Македонија - Нов Зеланд (84:62) | Квалификации за ОИ, Лондон

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 септември 2011
Мислења
2.714
Поени од реакции
2.599
Смирено само , и вчера викавме дека анголците ќе паднат а што ни се деси , од каде шутнаа влезе . Ајде денес со нови сили против Нов Зеланд и до првата победа . Само да не ја зезнеме пак , и се надевам ја научија лекцијата од вчера посебно нашиот трењер .

МАКЕДОНИЈА :love:
http://www.time.mk/read/3f3b113d21/723235358a/index.html
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.581
Вчера беа дрвца, една топка под свој кош не прифатија. Едино на крајот се уозбилија малку.
Вечер верувам дека ке бидат поуиграни, такви сме ние, ни треба време да се адаптираме , само да не претераме со адаптацијата.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.737
Поени од реакции
35.574
index.jpeg

Кај и да е, вечерва сигурно ќе функционира беспрекорно црно - белиот еурокрем :icon_mrgr:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Во кладилница ни дале само 1.10 коефициент :pos: додуше си знаат дека секако тепаме па таман е.
Инаку вечер очекувајте да ни играат Хака и нас ..


Леле ова ако ни го изиграат ќе ги посереме :pos:Дај боже нека го изиграат многу инспиративно делува.
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
5.910
Поени од реакции
7.481
Едно не ми е јасно во вчерашниот дуел,како можеше Лазовски да го држи во игра Гечевски кога човекот беше далеку под својот ПРОСЕК?
4 поени и 3 скока за толку време минато на паркетот,јас не памтам кога последен пат му се десило тоа?
Кире Николовски скисна на клупа,место да го стави сигурен сум дека ќе фатеше неколку скока под наш кош.
Едноставно им дававме по 10 напада со офанзивни скокови да ни прават,23 офанзивни скока имаа,ало репрезентација на која највисокиот играч им е 203 ЦМ. Ако продолжат вака да играат црно ни се пишува,но се мислам дека ќе се вратиме уште вечер со убедлив триумф над НЗ.:love:
 

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.015
Поени од реакции
5.680
Леле ова ако ни го изиграат ќе ги посереме :pos:Дај боже нека го изиграат многу инспиративно делува.
Aaa, сигурно го играат танцов, лани и кај нас го изиграа. Тогаш изгубија, да се надеваме и денес дека ќе е иста ситуацијата.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Дур беше Пеџа во игра секој промашен шут го фаќаше и кош даваше. Антиќ и Гечевски излагаат на линија за 3, мислиш бек-шутери се. Ова како да ни е вродена мана, и во школските денови кога играме како да не ги сакаме кошевите многу сите построени на 6,75.:D
 

RedBlack

Grof
Член од
28 март 2008
Мислења
4.725
Поени од реакции
3.095
Синоќа имавме Лош ден, обиди за тројка завршија на метар од обрачот, уште тренерот фалеше да фрли некоја тројка од клупа.
Денес ќе имаме подобар ден, па ќе го погодиме обрачот :свиркам:
Инаку тактиката беше едноставна, на граница на генијалност.
Гњави ја топката 22 секунди и шутирај од 7 метри во последните 2.
Недостаток во овој навидум непогрешлив систем е што треба да се има играчи кои можат да дофрлат до кошот.:cautious:
Лазовски - Господе зошто ни даваш ваков дрво тренер да води златна генерација:facepalm:
Добро бе мајко му, како може да одиш на квалификации за Олимпијада без резервен план ?
Што правеше на толку многу пријателски ? Штом не оди по замисленото, а гледаш дека противникот ти полни кош, удри го по слабите точки, направи замени, смени ја играта. Гледаш дека имаме 982756 обиди за тројка, гледаш не им оди, па фати ги за уши, седни ги за клупа и НАРЕДИ ИМ да не се шутира од неизградени позиции,,, Нејсе,,,

Вечерва не очекувам ништо друго освен ПОБЕДА, очекувам репрезентацијата да се соедини и да игра како еден, а не како раштиман оркестар, кошарката е тимска игра, ама мора да се има максимална координација меѓу себе, а не како изгубени овци наваму, натаму.
Верувам дека ја проучиле играта на НЗ, дека спремни со ладни глави ќе излезат на терен,, без залетувања
Желбата за победа, па и за пласман, почетниот пораз, ќе ја покаже вечерва нашата репрезентација во поинакво светло. Верувам во нив. Верувам дека извлекле поука од синоќа, Верувам дека ќе го остават срцето и душата на терен.. СРЕЌНО
ЗА КОГО,,,
ЗА МАКЕДОНИЈА!!!

Ако добро ја пратеше утакмицата, виде дека одеше преку црнцето и центар второ полувреме , антич кој не го поштувам како играч, циркузант фрла од кај му дојде, и кај марин беше така. Тренерот не е он крив и играчите имаат вина, звезди големи наводно
 
Член од
18 декември 2005
Мислења
1.356
Поени од реакции
165
Ако се разигра македонсково црнче, тогаш им нема спас :D
Не знам зошто ама синоќа Боб не се покажа во право светло, некако не играше, не му подаваа... Да беше тој синоќа каков што беше на ЕП, тогаш можеби и ќе победевме...

Како и да е, со среќа нека им е вечер и не очекуваме ништо друго освен победа :pipi:
 

Zaphod Beeblebrox

Поранешен покул Божино
Член од
7 јуни 2008
Мислења
16.676
Поени од реакции
21.233
И на ЕП почнавме со пораз па потоа почнавме да газиме. Се надевам дека и овој пат ќе биде така и дека психолошки се средиле. Факт е дека нема екипа која не може да биде непобедлива, 5 на 5 се игра, се е во мозокот. Анголците тоа го докажаа со нас. Сега е на нас редот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom