T
Tetro
Гостин
ОХРИД ГИ ГУБИ ТУРИСТИТЕ ОД КОИ ПРЕЖИВУВА
Минимален или никаков раст на бројот на туристи - ова е најпозитивното сценарио кое го очекуваат туристичките работници за претстојнава летна сезона во земјава. Тешката економска состојба, зголемената цена на енергенсите и екстремно евтините пред и постсезонски цени во приморските летувалишта во регионот се главните фактори на кои се темелат ваквите црни прогнози на угостителите од земјава.
Поголемиот број од нив се свесни дека со тоа што не се во состојба да понудат ништо ново дополнително си ја влошуваат состојбата. Но, велат дека финансиски не можат да направат ништо повеќе.
Елида Битрак, сопственик на туристичка агенција која повеќе од четири децении е инволвирана во туризмот, вели дека не може да се зборува за одлична сезона кога во моментов ниту во агенциите ниту во хотелите нема таква атмосфера.
„Дефинитивно не очекуваме раст на бројот на туристи. Ако сезоната ја гледаме по стартот, ќе биде полоша од минатата. Најстрашно е што ги губиме српските туристи од кои преживуваше Охрид во последниве 5 години. Имаме најави само за помали групи. Масовност може да се очекува дури на крајот на јули, но тоа веќе не е сезона туку викенд и празничен туризам“, тврди Битрак за „Капитал“.
И хотелиерите признаваат дека годинава не очекуваат туристички „бум“. Заменик-генералниот директор на Метропол, Филип Мишевски, вели дека на сите треба да им е јасно дека ако има нагло зголемување на бројот на туристи во Охрид тоа сигурно нема да биде оваа сезона.
„Ние го направивме нашето во поглед на промоцијата. Склучивме договори со холандски, фински, српски и грчки агенции, но повторувам, бројот на туристи ќе биде ист или минимално поголем од лани“, вели Мишевски.
УГОСТИТЕЛИТЕ ПРЕЖИВУВААТ - НЕ МИСЛАТ НА ИНВЕСТИЦИИ
Преживување, а не развој е мотото кое туристичките работници од земјава сe посмело го исткануваат во јавноста. Во услови на скапи кредити и крајно неизвесен поврат на вложеното, туристичките работници минимално вложуваат во капацитетите. Сопственикот на одморалиштето Шекерана од Претор, Хикмет Алтинтоглу, единствен поголем угостителски објект на Преспанското езеро вели дека само најсмелите или лудите се одлучуваат да инвестираат во ваков бурен период.
„Однапред се откажуваме од гостите, никој не сака да инвестира во туризмот. Угостителите се плашат да вложуваат во Преспа ништо не е изградено повеќе од пет години, а многу е затворено. Сите сме на преживување и очекуваме со постоечките капацитети да направиме што е можно повеќе, а и сами сме свесни дека тоа ни носи бенефит. Но, за жал, можностите ни се толкави“, вели Алтинтоглу.
И за експертите редовното инвестирање во туризмот е клучно за развојот. Можната стагнација на секторот на подолг рок би се одразило на константно намалување на бројот на туристи кои секогаш очекуваат нови содржини во омилените туристички дестинации.
Професор Науме Мариновски од Факултетот за туризам во Охрид смета дека евидентно е дека сe повеќе се напушта концептот на големите објекти што може во иднина да донесе и други реперкусии.
„Во услови на криза малите објекти се пофлексибилни и единствено кај нив може да има инвестиции. Јасно е дека Метропол или Десарет уште еднаш нема да се изградат, а и нивното одржување е под знак прашалник. Охрид е веќе град на вили и приватно сместување што само по себе ја затскрива реалната слика за бројот на гости за време на една сезона“, вели Мариновски.
КАФЕАНЏИИТЕ ПОМИНУВААТ НАЈЛОШО
Рестораните и кафеаните се најпогодени од намалувањето на бројот на гостите, а и тие што веќе се дојдени гледаат да заштедат на пообилните оброци.
„За нас ќе биде особено лошо, бидејќи групите кои доѓаат мора да спијат во хотел и не мора да јадат кај нас. Исто така, се плашиме од промената на структурата на гостите во Охрид. Јас сум 40 години во угостителство и знам дека секоја година во Охрид доаѓа сe посиромашна и помлада структура на гости, од која ние не можеме да живееме, бидејќи едноставно не е дојдена да троши“, вели Љупчо Патче, сопственик на ресторанот Далга во Охрид.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/85144/ohrid_gi_gubi_turistite_od_koi_prezhivuva.aspx