Прво здраво на сите!
Не знам зошто толку дебата за Алах, Бог, Јахве?!!! Тие се истиот Бог.
Муслимани, Христијани и Евреи имаат ист Бог, но разликата е во тоа дека овие 3 религии различно ја дефинираат Неговата природа. Ние муслиманите се приджуваме на дефиницијата од Стариот Завет, а тоа е дека Бог е Еден и Единствен и нема друг бог освен Него, тој не е роден, ниту родил и никој не му е рамен. А кај Христијаните истотака се верува во истиот Бог само разликата е што на Него му се препишува Син и Светиот Дух. Значи Алах и Таткото (кај Христијаните се исти).
Сигурно е дека ќе најдеш меѓу луѓето со најсилно непријателство кон оние кои веруваат, Евреите и оние кои на Аллах здруженик му припишуваа, а сигурно е дека ќе најдеш од оние кои веруваат најблиски пријатели, оние кои зборуваа: Ние сме христијани!Тоа, ете што меѓу нив има свештеници и монаси кои, навистина, не се горди! (Ел Маида, 82)
Како е можно Алах да зборува така за христијаните??? Алах му вели на Мухаммед дека најблиски негови се тие што велат: НИЕ СМЕ ХРИСТИЈАНИ.
Многу од вас христијаните не ни го прочитале Коранот и доаѓаат до заклучок дека Алах е сосема друг бог. Па како е можно сите пророци да бидат пратени од Христијанскиот Бог, па истите да бидат пратени од Јахве, и пак истите од Алах???
Зборот Аллах потекнува од зборовите Ал и Илах што во превод значи Единсвено Божество.
Еврејски е Елохим а на Арамејски е Елаха.
Бог, Алах, многу јасно ви се обраќа на вас христијаните барајќи од вас да ја зборувате вистината за Него, дека Тој нема син. Он не вели зошто верувате во Бог а не во Алах. Коранот признава дека и Христијаните и Евреите веруваат во Бога но во погрешен начин.
О следбеници на Книгата, не претерувајте во верата ваша, и за Аллах само вистина зборувајте! Месих, Иса синот на Мерјем, е пророк Аллахов, Зборот Негов, кој Он го фрли во Мерјем, Дух од Него. Е па, верувајте во Аллах и во пророците Негови, и не зборувајте “тројца” . Престанете, тоа е подобро за вас! Аллах, навистина, е еден Бог. Нека е славен Он! Зарем Он да има дете? Се што е на небесата и на Земјата е - Аллахово! А Аллах, секако, е Доволен Закрилник!
Е сега за прашањето дали мулсиманите ги ставаат христијаните во иста група како политеистите.
Христијаните и Евреите имаат посебен статус во Коранот и во Исламот и тоа бидејќи тие се народи на кои Бога веќе им ја објавил Неговата вера, но тие сепак го згрешија патот.
Тие се нарекуваат истотака и како Следбеници на Книгата (христијани и евреи).
Кажи: “О следбеници на Книгата, вие не сте ништо се додека не се придржувате кон Тората и кон Евангелието и кон она што ви е објавено од Господарот ваш. Она што е објавено од Господарот твој ќе го засили сигурно, кај многу од нив, насилството и неверувањето, но, тогаш, не грижисе за народот невернички! (Ел Маида, 68)
Е сега зошто Христијаните и Евреите се неверници според Коранот?!
Евреите зборуваат: “Узеир е син на Аллах”, а христијаните зборуваат: “Месих е син на Аллах”......
Ги земаат нивните свештеници и нивните калуѓери за господари покрај Аллах, а и Исус, синот на Мерјем.
Им беше наредено да обожаваат само еден Бог. Нема друг бог освен Него! Славен нека е Он, над она што му го здружуваат, (Теуба, 30-31)
Христијаните веруваат во Алах но тие се неверници бидејќи му здружија и направија посредници други божества на Него, Син Божји, Богородица, Светиот Дух, Светци итн.
Чинот со кој му се здружува на Бога нешто друго или се зима за посредник кон Бога тоа се нарекува ШИРК и е најголемиот грев кој го носи човекот директно во Пекол.
Бог секој грев го простува освен ШИРКОТ (да му придружиш нешто на Бога или да прифатиш посредници). Нормално ова важи ако во случај не се покае верникот.
ЈАС СУМ ГОСПОДАР, БОГ ТВОЈ, НЕМОЈ ДА ИМАШ ДРУГИ БОГОВИ ОСВЕН МЕНЕ.
Ова е Прват Божја заповед, реченица која ако еден човек ја почитува, влегува во Рај.
И на крај ќе го завршам овој пост со овој прекрасен цитат од Коран, каде Бога сепак му вели на Мухаммед (нека е Божјиот мир над него) да ги повикува христијаните и евреите да се обединат со муслиманите:
Кажи: О Следбеници на Книгата (христијани, евреи), дојдете кон Зборот кој е и ваш и наш: само еден Бог да обожаваме, да не Му припишуваме и други божества, освен Него, да не прифаќаме....... (Семејството на Амрам, 64).
Селам Алејкум (нека е Божјиот мир над сите вас)