Да забележиме дека тие имаат партнер.
Ако не е прекршен закон и во вид интима, зошто би коментирале услови и начини на нивно запознавање, за *овој* случај?
Ако коментираме за *овој*, треба и за *сите* случаи. Но, ако претпоставиме егзистенција, тогаш љубовта е силно ирационална (освен таа што не е),
следствено секој коментар е бестежински.
Мала е разликата меѓу запознавање преку facebook (теоретски, тогаш газдите на facebook ја имаат улогата на посредникот - тие земаат пари) и ова.
Зошто, тогаш, не се зборува толку за нив? И така натака.
Неколку забелешки: кој се грижи премногу за туѓиот срам, и за него самиот не владее добро мислење. Таа компензација е лек за егото, но е симптом
за останатите. Друго, кој суди, ќе му биде судено, затоа тој што суди, мора со пример да докаже дека е супериорен на сите полиња референтни.
Но, во мое разбирање е дека 9 од 10 од тие што силно судат, го прават тоа како замена за одбрана (напад за одбрана). Смешно и трагично, но вистинито.
Зошто инаку ги интересира животот на другите? Повторувам, ако не е прекршен закон.
(Оваа традиција била еден од начините на комбинирање слични-со-слични. Уште повеќе, начин кој функционирал, сѐ додека не разбие пропагандата на
„заостанатост“, „феминизам“, „европски вредности“. Но, принцот никогаш не ја земал селанката во село, значи мора слично со слично.
Дури и некои тврдења на познати филозофи се дека не постојат разлики in concretо, освен финансиски
(дури и: сите ставови на човекот, се последица од неговата финансиска моќ))
Да забележиме дека станува збор за луѓе кои немаат проблем со моменталната слика на „идеалната“ жена што се наметнува од сите страни:
-без морал(„тоа е толку 19-ти век..“), без чест („еднаш живееме“), без деца, без фамилија (или, ако има, како нужно зло: после 40)
-бурен ноќен живот („саботата беше уау!!!“), интересен секојдневен живот („сексот и градот“), афери константно,
промискуитет (ако немаш парен број љубовници, заостанат/а си, не го разбираш времето; ако немаш три развода, не си човек!)
-редовно губење време зборувајќи за другите, редовно кокетирање („не ми значи ништо!“) (бидејќи така требало).
Не исклучувам причина за толку бурната реакција за скоро тривијално нешто дека е опасноста од оваа појава. Веднаш забележувам дека
претходно споменатиот тип на жени БИТНО губат од вредност со оваа појава. Што, можеби некој ќе рече, е доволна причина за да опстане оваа појава.

.
Смешна е споредбата дека „ова не било феминистички“.
Сурова вистина е дека феминизмот (и сите борби за т.н. „еднаквост“ на жената) ги донесоа до состојба на роб.
Најголемиот прекршок за жените е борбата за нивна „еднаквост“. Да имаме во вид и статистиката за разводи, несоодветни работни места, итн.
А уште поголем срам е парцијална „еднаквост“. Скоро еднакви. Тоа значи, експлоатација на другиот пол.
Значи, каде ни одговара, ќе бидеме еднакви, каде не, нема. И тие зборуваат за објективност!
Урнебесна комедија! Како и целата тема! Не е мое да оправдувам или не, додека не се прекршени закони.
Живеј и остави да живеат! (Германска поговорка).