Staufer
Драган Богдановски
- Член од
- 17 јануари 2008
- Мислења
- 16.737
- Поени од реакции
- 22.634
Општо земено сите Македонски иселеници ширум светов се исти ........... а биле во западна Европа, САД, Канада, Австралија... Првите што отишле таму како млади да речеме пред 3/4/5 децении пак можеби имаат некаква приврзаност со земјава во која се родиле и во која го поминале детството, така да можда ќе наминат еднаш во 5 или 10 години колку да си го видат родниот крај, а и да остават по 50-100 долари макс. на роднините(најблиски) .......... додека пак младите генерации(нивните деца, внуци и.т.н.) немаат никаква врска со Македонија, таму се родени, се чуствуваат како такви, не го знаат воопшто Македонскиот јазик и не ти стапнуваат тука ни за жива глава ...... тоа е тоа, а и младите генерации претежно влегуваат во брак со партнери од други нации таму(Германци, Англичани, Ирци, Италијанци...) и тука се сече Македонската врска начисто, а кога ќе умрат старите веќе тотално ќе се заборави тој дел од семејството иселен таму !
Младите генерации се родени и порастени во тие земји и се доста либерте и имаат капиталистички менталитет, а не народен, така да и да дојдат на одмор во родната земја на нивните родители(преку сила 1-2 пати во животот) мало-морген дека ќе остават некое доларче кај роднините, всушност воопшто не ги ни боли таквото за роднините, они се чувствуваат како странци(Американци, Канаѓани, Австралијанци... вотева), а не како Македонци !
Ја не сум „ист“ на тие што ги опишуваш и знам многу други што не се такви затоа не паушализирај.
Друга работа: Да речеме се раѓа некој во дијаспората таму е раснат, социализиран во тоа општество и слабо го владее јазикот, кој е сега крив за тоа? Треба и емотивно да бидеш поврзан со татковината, затоа тој процес е и нормален да изгубиш контакт или емотивна поврзаност со матичната земја. Има начини да се реши тоа, треба од дома воспитувајне, значи родителите. Треба Македонците да се организираат во клубови и црковни општини, значи тоа е задача на дијаспорците да се направи чуство на поврзаност. Ама никој не прашува за улогата на државата, порано барем ни праќаа учители да изучиме јазик и писмо а сега?