1. Одлично кажано. Целосна поддршка за ставовите во интервјуто, мислам дека секој Македонец така се чувствува.
2. Да оставиме време до самитот да видиме што ќе се случи и дали Груевски овие изјави ќе ги употреби само сега или и понатака ќе остане доследен на овие негови ставови.
3. Се надевам дека има план што понатака (т.е. дали добивме некои гаранции од други држави за инвестиции или некои засилени економски односи како Кина. Русија, Индија и сл.), затоа што бидеме искрени сите овие зезанции со НАТО и ЕУ се од една причина - економска.
4. За жал се сомневам дека опозицијата ќе биде барем делумно на иста страна со власта во врска со ова прашање и очекувам уште побеспоштедна битка за власт во наредните месеци, а картата ЕУ и НАТО ќе се користи како џокер.