Соларна енергија

Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Јас експериментирав со конкавни огледала, исеков огледало на мали квадратни парчиња и потоа ги залепив на сателитска антена за да се усмерува зракот во една точка. Експериментот го направив некаде средина на фебруари и под таа јачина на сонцето успеав да зовријам ѓезве со вода за 5 минути.
Најдоброто кафе тогаш сум го испил :).
А овој начин на експериментирање со сончевата енергија мене најмногу ме интересира:
Може да се упоребува за загревање на вода или пак парниот котел да се поврзе со турбина која притисокот од пареата ке го претвара во електрична енергија.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
....тоа е веќе класичен панел и таму игра подобро бакарната цевка.....
....пробај да го намоташ тоа во спирала на темно обоена даска и сифонски загревај бојлерски резервоар, обој го и него мат црно и најди начин да го поврзеш со цевката за топла вода во бањата (ова е малку комплицирано, ако си во зграда , но е многу просто кога си во куќа. Преку лето имаш топла вода . Јас ќе пробам да склопам една ваква шема и ќе мерам прецизно што се добива во однос на м2.
ај баш кажи што ке испадни од експериментот. цревата барем сега не се скапи, па да си склепам и јас едно до две накај три. нека има :).
 
Член од
29 мај 2012
Мислења
242
Поени од реакции
115
Јас експериментирав со конкавни огледала, исеков огледало на мали квадратни парчиња и потоа ги залепив на сателитска антена за да се усмерува зракот во една точка. Експериментот го направив некаде средина на фебруари и под таа јачина на сонцето успеав да зовријам ѓезве со вода за 5 минути.
Најдоброто кафе тогаш сум го испил :).
А овој начин на експериментирање со сончевата енергија мене најмногу ме интересира:
Може да се упоребува за загревање на вода или пак парниот котел да се поврзе со турбина која притисокот од пареата ке го претвара во електрична енергија.
Си направил нешто како соларна кујна :)
 
Член од
12 март 2010
Мислења
212
Поени од реакции
73
....тоа е веќе класичен панел и таму игра подобро бакарната цевка.....
....пробај да го намоташ тоа во спирала на темно обоена даска и сифонски загревај бојлерски резервоар, обој го и него мат црно и најди начин да го поврзеш со цевката за топла вода во бањата (ова е малку комплицирано, ако си во зграда , но е многу просто кога си во куќа. Преку лето имаш топла вода . Јас ќе пробам да склопам една ваква шема и ќе мерам прецизно што се добива во однос на м2.

ne e klasicen panel.
ke namotam creva so dolzina da sobiraat 30litri za pocetok i ke bidi pod pritisok.ke se zatvori vo panel so staklo za da se dobie efekt na sonceva gradina.prvo ke probame pa ako e potrebno ke se zgolemuva metrazata na crevoto.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Соларна централа во Делчево

Сонцето ја осветли идејата вредна за почит, па 270-те сончеви дена во годината во Пијанец се ставени во функција на производството на електрична енергија. Двајацата пријатели геодетски инженери во Делчево, Јован и Љупчо, направија МЕПСО во мало.​

Искористувајќи ги обновливите извори на енергија инвестираа во три фотонапонски соларни централи и ловејќи ги сончевите зраци ќе прозведуваат дневно до 1 мегават електрична енергија, која ќе ја продаваат на МЕПСО за 30 евро центи за 1 киловат. Од првата централа веќе протекоа првите киловати електрична енергија.

- Ние сме геодетско-проектантска фирма, ама ни дојде идејата следејќи во соседството, Македонија во моментот е последна, искуството од Бугарија, Германија - тие се при крај со инсталирањето на овие централи, вели Јован Здравковски, „Геосолар“ Делчево.

-Во моментот имаме вкупно производтсво од 50 киловати, дневно 300-400 киловати може да произведе една од ваквите три. Струјата се пушта во системот на ЕВН, ние сме како МЕПСО имаме склучено договор со Мепсо и се пушта во сиситемот на дистрибутивната мтрежа, ова е соларна енергија...Местово има идеална положба нема магла, нема големи температурни промени, идеално место, вели Љупчо Атанасовски,
„Геосолар“ Делчево.

Сепак, идејата која вреди 250 илјади евра, не добила поддршка кај банките во земјава. Само една банка се одважила да им даде кредит, другите средства овие македонски пионери , ги обезбедиле од бизнисмени со камати.

- Имаме склученио договор со државата, инцвестицијата се враќа за 5 до 6 години, со тоа што со државата имаме склучено договор на 15 години, вели Љупчо Атанасовски, „Геосолар“.

-За два месеци ќе видат пуштени и другите две централи. Опремата е од Германија, а панелите се Норвешки. Има квалитетна опрема, квалитетот на струјата е добар, вели Јован Здравковски, „Геосолар“ Делчево.

До 2020 година вкупното производство на електрична енергија од обновливи извори, треба да биде 15-20%. Во Македонија засега има 5 вакви централи.​
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
~15 000 000 000 долари се потребни за да се задоволат енергетските потреби на Македонија(2009=7.5 TWh) преку фотоволтни панели. Ќе биде тешко.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
да не имаат направено некоја грешка овие со тоа 1 мегават дневно.
некако многу ми се гледа.
ако е 1 кв 0.3 центи тогаш дневно тој заработува некаде околу 300 евра, што баш и не е за занемарување.
ако вложил 250 000 евра инвестицијата ке му се исплати за 3 години. а ако овие имаат рок на употреба од 10 до 15 години значи следните 10 години му се чист ќар или по наше околу
800 000 евра и нешто ситно .
ама изгледа јас грешам некаде во математиките.
 
Па во текстот, типот кажува дека инвестицијата му се враќа за 5-6години. Така да тука негде си со пресметка. А и од кај знаеш може и он греши:)
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
се тоа во ред , ама кај да најдеме 250000 евра :)
инаку по таа логика со 100 кв имаш некоја заработка од 30 евра на ден или 900 евра месечно во поголемиот дел од годината.
незнам што треба да насадиш во таа парцела или нива за да имаш и приближно толкава заработка, можеби опиум или кока:)
уште елем или мепсо да не го тупеја толку во процедурите и се ке беше во ред, ама за жал го тупат:(
 
Можам да учествувам само со давање на местоположба, за инвестицијата, и нешто ситно пари:) Другите обезбеди ги ти :D Шала на страна, но ова е ептен исплатливо, само како што викаш ти, од каде да најдеме $.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.085
Поени од реакции
23.549
Можам да учествувам само со давање на местоположба, за инвестицијата, и нешто ситно пари:) Другите обезбеди ги ти :D Шала на страна, но ова е ептен исплатливо, само како што викаш ти, од каде да најдеме $.
колку што имав читнато ептен заебано е да добиеш дозвола, крв ке проплукаш додека ти дадат тоа дозволите.
инаку да беше малце порелаксирано , и кредитче некое ке завршеше работа. имаш сигурен пласман на производот така да математиката многу лесно се прави. во секој случај од тоа парче земја што ке го жртвуваш за да наредиш сончеви колектори сигурен сум дека за било што друго да го користиш нема да извадиш ни приближно толку пари без душата да ти излези од работа. ама далеку сме ние од тоа. кога одам на кај јужниот сосед имам прилика да видам по патот вакви мини централи. најверојатно кај нив законската регулатива и ситуацијата е малце поинаква.
 
Тоа е, да се надеваме на поволни ветришта. Имаме потенцијал, но која корист од тоа. Него еве еден интересен текст, од Нова Македонија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=62112104754&id=10&prilog=0&setIzdanie=22610
Со 250 евра до двапати помала сметка за струја

значителни инвестиции, а огромни заштеди
Со инвестиција од 14.000 денари и со поддршка од Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој, Николинка Божиновска поставила сончев колектор во својата овчарска фарма во селото Сколарци, во општината Чешиново Облешево. Таа вели дека водата што ја загрева со помош на колекторот, освен за домашни хигиенски потреби, ја користи и во обезбедување чисти санитарни услови на фармата и дека, благодарение на инвестицијата, сметката за струја ѝ се намалила од 1.500 на 600 денари.

- Топлата вода што сега ја имаме 24 часа, многу ми се наоѓа во миење на садовите во кои го чувам млекото, но и за миење на другата опрема и на млекарницата. Секогаш имаме топла вода, и налето и во зима. Дури и зимоска, кога температурата беше -15 Целзиусови степени, имавме топла вода. По нас уште десетина лица поставија колектори - вели Божиновска, која, покрај сточарството, се занимава и со земјоделство.

Таа е еден од неколкуте земјоделци или сточари од руралните средини што со поддршка на „Цепросард“ инвестираа во проекти со кои ќе ги искористуваат обновливите извори на енергија во својата работа. Во сончевиот колектор што го поставила Божиновска, покрај нејзината инвестиција, со 15.500 денари учествуваа и „Цепросард“, од каде што истакнуваат дека со ваквите проекти сакаат на селаните да им овозможат покомфорен живот, намалување на нивните секојдневни трошоци и поголемо искористување на обновливите извори на енергија.

- Пред да го почнеме процесот на имплементирање на проектот „Агроенергија“, правевме кампањи низ цела Македонија и имаше голем интерес од земјоделците. Идејата беше да ги поставиме овие пилот-единици, а преку корисниците и другите луѓе да слушнат, да видат дека тоа може да функционира, па и самите да преземат сличен чекор - вели Габриела Мицевска, раководителка на проектот „Агроенергија“ при „Цепросард“.

Прва ветерница во Македонија

Во рамките на овој проект, „Цепросард“ е во процедура на поставување ветерница во селото Мустафино, со која на корисникот ќе му се поедностави процесот на наводнување на културите што ги одгледува.
- Иако во Македонија генерално земено нема многу ветер, има делови каде што постојано дува, како што е селото Мустафино. Ветерниците може да се комбинираат со фотоволтаични централи, при што се дополнуваат и постојано обезбедуваат електрична енергија - вели Дејан Филиповски, советник за енергетска ефикасност при „Цепросард“.

И ѓубривото е енергија

Филиповски појаснува дека по направените испитувања одлучиле во Мустафино да постават ветерница висока 3,5 метри, која ќе испумпува 10-15 метри вода од местото на кое ќе биде поставена. Ветерницата ќе обезбедува вода 24 часа, што ќе им овозможи на корисниците на своето земјиште да одгледуваат култури што досега не можеле да ги одгледуваат поради комплицираниот и отежнат начин на наводнување.

Професорот Славе Арменски од Машински факултет истакнува дека со обновливите извори нема веднаш да се надмине недостигот од електрична енергија во земјава, но со нив може значително да се подобри состојбата. Тој истакнува дека од биомасата, или отпадот од шумите, земјоделството, па и комуналниот отпад може да се користат за производство на енергија, и тоа топлинска и електрична.

- Од еден тон ѓубриво од крави, што се добива од 30 крави дневно, доколку се произведува биогас ќе се добие од 25 до 50 кубни метри биогас, или од 20 до 50 литри биодизел-гориво. Ова е само мал дел од потенцијалот што го фрламе, а кој можеме да го искористиме доколку инвестираме во централи на биомаса. Сепак, морам да истакнам дека средствата вложени во вакви централи ќе се вратат за три и пол години во најидеални услови, или сигурен поврат може да се очекува за 5 до 7 години - истакнува Арменски.

Шведска е број еден

Обновливите извори на енергија многу помасовно се користат во високоразвиените европски земји, каде што поради високата цена за производство на земјоделски култури од кои се добива енергија, сѐ поголем дел земјоделци произведуваат такви култури, а ги занемаруваат оние за исхрана.

- Поради преориентирањето на земјоделците, се појави недостиг од суровини за исхрана, што, пак, предизвика пораст на цените во малопродажба. Поради ова, увидовме дека мора да се менуваат регулативите и да се донесат одредби со кои би се ограничил тој негативен ефект - објаснува Џон Баркер од делегацијата на Европската Унија во Македонија.

Меѓу земјите со најголема искористеност на обновливите извори е Шведска, чија цел е да постигне покриеност на потрошувачката на енергенти од обновливи извори до 49 проценти. Во 2009 години тие покривале дури 45 отсто од енергијата од вакви извори.

- Во мојата земја се става голем акцент на заштедата на енергијата, поради што во куќите се користи изолација од 50 сантиметри, додека на прозорците се ставаат трислојни прозорци. Сепак, кај нас зимата е многу посурово и ние обрнуваме големо внимание на секој детаљ - вели Пер Форнлинг, новинар од Шведска.

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.593
Абе само јас прочитав дека добива ~20 ден од kW?
Муабетот горе е предобар за да е вистинит.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom