidence of efficacy and homeopaths do not claim that they do.
 
плацебо кај скептици делува ?
пријател имаше црвенило и лупење на лице на кожно цел живот
почна хомеопатцки почна да се намалува , скептик е престана се зголеми...пак зема исчезна , запре се појави ..
и ден денес експериментира...
како бе цел живот пиење од кожно не му помогна , а ова 'плацебо" му помага
 
Како се вика препаратот?

Ова дека повторно се појавуваат симптомите значи дека не ја излечило болеста?
Бидејќи хомеопатите тврдат дека хомепатијата како холистичка медицина му помага на телото само да се излечи од болеста, а не како обичната медицина која лекува само симптоми. Ова што го тврдиш е против начелата на хомеопатијата.
 
абе типот таман ќе му се намали престанува...ЕКСПЕРИМЕНТИРА дали појавувањето-намалувањето на симптомите е дирекно поврзано со земање на препаратот
скептик е голем, но сега пред годишен рече дека е доволно зезање
 
@влијателен

Сега ти сакаш по секоја цена да ја исплукаш хомеопатијата или што?
Кој имал искуство си кажа. Ниту јас ниту оние што ја преферираат не велат дека е семоќна, но мене ми е подобро да земам хомеопатски лек, отколку антибиотик кој редовно ми го препишуваше докторката, и пак бев болна цела зима.

Верувам дека е и плацебо, како и кај секој друг лек.

Човекот кој ме запозна со хомеопатијата ми рече дека кога земаш хомеопатски лек, се поттикнува телото да се избори и пак да дојде во рамнотежа. Тој не го негираше влијанието на другите лекови, напротив.

Е сега не знам каква е интерпретацијата на хомеопатијата во Македонија, ама тоа е друга приказна.
 
Сега ти сакаш по секоја цена да ја исплукаш хомеопатијата или што?...
Сакам само да кажам колку е тенка линијата на целата филозофија на хомеопатијата, и како покрај недостигот на научни податоци за ефективноста широко се употребуваат овие средства.
Кој имал искуство си кажа. Ниту јас ниту оние што ја преферираат не велат дека е семоќна,
Науката вели дека ефектите се исто како на плацебо. Значи не само што не е семоќна, туку и ако има некое дејство тоа е колку плацебо.
Човекот кој ме запозна со хомеопатијата ми рече дека кога земаш хомеопатски лек, се поттикнува телото да се избори и пак да дојде во рамнотежа. Тој не го негираше влијанието на другите лекови, напротив.
Човекот може да каже што сака, никој не знае како делува, ако воопшто делува, хомеопатијата. Рамнотежа, кварти, енергии, во објаснувањата спомнуваат работи кои не е можно да се знаат, ниту пак некој ги знае. Ниту пак може да се претпостават.
мене ми е подобро да земам хомеопатски лек, отколку антибиотик кој редовно ми го препишуваше докторката, и пак бев болна цела зима.
Од овие вчера што ги спомна нема некое кое би делувало како замена за антибиотик.
Што користиш како замена за антибиотик? Не сакам да звучам нападно со овие прашањата што користиш, кое средство, ама кога веќе личниот пример ви е единствен аргумент за делотворноста, би било добро да кажете што употребувате.
Имало некој пример на хомеопатско средство кое било одзатнување на нос, делувало кај многу луѓе, и кога ФДА испитале што содржи, содржело сосема нормална количина на вистински лек за одзатнување на нос цинк чие дејство е научно докажано. Значи немало никаква врска со хомеопатија.
 
А кој тврди дека делува на бебиња? Науката не го тврди тоа, туку токму спротивното.
Ако некој ти кажал дека му делува на некое бебе, тоа е анегдотски случај. Еве и јас имам такви, само што овие се плус докажани од лекари:

Налетав на повеќе искуства на родители, а исто така и еден член од форумов ми сподели такво искуство. Нема да го откријам кој е, ако сака сам нека се изјасни.

И не, не се работело за плачење...
 
Налетав на повеќе искуства на родители, а исто така и еден член од форумов ми сподели такво искуство. Нема да го откријам кој е, ако сака сам нека се изјасни.

И не, не се работело за плачење...
Секој може да пишува што сака. Ете родителите од мојот пример, со бебето, иако не се сигурни дека хомеопатските капки им помогнаа, сепак имаат пишувано на форумот родителиидеца. И јас не можам да тврдам дека не е од капките, ама на бебето му даваа и чај од Алкалоид, и му ја сменија храната, ама тие тоа не го спомнале.
 
@влијателен

Сега ти сакаш по секоја цена да ја исплукаш хомеопатијата или што?
Кој имал искуство си кажа. Ниту јас ниту оние што ја преферираат не велат дека е семоќна, но мене ми е подобро да земам хомеопатски лек, отколку антибиотик кој редовно ми го препишуваше докторката, и пак бев болна цела зима.

Верувам дека е и плацебо, како и кај секој друг лек.

Човекот кој ме запозна со хомеопатијата ми рече дека кога земаш хомеопатски лек, се поттикнува телото да се избори и пак да дојде во рамнотежа. Тој не го негираше влијанието на другите лекови, напротив.

Е сега не знам каква е интерпретацијата на хомеопатијата во Македонија, ама тоа е друга приказна.
Она што лично ме иритира е што сериозни случаеви кои што бараат стручна медицинска акција може да се запостават од страна на недоволно или лошо информирани пациенти кои што одбираат или се наведени да одат по линија на хомеопатија при тоа резултирајќи со сериозни оштетувања на организмот а можеби и смрт.

Плацебо не се сите лекови, премногу си лошо информирана.

Да претпоставам човекот што те (лаже) запознал со хомеопатијата нема реална медицинска титула, најверојатно продава некои тревки и слични муда за бубрези и сака да му бидеш негов муштерија за тој да има пари да опстане, тој човек на истиот начин мота и други луѓе.

Значи доколку имаш (скраја да е) сериозно лоша медицинска состојба и се потпреш на хомеопатска медицина големи се шансите дека ќе настрадаш.
 
Налетав на повеќе искуства на родители, а исто така и еден член од форумов ми сподели такво искуство. Нема да го откријам кој е, ако сака сам нека се изјасни.

И не, не се работело за плачење...

Имам јас пишано порано за искуство со бебе на пријатели, не е некоја тајна дека делува и кај бебиња. Само муабетот тука е исто како да убедуваш верник дека нема господ или атеист дека има, бесмислен дијалог.

Скептиците никој не ги убедува да користат хомеопатија а тие самите треба да се воздржат од убедување дека не користи зашто нивното мислење ниту некој го побарал ниту некому му е потребно ниту пак го провериле во пракса туку користат цитати што некој некаде рекол.

Затоа и не се замарам многу со темава, никој нема да смени мислење од што некој на форум му кажал дека е хомеопатијата валидна или не.
 
Имам јас пишано порано за искуство со бебе на пријатели, не е некоја тајна дека делува и кај бебиња. Само муабетот тука е исто како да убедуваш верник дека нема господ или атеист дека има, бесмислен дијалог....
Ова не е теологија, туку чиста наука и медицина. Исто како што се мери ефектот на конвенционалните лекови, така се мери ефектот и на овие, и што велат научниците и извештаите? Не постои ефект или ако постои не е значаен.
... ниту некому му е потребно ниту пак го провериле во пракса туку користат цитати што некој некаде рекол.
Единствените аргументи на бранителите на хомеопатијата се токму „цитатите што некој некаде рекол.“ Противаргументите содржат научни испитувања во пракса.
никој нема да смени мислење од што некој на форум му кажал дека е хомеопатијата валидна или не.
Се надевам дека некому ќе му смени мислење и ако има сериозна болест која може да се лечи, посебно тука кај нас, каде што не се контролира употребата на хомеопатски средства, ќе ги фрли овие шеќерчиња и ќе побара совет на вистинско место.
 
Ова не е теологија, туку чиста наука и медицина. Исто како што се мери ефектот на конвенционалните лекови, така се мери ефектот и на овие, и што велат научниците и извештаите? Не постои ефект или ако постои не е значаен.

Единствените аргументи на бранителите на хомеопатијата се токму „цитатите што некој некаде рекол.“ Противаргументите содржат научни испитувања во пракса.

Се надевам дека некому ќе му смени мислење и ако има сериозна болест која може да се лечи, посебно тука кај нас, каде што не се контролира употребата на хомеопатски средства, ќе ги фрли овие шеќерчиња и ќе побара совет на вистинско место.
која научна инстиуција докажала дека е гола вода ова жити мајка...да ти помогнам до 7/19/2012 никоја
а сега можеш да си собереш рекла казала муабетите и да не се правиш паметен
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom