Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Ај да ми кажете кој е најдобар кожен лекар во Скопје?
 
Пред 3-4 недели направив сообраќајка со моторот али само изгребан бев ништо друго...ама после неколку дена почна рамото да ме боле...си мислев набиено ми е од шо паднав...поминаа 2-3 недели и уште ме боле...ама ме боле само кога го мрдам назад...го мачкав со една маст неколку дена ама џабе...ни да се намале болката ни ништо...а и чудно ми е како ме боле само кога го мрдам назад...

Некој совет ?
 
Едно прашање , да не одам по кожни лекари и глупости за едно мозулче, кое ми се направи пред некој ден на образот , е сеа работава е шо ова не е ко другиве мозулчиња на лицето шо ми се ,пошо ова е веќе направено како грутка . Пред некој ден пробав да го стегнам али безуспешно ...го намачкав со кремот за мозулчиња ,повторно без ефект...не дека боли нешо али ме нервират. Па ако некој имал искуство со нешо вакво нека поможит,ако не останете ми поздравени.
 
Ај да ми кажете кој е најдобар кожен лекар во Скопје?


У Воена болница ќе идеш или Промедика ако сакаш приватно една многу убава и ептен стручна кожна докторица, е сеа ако ми текне ќе ти кажам и име, ама фул е секад у воена ти препорачувам да си одиш приватно лајк а бос :)
 
Имам голем проблем да ја избричим брадава на лицево, се бричим скоро на секој 5 дена користим Gillette fusion, и Nivea пена за бричење- пробав и со гел ама исто ми се случува, бричот ми ја корне брадата место лагано да ја бричи, и само крварим. Дајте некој совет.. инаку да напоменем бричот го мењавам после секое 3 или евентуално 4 бричење.
 
У Воена болница ќе идеш или Промедика ако сакаш приватно една многу убава и ептен стручна кожна докторица, е сеа ако ми текне ќе ти кажам и име, ама фул е секад у воена ти препорачувам да си одиш приватно лајк а бос :)
Ќе одам лајк а бос, ај кажи ми како се закажува за преглед, од поодамна не сум бил кај згодна докторка :D
 
Сакам да пробам да пијам од овај јогуртот Баланс Плус, зошто стомаков ми е катастрофа, често пати имам подуеност, гасови, кркорење. Дали помага нешто во вакви случаеви?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom