Блатер предложува укинување на пеналите

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.413
Поени од реакции
35.061
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Извор

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, побарал од легендарниот германски репрезентативец, Франц Бекенбауер, да пронајде замена за изведувањето на пенали, во случај натпреварот да заврши без победник.

blater-predlozhuva-ukinuvanje-na-penalite-85869.jpg

Блатер на конгресот на ФИФА во Будимпешта, рече дека фудбалот губи како тимски спорт кога натпреварот се решава со изведување на пенали.

„Страста и драмата во фудбалот можат да станат трагедија кога натпревар се решава со удари од 11 метри“, изјави Блатер.

Бекенбауер е претседател на Работната група на ФИФА која е задолжена за измена на правилата, со цел играта да добие на атрактивност и да биде воведена поголема контрола врз натпреварите.

Кое е вашето мислење, односно, каква завршница ви предложиле вие во случај на нерешен резултат?
 
Пасење на тревата од својата половина. Кој прв, односно кој успее да си ја испаси (со три замени), е победник.
Или па кој побрзо ќе ја исшмука белата линија а :D

Глупости на кило е ова ... ептен им падна тешко што Челзи освои Лига на Шампиони !!! Да победеа Баерн на пенали немаше да ја слушаме оваа песна ... лицемери !!!!!
 
Нека се напие лекови и нека не ломоти многу,многу...старо дртало неписмено.
 
Да се шутираат по 5 слободни па ако е нерешено по 5 пенали.:rolleyes:
 
Златен гол :D
 
На некои натпревари имаш осет дека и до утре да играат никој нема да даде гол, овој алтернативи ќе барал.
 
Има интересен начин на изведување пенали, играчот тргнува од центарот и мора да шутне надвор од 16 метри.Мислам дека пријателската помеѓу Јувентус и Милан, што ја играат секое лето, вака завршува.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom