Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Зелено пазарче - Скопје - 350 ден (y) веќе 5 месеци го имам и мука нема :)
--- надополнето: 22 мај 2012 во 00:31 ---

Пријател дали добро видов? 313 км? имаш извозено и не си бил на мајстор? ако е така ок е ама јас имам точак од 100 е со кои извозев до денеска 570 км и само што му купив дупли бандажи ништо друго и на мајстор немав ни отидено :) така да мала ти е километражата за разлика од мојот до твојот точак.

Не 313 туку 3138 километри откако го имам брзиномерот на велосипедот и неколку стотини километри без него пред да го купам околу 3500км има поминато.
 
Не 313 туку 3138 километри откако го имам брзиномерот на велосипедот и неколку стотини километри без него пред да го купам околу 3500км има поминато.
Kolku vreme vozis? t.e za kolku vreme ja pomina ovaa km?
 
Земи си Трек 3700..одлично точаче...

Цената е доста посолена, јас би се задоволил и со 820ката, ама ете... Инаку дали е нормално или професионално, бидејќи не сум баш навлезен во велосипедскиот свет, да добијам таков одговор во продавницата? Сега ќе треба да одам до Ниш и да купам од тука, што според мене е жално.
 
Друже пред месец дена ги прошетав сите бајк продавници низ Скопјево пред да се одлучам што да купам и прашував и што треба и што не треба...:)Бев и во Бајк Стоп и го прашував за 3-4 модели на Трек и за 820-ката самиот продавач не го пофали точакот...Овој ти е вика само за на асфалт и строго градска вожња значи никако по нерамнини макар и мали...И не е издржлив за луѓе со малку поголема тежина...:)Така да мој совет ти е присобери си уште 3-4000 денарчиња и за таа цена веќе имаш избор...
 
незнам што толку си го бендисал трекот, рамот е челичен(тежок, реално времево на ваквите рамови му помина пред 10 години), вилушката е тешко срање дури и за крос кантри, јас за 200 евра не би ти препорачал да земиш нов цел точак, да го земеш рамот и амортизерот половни ке склопиш многу подобар точак а другите делови можеш и нови.

зборни со човеков за рамот и амортизерот прашај го кои му се последни цени, исто и тркалата му се добри, ако сакаш да почниш со поквалитетни тркала ако не и поевтини ке ти бркаат работа рачунај дека формула главините се доста скапи но и квалитетни и нема да мислиш воопшто на нив. другите делови како менувачи, кочници и сл. можеш да ставиш и поевтини за почеток, вечер ке ти направам математика што како би било одприлика но да знаеш и да додадеш некое евро плус немој да го жалиш бидејки ке вреди точакот
 
Цената е доста посолена, јас би се задоволил и со 820ката, ама ете... Инаку дали е нормално или професионално, бидејќи не сум баш навлезен во велосипедскиот свет, да добијам таков одговор во продавницата? Сега ќе треба да одам до Ниш и да купам од тука, што според мене е жално.
Еве ти Трек 820 стар десет дена го продава дечково...можда ќе можеш дури и 20-30 евра да му симнеш на цена...http://www.pazar3.mk/mk/Listing/Detail/Index/949616?searchID=1056380&Idx=24
 
Сега дури видов дека на Trek-от 820-ка рамот му е челичен и со оглед на деловите што ги има мислам дека не се исплати за парите, дефинитивно. :)
 
Има 2 работи кои што не ги спомнав, буџетот е фиксен и изнесува 250 +/- 10%, велосипедот исто така мора да е нов. Би се користел offroad ептен ретко, можеби 2 пати во годината. Што препорачувате во тој ценовен ранг, ако не Трек 820?
Во предвид ги земам и Трек 3500 од Србија, бидејќи таму чини 14 000 денари и Трек 3700 (модел од 2011та) што чини 15500.
 
И јас се изненадив дека Трек 820 е челичен рам, мислев дека компанија како Трек воопшто сега и не произведува такви. Ако одиш до Ниш тогаш види го и јапонецот Накамура во Интерспорт таму, за цената (150/60 евра на попуст) е солидно велосипедче.

http://www.intersport.rs/akcijska-ponuda/letak/animirana-verzija
 
Ако сака некој продавам механичка диск кочница Avid BB5 mtn користена една сезона и нов некористен диск Avid Roundagon 203 mm со адаптери во комплет. Исти како на сликите. Многу поволно, информации по ПП.

Еве ме мене пак. Ако бугарскиот Cross не вреди да се купува, тогаш вреди ли да се купи бугарски Drag? Еве овој модел ми се допаѓа Drag ZX4 TE.

Потребен ми е совет!

Благодарам.

Сеуште не знам како се става линк (сликичка).
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom