Средба Груевски - Путин во четврток 21-06-2012

  • Креатор на темата Креатор на темата jamajka
  • Време на започнување Време на започнување
да видиме што ќе стане од средбата - од руските медиуми !

Русија нема никаква полза и ќар од Македонија инаку многу лесно ми се чини би ја зела под заштита под изговор дека за нив ова е света земја од каде потекнува писменоста на нивниот народ итн итн
Што полза имал СССР, на пример од Албанија после WW2 ?
Што полза има НАТО да не прими во сојуз (доколку не беше ветото на Грција)?

Руска правда пред околу 1 месец имаше прилично голема статија за Македонија, со доста критички став кон Власта во Русија дека не се ангажира во Македонија. Има негде низ темиве но еве пак:
http://english.pravda.ru/world/europe/15-05-2012/121114-macedonia-0/

Овој текст беше инспириран по повод егзекуцијата на Смилковското езеро и протестите на исламистите во Скопје. Цврсто сум убеден дека и оваа државничка средба нема да помине незабележано од Руските медиуми.
 
Многу бе неука владее.

Македонците, НИЕ, имаме улога во подигањето, описменувањето, поправославувањето на рускиот народ. Охридската црква, нејзината дипломатија, е ГЛАВНИОТ спонзор за подигање на Руската православна црква во патријаршија.
Практично.
Охрид, со своите одприлика 365 православни цркви, дали е попривлечен за Брисел или за Москва и за целиот Руски народ ?
Ќутекот што го јадеме изминатите 2000 години, палење, уништување, непризнавање, поради што ?
Во 21 век истата политика, од истите играчи.
Сте се запрашале зошто ?
Не, ве боли стапот, кој ќе чита бе сеа ИсеСторија.
Македонецот во себе ја носи културата и цивилизацијата на БЕЛАзгискиот народ на првиот цар на земјата Белазг. Таа филозофија, тоа учење е во спортивност од политиката и учењето на РИМ, НАТО, ЕУ. Од тоа учење се задоени сите денеска таканаречени словенски народи.
Рим е против тоа учење, тој постојано инсталира системи кај Словените за да го уништи сето тоа, и во голем дел и е уништено. Едно парче хартија нема за таа култура.

Денеска главното прашање е дали е Путин инсталација на Рим или е изворно руски човек.
Тоа е многу битно по словенските православни народи.
Ако е инсталација, ќе го нае*еме како жути мрави, затоа што центарот одма ќе дознае дека сакаме да го напуштиме.
Ако е од нашиот извор што побргу интегрирање со него.

( на овој пост се молат Болгарите од Аспарух и Крум да не реплицираат )
 
За моја жал а и на повеќето кои јас ги познавам оваа средба не верувам дека ќе има некаков политички контекст,ама сепак е добра и требаше многу многу порано да се оствари.
Добро е за нас дека се престрашивме и отидовме во Русија да си ги гледаме нашите интереси кои се многу блиски со руските на Балканот.
Што Путин ќе му каже на Груевски,и што Груевски може да им понуди на Русите во овој момент е тешко да се предвиди,а би сакал ова да е почеток на крајот на нашите маки да ја играме досегашната игра дека непријателите ни се пријатели.
Убаво би било да заврши ова лудило.
За бугарите.
Од тоа што го знам за Русија сигурен сум дека Русија за век и веков заврши со политиката на подршка на Бугарија на Балканот.
Тие ви ја подарија државата ве извлекоа од вашите фашистички гомнарии по војната и вие пак им заривте нож во грб.Сите во Русија гледаат на Бугарија како на држава која си поиграла со Русија како за најнеблагодарна држава,и затоа за вас вратите на Русија се засекогаш затворени.
 
Од тоа што го знам за Русија сигурен сум дека Русија за век и веков заврши со политиката на подршка на Бугарија на Балканот.

Политиката секогаш се базирала на интереси.
Русија пред два века имала исклучителен интерес да излезе на Медитеран, hence Сан - Стефанска Бугарија, hence континуираната поддршка на бугарската пропагнада овде (оти полесно се влијае/владее преку една држава - марионета, отколку преку две.

Истата геостратешка боенка си ја играле преку СССР и македонското прашање после 1945 (мислам на граѓанската војна во Грција и егзодусот на Македонците од Егејска Македонија).

Никогаш не треба да се заборави дека постои и друга интересна страна во поглед на стратешките интереси, конкретно на Балканов.

Нациите со толкаво влијание како нашето (безбедносно, економско, политичко итн...), според мене, секогаш треба да балансираат меѓу различните „луѓе со боици“ и да се обидат некако да се „мушнат“ во агендите на големите батковци, т.е. не смеат да си дозволат ексклузивен однос само со „една страна“.

(Во тој правец, мене ми се допаѓа приближувањето - ако е приближување - со Кина, Русија и Индија, иако малку сум резервиран кон најавеното присуство на арапските шеици)...

Другата опција е она што им се случувало на нашите предци во тек на Балканските и Првата светска војна....

Ова што сега се случува (тргнувајќи од Авганистан, Ирак, т.н. Арапска „пролет“, Сирија), мислам дека има малку поширок контекст и ги вклучува Турција и Израел како знаменосци на една заткулисна борба за влијание, во услови на промена на балансот на силите во светот (особено заради подемот на БРИКС и економската криза на Запад).

Не дека кажав нешто ново, ама ај....
 
Баланс. Клучот на успехот е баланс. Добри и со едните и со другите. Кротко јагне од две мајки цица.
Слабо развиени економски држави како нас, кои немаат купишта милиончиња да ги расфрлаат наоколу за лобирање и масовна пропаганда по белиот свет, најубаво им е да си држат баланс. Треба добри и зацврстени односи и со Исток и со Запад. Не можеш ниту без едните, ниту без другите (зборам во однос на дипломатија). Мудро однесување и можеме да извлечеме позитивни работи за нас. Додуша со ЕУ едноставно нема преговарање, не може да се преговара со нив и се додека луѓе како Фуле/Филе/какоидамуеиметоаманемеинтересира се одговорни за проширување. Еден конструктивно објективен муабет немаше до сега.
 
Оф море маjко, разберете се наjпосле.
Един вика "за вас вратите на Русија се засекогаш затворени", друг тврди дека сме биле "троjанскиот кон на Русиjа во ЕУ". Един - "руски марионетки", друг - "забивте нож во грб". Викаш "сите во Русија гледаат на Бугарија како на држава која си поиграла со Русија", друг "во Бугариjа на одмор идат само Русите". Като палачинки сте.
И на вас Србите ви дадоха нешто като држава, па вие им забивте нож и обjавихте независимост от Jугославиjа, дадовте бази за НАТО во 1999, па и признахте Косово. Дали тоа значи дека "за вас вратите на Србија се засекогаш затворени"?

Односите помегу Бугариjа и Русиjа не ви засегат /освен кога Бугариjа направи Русиjа да ви признае/. Тие са традиционни, и ако и да има доза сантимент, главното са трговските врзки и енергетските политики на двете земjи.
Тоа што има разноликост во нашите погледи кон што тоа политички прави Бугарија, е резултат на вашата политика која е традиционално таква(некој ја викаат курвинска или едноставно бугарска како поим за таква политика).

Нас Србите не ни дадоа држава,туку за државата се изборивме ставајќи се на страната на антифашистичката коалиција, и давајќи 25 000 илјади животи за нашата слободаза разлика од вас.
За последното.
Односите помеѓу Бугарија и Русија за жал во 19 и 20 век многу ја засегаа Македонија, и многу македонски дејци се обидуваа да добијат подршка од Русија во нашата борба за слобода но беа попречувани од Бугарските интереси кои беа спротивни од нашите за создавање македонска држава.
Сега ние и не сме токлу свесни дека благодарение на вашиот однос кон Русија ние на таа многу важна светска врата извојувавме голема победа во тоа да се чуе и македонската позиција на Блаканот.
Тоа за што нашите преродбеници се бореа во 19 век сега со ваша"помош" се оствари.
Се чувствува некоја лутина кај тебе,па би те советувал ако на некој треба да му се лутиш тоа се твоите бугарски политичари.
 
Катастрофалните надворешни политики на Груевски,

1- Се обидува да се зближи со Русија,Кина, Индија и Турција

2- Отворено зборува против САД,НАТО и ЕУ

3- НЕ ги знае казните на западните земји

4- Се уште не може да сфати дека со античката историја ќе ја уништи цела Македонија, со крадење на грчката историја неможе да се постигне нешто, едноставно и заради тоа мора да се реши спорот со Грција,

5- Никој нема да дава гранација за во иднина дека внатрешните албанци нема да се бунтоват пак,доколку МКД не успее да влезе во НАТО и ЕУ

6- Доколку се продолжува вакви надворешни грешки МКД кат тат ќе се соочи или со распад или со федерализација..
 
Да почекаме прво да заврши официјалната посета , па да видиме дали ќе има некој суштински исчекор .

Во секој случај доста позитивно сега за сега . Нешто што може да се закључи и од коментарите на источните комшивчиња кои со сите снаги сакаат да ја саботираат темата ....
 
Предупредување за бан од тема поради оф-топик. Последен пат. Оди на бугарски форуми зборувај за бугарски туризам, не на темава. Уште едно мислење и одиш на бан.
 
Да почекаме прво да заврши официјалната посета , па да видиме дали ќе има некој суштински исчекор .

Во секој случај доста позитивно сега за сега . Нешто што може да се закључи и од коментарите на источните комшивчиња кои со сите снаги сакаат да ја саботираат темата ....

А ти што очекуваш конкретно еве да им понудиме на русите??

Се знае нивниот интерес-енергенси кои моментално се во грчки раце па дури и ТЕЦ неготино произведува чат пат струја за грција.
 
1- Русија нема корист од МКД

2- Русија никогаш нема да биде воено и економски по силна земја од Западните Земји

3- МКД се дур не сака да се реши спорот со Грција,нема да има просперитет и добра иднина за македонските граѓани..


1. Точно
2. Точно
3. ??????????????????????
Како тоа Македонија не сака да го реши спорот ..... кој спор и за што спор .............. спорот е наметнат од Грчка страна уште пред 2 децении(откако станавме независна држава) !
 
Јас сум да не им вртиме грб на НАТО и Америка , оти тешко ни се пишува.
да да па после да видиш како Македонија ќе ојде (n) Мала земја од сите страни спорови тешко дека без нивна помош дека ќе преживееме (n)
--- надополнето: 20 јуни 2012 во 18:15 ---
1- Русија нема корист од МКД

2- Русија никогаш нема да биде воено и економски по силна земја од Западните Земји

3- МКД се дур не сака да се реши спорот со Грција,нема да има просперитет и добра иднина за македонските граѓани..
Братче русија си е русија (y)
 
да видиме што ќе стане од средбата - од руските медиуми !

Русија нема никаква полза и ќар од Македонија инаку многу лесно ми се чини би ја зела под заштита под изговор дека за нив ова е света земја од каде потекнува писменоста на нивниот народ итн итн

Русија немала и нема воопшто никакви интереси на Балканот(барем во последниве 20 год. НЕ) ...... кога им беше најтешко на Србите(нели беа ’’браќа’’ со Русите) во 1999 год. Русија ни со мало прсте не им помогна, едноставно ги пушти по вода .......... а па замислете каков интерес би имал источниот гигант Русија па од нас кои сме далеку помали од Србија и со територија и со население, а и сме економски послаби од Србија, а и воено и политички сме послаби исто така !
Кое е тоа Руско влијание во МКД ?
Единственото нешто Руско во оваа држава се Лук-Оил пумпите и ништо друго ......... но тоа е само чист бизнис и ништо повеќе .......... каков поголем интерес и ќар би имала Русија од нас, било да е на политичко, технолошко, воено или економско ниво ?
 
Русија немала и нема воопшто никакви интереси на Балканот(барем во последниве 20 год. НЕ) ...... кога им беше најтешко на Србите(нели беа ’’браќа’’ со Русите) во 1999 год. Русија ни со мало прсте не им помогна, едноставно ги пушти по вода .......... а па замислете каков интерес би имал источниот гигант Русија па од нас кои сме далеку помали од Србија и со територија и со население, а и сме економски послаби од Србија, а и воено и политички сме послаби исто така !
Кое е тоа Руско влијание во МКД ?
Единственото нешто Руско во оваа држава се Лук-Оил пумпите и ништо друго ......... но тоа е само чист бизнис и ништо повеќе .......... каков поголем интерес и ќар би имала Русија од нас, било да е на политичко, технолошко, воено или економско ниво ?
Војната е продолжена рака на политиката, а политиката е продолжена рака на бизнисот.

Каков ќар, па доволно е присуство во регионот. Каков ќар имаше САД од Израел, опколен од проСоветски држави, па да уложува милијарди во негов опстанок. Ниту нафта има Израел ниту никаков природен ресурс, ништо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom