B
Black Guard
Гостин
Ама веќе одамна паднаа аргументите на науката-од првиотНаучниците создадоа вештачка ДНК и РНК
Британските научници денес објавија дека за прв пат во историјата успеале во лабораторија да создадат вештачки верзии на молекулите на ДНК и РНК, кои потоа ги копирале и продолжиле со процес на еволуција.
Според извештајот претставен во новиот број на магазинот Science, студијата покажала дека способноста на ДНК и РНК да пренесуваат наследни информации не е единствена. Ова откритие би можело да има револуционерно значење за идниот развој на синтетичката биологија и биотехнологија, а покажува и дека животот доколку некаде постои поинаку во вселената, би можел да биде одреден од еволуцијата, но не нужно и од слична хемија.
Научниците од Лабораторијата за молекуларна биологија Medical Research Council во Велика Британија креирале шест различни молекули слични на ДНК и РНК, таканаречени ксенонуклеински киселини (XNA) така што ги замениле шеќерите.
Бидејќи во експериментот нуклеобазните вештачки ДНК останале исти како во природните ДНК и РНК, креираните молекули можеле да се поврзат со природните. Но, во создавањето на целосно вештачка генетика клучно е дека синтетичките ДНК и РНК не само што можат да пренесат генетска информација, туку и да овозможат таа да се менува и пренесува и понатаму, со други зборови – да еволуира и да се наследува.
Иако во новата студија не е создадено целосно синтетичка ДНК на која на би и требала природната како посредник, стручњаците сметаат дека таа сепак претставува важен чекор напред во вештачката генетика, биотехнологија и егзобиологија, односно во истражувањето на вонземниот живот.
http://kajgana.com/nauchnicite-sozdadoa-veshtachka-dnk-i-rnk
I Био-електронски организам
Уште за истотоn a society that has goldplated
everything from hubcaps
to teeth, it was perhaps
inevitable that someone
would find a way to add
some bling to bacteria.
Chemical engineers Ravi
Saraf and Vikas Berry of the
University of Nebraska at Lincoln
have embedded bacteria
with microscopic gold
particles, creating the world's
first living electronic circuit.
киборг-че па до ГОЛЕМАТА МАГИЈА.