H
Hip.Hop_MKD
Гостин
Грешка си. На таа форумџиката што и викав дека е ќора и не чита ја однесе темата у п *** м***, па после тврдеше истата форумџика твдеше дека згради никаде не се поместувале во светот, па третитот свати дека јас сакам да ја поместувам Старата Железничка СтаницаЈас и Alex The_Great немаме исти ставови кон нештата но морам да кажам и тоа е факт дека те згази у поим затоа де олабави со глупиве муабети, од крајност до крајност ја однесе темава.
Он топик: tl;dr
Браво за Град Скопје, сега комотно може да идете и да си извадите упат за на психијатрија... Се руши старото, за да се гради ново...А Скопје губи уште еден симбол, на Скопјани ич не им чуе за тоа..
Извор: http://a1on.mk/wordpress/archives/12838
Се урива дел од старата железничка каде се поставени оригинални римски стели
Со тешка градежна механизација се урива дел од старата железничка станица во Скопје, поради планот со кој е предвидено да се гради подземна сообраќајница.Подземната сообраќајница, како што беше најавено ќе ја гради турската компанија „Лимак”, на свој трошок, откако купија две парцели на овој простор. Сообраќајницата која се планира да се изгради, ќе биде изградена шест метри под земја.Магистерот по археологија и менаџер по културно наследство, Василка Димитровска вели дека јавноста реагира на гредежните активности кои денеска се засилија кај Музејот на град Скопје.„Во неговата околина се поставени оригиналните римски стели од една од некрополите на археолошкиот локалитет Скупи. Доколку не се отиде на лице место, не може да се направи проценка дали се оштетени овие вредни артефакти. Но може да се констатира дека се работи за небрежност при работа, кадешто можат да се изгубат културните и археолошките ресурси на Република Македонија“, вели Димитровска.„Сметам дека пред да се направи проект за реанимација на околината во чиј амбиент се наоѓа оригинално културно наследство, мора да се направи дополнителен проект за да се дислоцираат оригиналните артефакти доколку ги има. Никаде во светот не се превземаат градежни активности во близина на оригинално културно наследство, бидејќи е недозволиво со закон околу вакви споменици да се интервенира, ако тие претходно не се заштитени или дислоцирани“, додава Димитровска.
И ова е нејзинито оргинално:
Под 1. Извор ти е А1он. Драгите непристрасни комуњарчиња. Коа сакаш да пренесеш вест, направи комплиција на повеќе извори. Вака си еден од манипулаторските комуњари, или кутро изманипилурано детиште.
Под 2. Дури и да се руши старото (а не е така) што имаш против новото?
Под 3. За тебе канцеларијата на Титови леви сили е битен артефакт? Освен тоа, дај доказ дека се руши ДЕЛ од железничката?
Под 4. Госпоѓата магистер вели, цитирам ,,
Доколку не се отиде на лице место, не може да се направи проценка дали се оштетени овие вредни артефакти’’ . Значи, госпоѓата не ни била. Ало, НЕ ОТИШЛА ДА ВИДИ!!! А има лице да зборува. Исто така, драгите комуњарчиња тоа да го сложат во наслов, декаСе урива дел од старата железничка каде се поставени оригинални римски стели. Она не видела, они наслов направиле. Еве, јас ке си напраам сајт, и ке пишам дека другарка ми магистер по нешто(денеска се е магистри) за малце ке видела дека надвор врне, а јас ке пишам вест дека небото се отворило. За среќа, нема да претерам до толку. не сум комуњарка, или уште полошо новинарка комуњарка. Кај е иконката за повраќање?
Под 5. Исто така, госпоѓата магистер вели дека,,може да се констатира дека се работи за небрежност при работа’’. ДАВА КОНСТАТАЦИЈА!!! А сеуште не отишла да види. Оваа на Ванѓа и е внука, жими се. Се знае. Дајте ми бројче, може нема да сака да ми предвиди нешто оти не сум комуњарка, ама може ке ми каже колку од сдс ке гласаат за Љубчо за градоначалник.
Под 6. Како планира госпоѓата да ја дислоцира старата железничка? Вака, да ја подмести малце по на лево, или да ја подигне погоре, за да се гради под неа?
Под 7. Сликата погоре е стара како Библија. Ама ајде, ставете ја. Нема врска со сегашниот план, ама имаш пост плус. Супер. И лајк ке ти ставам.
Под 8. Оти бе насловот не е - се гради подземна железница. Оти не викаат СЕ ГРАДИ? Туку лажно обвинуваат дека се руши?! Не знам на кој повеќе да се чудам на одвратноста и идиотизмот, на тие што манипулираат со вакви УДАРНИ вести (додуша они пари зимаат, па донекаде се ок) или на оние што се изманипулирани, што дозволиле да бидат. Замисли, а1он да те манипулира бе....Дај легенот да се удавам, кај живеам....
И ако не нeка се премести темата: http://forum.kajgana.com/forums/Архитектура-дизајн-и-уредување.62/