Еве уште еден податок кој секако е во склоп на темата:
http://img181.imagevenue.com/img.php?image=43272_bugi_122_214lo.jpg
Ова се извадоци од акростихот од некоја книга на Милошоски што ме запрепастија. За неколку букви
што ги нема во бугарскиот јазик, Милошоски гo пишува следново, а во исто време го коментира македонскиот јазик:
Љ - кршлива јазична историја
Ќ - товарот северен
Ѓ - доушнички го воспеваше болниот академик
Њ не се спомнува во вториот дел од песните, а во првата песна го пишува следново:
Јаничарите/Коленичат/Ладна/Љубов/Македонска/Над/Њ
Прочитајте за книгата која ја нема во продажба.
Следново е од форум воденица, ако е истиот наш член Ченто се надевам нема да се лути ако споделам:
Антонио Милошевски, Министерот за надворешни работи, човек кој што при посетата на Софија изјави дека е горд што се поклонува на гробот на Христо Матов (врховистот, идеолошкиот ментор на Тодор Александров и крвник на македонскиот народ).
Антонио Милошевски во јавноста прв пат се појави за време на студентските протести во 1996 година. Истата година за прв пат го покажа и своето ’бугарско’ лице кога во весникот ’Завет’ на Унијата на млади сили во ДПМНЕ (УМС) се појави фамозниот текст „Чакам те да дојдеш“, во којшто младите ДПМНЕ-овци бараа да се осуди бугарштината во партијата. Милошевски со сите сили се бореше против објавувањето на тој текст и на тој начин си обезбеди многу добри позиции кај Доста Димовска. Тој скандал заврши со отстранување на голем број партиски членови.
Сепак, најмногу полемики во медиумите Милошевски предизвика со објавувањето на контроверзната колумна ’Животот не трпи никакви ограничувања’, посветена на Христо Татарчев кој што беше најверниот соработник на Ванчо Михајлов. Во таа колумна тој за Татарчев напиша: ’Овој напис го пишувам во негова чест, а по повод 135 години од неговото раѓање’, а истиот тој напис го завршува со зборовите ’Вечна му памјат’. Инаку, синот на Христо, Иван Татарчев, стана јавен обвинител во Бугарија и во моментов е најактивен современ бугарски политичар во негирањето на македонската нација.
Уште да споменам и дека Антонио Милошевски напиша книга во која отворено го валка, навредува и поништува ликот и делото на Блаже Конески.
Зоран Тодоровски, Директорот на Државниот Архив на РМ, човек кој што со парите на македонските граѓани работи против интересите на македонската држава и бара начини да ги сосече корените на нашиот идентитет. Според Зоран Тодоровски, нашите дејци Ѓорче Петров, Димо Хаџи-Димов, Јане Сандански и сите други борци за македонската кауза се декларирале како Бугари. Најновиот бисер на Тодоровски се случи неодамна со неговите напори да фалсификува, избрише и искриви една од најсветлите личности во македонската историја, култура и јазик, Крсте Петков Мисирков и тоа врз основа на сомнителни, добиени од Бугарија документи, кои не и’ се достапни ни на стручната јавност. И притоа, да не дозволи експертиза на тие бугарски фотокопии од наводните мемоари на Крсте Петков Мисирков.
Зоран Тодоровски е и автор на книгата ’Кој бил Тодор Александров?’, човекот кој што го држи рекордот за најмногу убиени Македонци.
Најконтроверзната активност од биографијата на Зоран Тодоровски претставува постојаното промовирање и лобирање за Македонската Патриотическа Организација (МПО).
Силвана Бонева, координатор на пратеничката група на ДПМНЕ, која што Бучковски од собраниска говорница ја посочи дека има бугарски пасош. Инаку, сопругот на Силвана Бонева беше новинар во про-бугарскиот магазин ’Дело’, а во истото списание како дактилографка била вработена и самата Бонева. Сега веќе и нејзините колеги-пратеници од ДПМНЕ знаат дека нивниот координатор е навистина ’кинисат’ по истиот пат како и Љубчо Војвода.
Мартин Треневски, новоименуван Конзул на РМ во Канада (иако сеуште не стапил на функцијата), човекот на кој што највисок идеолошки дострел му е организацијата на Изложбата за формирањето и дејноста на МПО во Крушево. Таа изложба беше во рамките на тридневниот симпозиум за иселеништвото од Македонија,
на кој што Мартин Треневски објасни зошто весникот на МПО "Македонска трибуна” се печати на бугарски јазик. Причината била во тоа што ’токму тој јазик е ВИСТИНСКИОТ македонски јазик’.
Додека Мартин Треневски бил директор на Агенцијата за иселеништво, агенцијата дејствувала како да е Агенција на МПО. Истовремено, неговите активности биле сведени на плукање по Киро Глигоров, а кога и Борис Трајковски своевремено одби да игра според свирката на ДПМНЕ, се сврте и против него.
Доста Димовска, новиот шеф на Културнија цент'р на Македонија в Софија, госпоѓицата која што (без дозвола) постави спомен-плоча на Мара Бунева и притоа кажа дека себеси се смета за современа Мара Бунева.
Доста Димовска уште од осамостојувањето на Македонија беше оската околу која што се вртеше се’ она што значеше ’пробугарски врховизам’ во Македонија.
Да се знае точно кој и како се чувствува во оваа земја. Додека се ослободивме со србофилите, налетавме на бугарофилите. Нема мир едноставно во оваа земја. Споменици на контроверзни личности од нашата историја е врв на приказната.