- Член од
- 23 март 2012
- Мислења
- 11
- Поени од реакции
- 1
- Возраст
- 38



Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Очигледно уште имаш поткожни влакна... Инфекцијата настанува од нив, се интензивира со чепкање/стискање, особено затоа што се на незгодно место (препони) каде што цело време ти се тријат и каде што има пот и топлина (извор на бактерии).A од што излегуваат тие ? Како што реков пред да дојдам овде немам проблем со ништо слично , кога дојдов ми се појави прво проблем со поткожни влакна, речиси имав повеќе поткожни влакна одколку надвор
Се мачкав со една маст , ги сончав , ми се среди тој проблем , па почна ова. А имав кожа како на бебенце
)))
Очигледно уште имаш поткожни влакна... Инфекцијата настанува од нив, се интензивира со чепкање/стискање, особено затоа што се на незгодно место (препони) каде што цело време ти се тријат и каде што има пот и топлина (извор на бактерии).
За кожни инфекции како на пример акни мене ми има помогнато клиндамицин антибиотик, и/или клиндамицин базирана антибиотска маст a најмногу ми имаат помогнато облози со 98%, 70% или обична ракија - алкохол - се чува на местото облог од стерилна газа натопена во алкохол 10 мин до 30мин. Исто доколку немам алкохол ретко имам користено и бетадин."Чир е гнојно (најчесто) насобирање кое создава притисок, болка, може да пукне (спонтано или предизвикано од притисок) и да создаде загадување на крвта или околината со гнојната содржина, причини за формирање на чиреви има многу, некоја инфекција или навлегување на страно (туѓо тело во ткивото) и обид на организмот да го исфрли при што околу телото се собира лимфа и бели крвни зрнца со цел да се борат против инфекцијата, во недостиг на кислород бидејќи најчесто загнојувањето е во внатрешноста се создава гнојна содржина која се насобира. "
Здраво , пред некое време ми се појави чир на препонот , но јас не го оставив да помине сам, цело време го стегав , искрено после тоа не правев ништо за деизнфекција. И сега веќе ги имам неколку .Ве молам ако некој имал ваков сличен проблем , и ако знае некој лек нека ми пише.Само да не биде некој лек што го има само во Мкд аптеки,затоа што јас не сум во Мкд. Ви Благодарам и чекам помош зашто ова веќе не се трпи![]()
За кожни инфекции како на пример акни мене ми има помогнато клиндамицин антибиотик, и/или клиндамицин базирана антибиотска маст исто така најмногу ми имаат помогнато облози со 98%, 70% или обична ракија - алкохол - се чува на местото облог од стерилна газа натопена во алкохол 10 мин до 30мин. Исто доколку немам алкохол ретко имам користено и бетадин.
Е сега, шпиртот е јак (исто и полесно запаллив) и може да предизвика нагризување на кожата па после да се излупат мртвите слоеви кожа, и често велат да се пази кога се употребува а и стварно треба да се пази, али јас на пример гајле неам, може и таква ми е кожата. Досега ми се нема случено да ми се лупи кожа или слично, само дезинфицира и се намалува отокот и црвенилото и се смирува инфицираното место.
Напомена: Сепак јас не сум лекар и моево мислење не е стручно, најдобро да се консултираш со лекар пред да земаш било какви лекарства доколку си во состојба, исто треба да немаш алергија на хемиските состојки кои што ги употребуваш, така што пази и пак ќе речам консултирај се со лекар.
Нема проблем, али пак ќе нагласам моево е најчесто користено за „класични“ акни (значи не е алергија или инфекција од некој потежок патоген организам), така што со доктор сепак е најдобро да се консултираш.Благодарам !!!![]()
Нема проблем, али пак ќе нагласам моево е најчесто користено за „класични“ акни (значи не е алергија или инфекција од некој потежок патоген организам), така што со доктор сепак е најдобро да се консултираш.
Не знам дали во Сиднеј даваат антибиотик без рецепт. Искрено не верувам, а и боље е да се издава само со лекарски рецепт. И ја би те посоветувал да те види лекар.Ќе ве послушам , сите исто ме посоветувавте![]()
Не знам дали во Сиднеј даваат антибиотик без рецепт. Искрено не верувам, а и боље е да се издава само со лекарски рецепт. И ја би те посоветувал да те види лекар.
Надвор од темата, меѓутоа во секоја можна прилика сакам да потсетам на проблемот со антимикробната резистенција како се поголем и поголем проблем во јавното здравство. Претераната и неконтролирана употреба на антибиотици е главна причина за појавата на отпорност на бактариите спрема лековите кои (во овој момент) делуваат на нив. Во 2011 година светската здравствена организација својот Ден на здравјето (7ми Април) го посвети на темата за антимикробната резистенција и мотото беше: „Без акција денес ќе нема лек утре“. Повеќе инфо за WHO World Health Day 2011 на следниот линк: http://www.who.int/world-health-day/2011/en/index.html, а официјалната информативна pdf брошура можете да ја видите овде: http://www.who.int/world-health-day/2011/world-health-day2011-brochure.pdf.
Не земајте антибиотик на своја рака, колку и да сте во право (од искуство) дека токму тој антибиотик е најделотворниот во вашиот случај.
P.S. Хлорамфениколот денес најчесто се користи како површински антибиотик (масти и слично) и да не се повторувам со Acid ефикасен е против кожни чирови (но има разлика од чир до чир). Само исклучително ретко се користи системски (орално; парентерално) бидејќи има прилично непријатни несакани ефекти меѓу кои најлуди се супресијата на коскената срцевина и апластична анемија (која може да биде и фатална) - тој е повише као бекап лек во тешки инфекции кога збориме за системска употреба.
Сигурно има некоја ефикасна маст за чиреви..не може да не отидеш на доктор, кога се работи за здравjе нема срам..