- Член од
- 17 декември 2007
- Мислења
- 111
- Поени од реакции
- 20
Премиерното издание на „Т’к-Так Фест“ ќе ја собере македонската рок елита. Иако организаторот целата работа ја чуваше во најстрога тајност, на десетина дена пред почетокот на фестивалот конечно ја објави финалната листа на учесниците кои ќе ги видиме и слушнеме во првата фестивалска вечер, закажана за 29ти јуни.
Па така, во вечерта која ќе биде посветена на македонската рок легенда, прерано починатиот Трајко Каров, ќе уживаме во настапите на македонските рок ѕвезди:
-Автограм
-Триангл
-Мики Јовановски – Џафер
-Влатко Стефановски
-Трн во око
-Пу (Алпина)
-Студени Нозе
-Тоше Поп Симонов
-Венко Серафимовски
-Бубо Каров и Токму Така
-Бени Шаќири
-Влатко Илиевски и Морал
-Александра Пилева
-Аноними
-Младост
-Џам стар
-Океан Пацифик
-Игор Станоевски трио
Втората вечер која ќе се одржи на 30ти јуни е наменета на новите македонски рок надежи, кои ќе се борат за една од првите три награди, и секако за гран при наградата „Трајко Каров“ која ќе биде доделена на најдобриот тапанар, а вечерта ќе биде заокружена со голем концерт на македонската ска-панк атракција Суперхикс.
Покрај одличното шоу кое ќе го приредат мајсторите на македонската рок сцена, организаторот најавува пиротехнички спектакл, можност за сите гости кои ќе одлучат да ја проследат и втората вечер да кампуваат во кампинг зоната која ќе биде поставена во преубавиот градски парк во Кавадарци и уште многу, многу изненадувања кои организаторот ги чува како тајна.
Двете фестивалски вечери ќе се одржат на градскиот стадион во Кавадарци со почеток од 21 часот.
Едит бај Др.-АГАН