Пивофест 2012 - 12-15.07.2012

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Лелеле, ке биде пекол. :)


Едвај чекам да помине денов. :vozbud:
Ако може некој за сигурно да ми каже дали ке има нешто на Могилата навечер и дали е дозволено во базентот да се бањаме по шорцеви за капење???
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.438
Да не знаете некој хостел во Прилеп, со пристојни цени за преспивање? Не е грешка, хостел барам, не хотел:)
http://www.breza.com.mk/
Се именуваат како хотел, но не се споредува пример со Кристал Палас.Како што можеш да видиш и од сликите повеќе личи на пансион или хостел :)
 
L

Löwe

Гостин
Еден совет од мене до сите што ќе идат прв пат на Пиво Фест.

Кога ќе порачувате скара, гледајте што е можно по чисто месо да порачате. Пр. Стек, вешалица, кременадла, ражнич...
Одбегнувајте да порачувате кебапи, плескавици, ловечки... Бидејќи за време на Пиво Фестот во меленото месо може да има од соја, до коњско, кучешко, магарешко, желкино и не знам ти каквко друго не месо.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.874
Абе каков воз со такси најдобро ем кога сакаш ќе си се вратиш и готово, иста цена е за една личност.
Во возот жешкото ќе ве утепа. (n)
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Абе каков воз со такси најдобро ем кога сакаш ќе си се вратиш и готово, иста цена е за една личност.
Во возот жешкото ќе ве утепа. (n)
Пред 2 години такси од Прилеп до Битола беше 750 денари. Сега сигурно ќе биди поќе од 1000ка.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.874
Пред 2 години такси од Прилеп до Битола беше 750 денари. Сега сигурно ќе биди поќе од 1000ка.
Епа 4-ца по 500 ден ќе дадете барем од дома ќе ве земат вака ќе треба да идете до железничка/автобуска што е плус пари за превоз и слободно ќе си идете нема да стоите во возот на +40 степени. А мислам дека може да се најде и за 1600 повратна со такси.
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Епа 4-ца по 500 ден ќе дадете барем од дома ќе ве земат вака ќе треба да идете до железничка/автобуска што е плус пари за превоз и слободно ќе си идете нема да стоите во возот на +40 степени. А мислам дека може да се најде и за 1600 повратна со такси.
Епа мала е разликата од 150 до 500 денари, да не речам нема разлика.
 
Член од
30 јануари 2009
Мислења
474
Поени од реакции
404
Лелеле, ке биде пекол. :)


Едвај чекам да помине денов. :vozbud:
Ако може некој за сигурно да ми каже дали ке има нешто на Могилата навечер и дали е дозволено во базентот да се бањаме по шорцеви за капење???
http://wikimapia.org/22234600/Public-pool
на странава пишува дека има 3 базени? Отворени ли се,кај се наоѓаат и колку е влез?
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.911
Поени од реакции
41.874
Епа мала е разликата од 150 до 500 денари, да не речам нема разлика.
Епа сега се што е поубаво е поскапо а плус со воз за назад последно е во 22:25 и ќе мора да преспиеш некаде за да се вратиш сабајле во 9:40 за Битола. Многу лош распоред џабе ефтина цена.
100км=1000 ден
40км=400 ден или 800 повратна
40 км е Прилеп - Битола а таксито за таа километража треба да е 800 ден повратна за 4-ца по 200 ден не знам зошто викаш дека сега би била и 1000 ден во еден правец. :rolleyes:
Ако е тогаш ве кинат на големо. :facepalm:
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Игри на среќа на отворено на Пиво Фест - ново изнеадување од Државна лотарија на Македонија

11. јули 2012 - 14:43
Сите патишта од 12 до 15-тти јули 4 дена ќе водат во Прилеп. Дојдете на Пивофест и заминете со автомобил, скутер или многу пари.

Државна лотарија на Македонија го прифати предизвикот за забава, па се приклучи кон 10тото јубилејно издание на Пивофест во Прилеп. Под мотото ЗА ДОБРО oваа година на Пивофест во Прилеп во петок, сабота и недела посетителите на штандот на Државна лотарија на Македонија ги очекува несекојдневна можност, играње на игри на среќа на отворено. Екипа на Државна лотарија на Македонија подготви многу изненадувања за сите. Покрај можноста за добивки и многу забава, најавени се и бројни подароци.

http://press24.mk/story/zabava/igri-na-srekja-na-otvoreno-na-pivo-fest-novo-izneaduvanje-od-drzhavna-lotarija-na-maked


Биииииииииииииииииингоооооооооооооооооо.........
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.438
http://wikimapia.org/22234600/Public-pool
на странава пишува дека има 3 базени? Отворени ли се,кај се наоѓаат и колку е влез?
Сите 3 се отворени.
Амфора е на патот за Крушево од десна страна, некој си можда 1 километар после Прилеп.
Маркови Кули влезо ти е 50, се наоѓа кај спортската сала Маркови Кулиhttp://www.google.co.uk/search?q=41.350429,21.568158 .
Мак-Ам влезот е исто 50, од лева страна е после зградите Димо Наредникот, од кај што се оди за стариот пат за Битола http://www.google.co.uk/search?q=41.336869,21.548127.
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
http://wikimapia.org/22234600/Public-pool
на странава пишува дека има 3 базени? Отворени ли се,кај се наоѓаат и колку е влез?
Тука има интересни информации за Пиво Фестот, ги има и базените, а карта би требало да е 50-60 денари, поима немам.
http://kriglapivo.com/informacii-pivofest-2012-prilep/
--- надополнето: 11 јули 2012 во 17:24 ---
Сите 3 се отворени.
Амфора е на патот за Крушево од десна страна, некој си можда 1 километар после Прилеп.
Маркови Кули влезо ти е 50, се наоѓа кај спортската сала Маркови Кулиhttp://www.google.co.uk/search?q=41.350429,21.568158 .
Мак-Ам влезот е исто 50, од лева страна е после зградите Димо Наредникот, од кај што се оди за стариот пат за Битола http://www.google.co.uk/search?q=41.336869,21.548127.
Даваат ли да се бањаш по шорцеви за капење? Бидејки во Велес и на други места не даваат, само со купаки.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055
Оваа странава на автобуска станица Скопје ич не ја разбирам да не знае некој колку е карта Скопје-Битола?
 

Кико Д.

ULTRAS - way of life
Член од
26 јануари 2010
Мислења
11.435
Поени од реакции
9.676
Епа сега се што е поубаво е поскапо а плус со воз за назад последно е во 22:25 и ќе мора да преспиеш некаде за да се вратиш сабајле во 9:40 за Битола. Многу лош распоред џабе ефтина цена.
100км=1000 ден
40км=400 ден или 800 повратна
40 км е Прилеп - Битола а таксито за таа километража треба да е 800 ден повратна за 4-ца по 200 ден не знам зошто викаш дека сега би била и 1000 ден во еден правец. :rolleyes:
Ако е тогаш ве кинат на големо. :facepalm:
Такси компании:
(048)15-95, 15-73, 15-81, 15-88, 15-85, 15-71
Цена: 50 ден. старт, 20 ден. од километар

Ако одиме според ова цената би била од 900 до кај 1100 денари за такси до Битола. Остај то шо пиши 40 км, низ град ваму таму, се берат околу 50тина км вкупно.
Тие цени шо ги пиша ти можи важат за секој ден, ама за пивофест и слични манифестации е поскапо.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Даваат ли да се бањаш по шорцеви за капење? Бидејки во Велес и на други места не даваат, само со купаки.
Носи си купаќи за секој случај :icon_lol:.

Инаку го препорачувам градскиот базен другите се многу мали не се баш за пливање повеќе се како декор.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom