Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале континуиран успех од најмалку 4,00;
2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале континуиран успех од најмалку 4,00;
3. да не повторувале година во текот на образованието;
4. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5. да се државјани на Република Македонија.
Критериуми за доделување на стипендиите се континуиран успех остварен во текот на школувањето од најмалку 4,00, освоена награда на државни или меѓународни натпревари од областа на науката, техниката, културата и уметноста, соодветни на струката што ја изучува ученикот во средното училиште, материјална состојба на потесното семејство, при што од критериумот успех остварен во текот на школувањето може да се добие најмногу 25 бодови, од освоени награди најмногу 10 бодови, остварените приходи од членови на потесното семејство најмногу 60 бодови и до најмногу 5 бодови добиваат учениците - деца на самохрани родители, деца без родители, деца на корисници на социјална помош и деца на корисници на надомест по основ на технолошки вишок.