Може против палестинци со камења се ефективни меркава али во последната војна изгубија неколку дузини против Хезболах ( најверојатно некој нов ирански ракетен фрлач ).На крај поради големите загуби и дојде до мир зошто после 2 недели борба уште не успеаа да им ги пробијат линиите.
Плус ние сме ридска земја и користењето на тенкови против каква било подобро опремена група би било тешко.Подобро е само реактивен оклоп да се купи за Т-72 ките за РПГ `ија да немаат ефект и да се модернизираат во Русија и тоа за нас е повеќе од доволно.Се повеќе од 40 тенка за Македонија е фрлање пари во ветер.
Тоа што ни треба e ова
http://en.wikipedia.org/wiki/M777_howitzer 155 милиметарски ховитцери што се доволно лесни да бидат влечени од камион ( тежината е околу само 4 тона поради користење на титатниум ) а имаат домет до 40 км.До 30 километри имаат прецизност од 9/10 во радиус од 1 метар и 1/10 во радиус од 3 метри.
Цената им е ефтина и дури и ние би можеле да си ја дозволиме,еден чини во просек од 700 000 до 1 милион долари.Али со 40 вакви би имале страшна артилерија.
Овие се малку поскапи али едно 6 вакви не би биле од одмет
http://en.wikipedia.org/wiki/Kamov_Ka-52.
Со овие хеликоптери,М777 артилеријата и модернизирани Т-72 секаков конфликт со вооружени формации би завршил во рок од 24 часа.