Јазикот прво на кој што пишуваш, огромната ризница на народни песни, приказни, словенската митологија која се провлекува во истите приказни.
Јас фино лепо си прашав, дај напишете една допирна точка со античките македонци, едноставно е.
Онтопик:
Стилот на градење во Белград и во Софија во 19тиот век(барок со класицизам) е разбирлив, ново основани кралства, сакаат да ја утврдат позицијата во светот па градат грандиозно и се угледуваат на Виена.
Што сакаме ние да докажеме со новопронајдениот барок?
Зошто има уште триста тракатанции на плоштад, како рингишпили, врби, панорамски тркала?
Зошто, побогу, толку грандиозни споменици на толку мал простор?