Телеком ADSL и OPTIC интернет - генерална дискусија (новости, прашања, проблеми)

  • Креатор на темата Креатор на темата vmx
  • Време на започнување Време на започнување
Тој горе е со Лондон, еве и со Дизелдорф :)

1955193284.png

Оффф, извини стварно не видов! :D
 
http://www.maxtv.mk/mk/215/Paketi/3_Max/3_Max_Comfort_.html

Го имам овој пакет моментално за кој плаќам 3500+ ден. Дали ако мигрирам на новиов ќе плаќам само 2500? И дали 171 работи 24/7 и можам да мигрирам со еден повик? Или треба во салон да одам?
 
Да, ќе плаќаш 2500 со новиот.
171 работи од 08 до 20 часот и таму ќе побараш миграција, за неколку дена ќе те префрлат.
 
Од она што го знам, во државава, кај било кој провајдер да си, неможеше да мигрираш на поефтин пакет, само на поскап.
 
За втор ресивер може ли да порачам на 171 или треба да се стрчам до салон, мада неверувам одма да ми дадат ?
 
Од она што го знам, во државава, кај било кој провајдер да си, неможеше да мигрираш на поефтин пакет, само на поскап.

Тој не мигрира од поскап на поефтин, туку само го продолжува договорот на тековниот пакет за кој е намалена цената :)
Кај Телеком не е проблем мигрирањето од поскап во поефтин, неколкупати се имам префрлувано и ми немаат правено проблем.
--- надополнето: 17 мај 2012 во 09:38 ---
2800 денари е 3 макс оптик комфорт, како што може да се види тука: http://www.maxtv.mk/mk/210/563/140/Paketi/3_Max_Optic/3_Max_Optic_Comfort.html
Додека цената од 2500 денари сеуште стои кога ги гледаш сите пакети тука: http://www.maxtv.mk/mk/203/Paketi/3_Max_Optic.html

Е сега која е вистинската... најверојатно онаа од 2800 денари.

2799 е цената која ја има и на двата линка, најверојатно сабајлево кога ти си гледал не им било корегирано тоа.
--- надополнето: 17 мај 2012 во 09:41 ---
За втор ресивер може ли да порачам на 171 или треба да се стрчам до салон, мада неверувам одма да ми дадат ?

Јас на 171 го порачав вториот ресивер и ми го донесе (и инсталира) вработен од телеком, макар што мислам дека е подобро да отидеш во салон па ако имаат на залиха да ти дадат и самиот да го поврзеш ( адаптерот за напојување во струја, лан кабелот во ресиверот и во рутерот/оптичкиот апарат и скарт/хдми кабелот од ресиверот до телевизорот).
 
Чисто да споделам искуство...

- имам(в) MaxADSL Start
- минатиот вторник (08.05.2012) поднесов барање за 3 Max Start
- немаше никаква промена една недела
- се јавив овој вторник (15.05.2012) на 080012345, рекоа во финална фаза е (утре би требало да биде пуштен)
- вчера (16.05.2012) забележав нова брзина на https://moj.telekom.mk и во рутерот (14333 kbps/ 766 kbps), не измерив реална брзина
- вчера (16.05.2012) receiver-от покажа знаци на живот, progress bar-от заврши, порака "Клиентот не е достапен на XXX.XXX.XX.XX"
- телефонот функционира само на стариот начин (преку сплитер да, преку рутер не), нема подесувања за Internet Telephony во рутерот
- вкупен остварен сообраќај 28045,7 MB, али за ова претпоставувам не треба да се замарам веќе

Се надевам дека денес ќе завршат работа...
 
2800 денари е 3 макс оптик комфорт, како што може да се види тука: http://www.maxtv.mk/mk/210/563/140/Paketi/3_Max_Optic/3_Max_Optic_Comfort.html
Додека цената од 2500 денари сеуште стои кога ги гледаш сите пакети тука: http://www.maxtv.mk/mk/203/Paketi/3_Max_Optic.html

Е сега која е вистинската... најверојатно онаа од 2800 денари.

Јас се залетав и се јавив. 2500 е промтивно првите два месеци, после тоа си тераш 2799. Останатите пакети немаат никаков попуст за првите два месеци, па затоа цените се исти секаде. А баш се залетав по Комфорт+, ми треба за зборување со УСА, ама прескапо е.
 
Ај вие што имате 3 макс старт со два приемника кажете ми дали кога ќе пуштите HD канал на двата приемника сликата ви замрзнува на двата!?
 
Ај вие што имате 3 макс старт со два приемника кажете ми дали кога ќе пуштите HD канал на двата приемника сликата ви замрзнува на двата!?
Немам два ресивера, и неможам тоа да ти кажам ама тоа не би можело да е чудно. HD каналите црпат многу повеќе, т.е колку 2 обични канали.
На пример кај мене неможам во исто време да гледам ХД, и да снимам друг канал со ХД.
1HD = 2 обични
 
1 обичен = 2мб
1 HD = 6 мб

Во зависност од тоа колкава брзина ви имаат пуштено, можно е и да гледате 2 хд канали истовремено но во тој случај брзината на интернетот би била многу мала.
 
Aууу нема шанси на 2 ресивери да гледаш HD канали освен ако не ти имаат пуштено брзина над 16 мегабити, што практично е невозможно преку бакарна парица.
Еден HD канал влече 8-9 мегабити, па ти сега види.
 
Па знам дека многу влече HD-то, ама ете мислев имаат интегрирано некоја техника за компресирање и слично, но добро тоа е сега..
Само оптика му е мајката, ама кај мене во Бутел може за 5 години и ќе стигне зошто гледам на мапата за покриеност на оптика нема многу розево! :(
Хаха
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom