Релација Скопје - Провинција

  • Креатор на темата Забавата е во Кругот
  • Време на започнување

mr.wicket

limitless..
Член од
20 јуни 2005
Мислења
5.127
Поени од реакции
519
Не ја гледам Љубљана како поголема метропола од Скопје,затоа и не ја земав.. :)

Иначе во право си за долниот дел од коментарот..
Но како и во сите други градови, така и кај нас има многу студенти кои се школуваат.
Види, ти дали би ја земал или не - 100 години пред нас се. Поубаво функционираат и поубаво се платени. Капиталот на Словенците е раширен и кај нас.. присустваат на многу полиња.. Телекуминкации, банкарство, маркетинг и слично.

Енивеј, студирањето не е спорно за никого, сите имаме право да се образоваме и да научиме колку што ни фаќа црпката, меѓутоа, ако годинава дојдат 100 студенти кои да претпоставиме ќе завршат се у нормален рок, назад во родно место ќе се вратат само 10 (максимум). И да не се повторувам со она претходното. Веќе е пишано, е а онаму на север функционира на следен начин ако си по ЛК Љубљана предност имаш пред другите да се запослиш во родниот град..

Имаше Игор Џамбазов една мн убав коментар: „Скопје го сакам само кога ќе дојде викенд или некој празник кога сите „скопјани“ одат дома и Скопје останува празно“
 
Член од
11 јули 2009
Мислења
1.415
Поени од реакции
962
Хаха,ја па многу ги мрзам скопјанците..Ко да ги акнал некој метеор у глава,ни знаат што се,ни за кој се,ни за кај се..
Некни идам на зелен пазар у еден дуќан,и влегуам,уште не сум рекол добар ден,еден стар почнуе да бистри политики,како он бил стар скопјанец,како ја сум бил дебел,како ми виселе цицките,ако сум идел у странство да сум кажел дека он продава на зелен пазар(Маркетинг)... O_O ДАФАК!
Или па оние пензионерине и пензионеркине у жена парк или у АВТОБУС,лелеееееее намќориииии..Со тоа гласовите извиткани,паууу момчеууу ниее старите стоимеее вие седитеее пппллалгаагаалавав!!Носи се мори у газ мајчин!
Инаку и ја сум Скопјанец,у чаир роден,и мајка ми и татко ми се скопјани у чаир родени..А бабите и дедовците од цела Македонија..Исто како и на "старите" Скопјани бабите и дедовците.. -.-
Ако идам низ Македонија,срам ми е да кажам дека сум од Скопје...Зошто знам како се понашаат у Скопје спрема останатиот Македонски народ...Затоа викам дека сум Галичанец од Јапан...
Ова е веќе стереотипност, неможеш да знаеш како се понашаат скопјаните затоа што не се 10 души, праиме муабет за 800.000 жители, има разно разни луѓе...
 
М

Мaријa

Гостин
А твоите предци отсекогаш живееле во Скопје? Пази да ти не верујем што би рекле србите (еден србизам да употребам), провинцијалка си колку и сите ние заедно
Јас сум "провинцијалка", колку што си ти Норвежанец. А дали ти веруваш или не, воопшто не ме тангира.
Ирелевантен фактор.
 
P

puppete dolly

Гостин
Епа најголемата грешка на нашиов македонски народ е тоа шо ние самите си се правиме МИЗЕРНИ луѓе-меѓусебно си ги мразиме дијалектите.А исто и многу македонци,било од Скопје било од незнам каде ете се палат на Србите,имале слични пцовки,дијалекти бла бла..А србите 2% не не ебат :) не престануваат тие препукувања-Скопје-Битола-Лопатица-Берово,како најголеми душмани да сме.Ама тоа е она што сите нас не прави македонци :)
 

El Bohemio

Silver Gate
Член од
6 јули 2009
Мислења
1.058
Поени од реакции
942
Темава е многу актуелна во секојдневниот живот во градов па сакам да дискутираме за неа.

Како прво јас сум Скопјанец кој размислува реално и не го фаворизира своето.
Скопје е главен град на Македонија во кој може да видиш се и сешто, да правиш се и сешто и да уживаш во се и сешто, но исто така е и град во кој постои голема дискриминација, и поделби.
Скопје се дели по вера, чуство за националност, граѓани/сељаци, "фаци" и "нефаци", богати и сиромашни, паметни и глупави, навивачи и семкари, патриоти и предавници, аеродромци и центарци.. итн
Според мене најголема поделба се прави меѓу "Скопјаните" и тие што сакаат да бидат "Скопјани" или "Новите Скопјани".
Незнам зошто но разликата меѓу едните и другите е само периодот во кој се доселиле во Скопје.
Нема ни 10% стари Скопјани во денешново население во градов. Не сум сретнал сеуште човек што неговото "3 то колено" живеело и потекнува од Скопје.
Незнам колку ќе се сложите со мене но моментално Скопје е "најсељачкиот" град во Македонија.
По припојувањето на околните села (Кондово, Батинци, Арачиново, Стајковци, Чучер-Сандево, Мралино, Мршевци и др.) Скопје е "најсељачкиот" град во однос на жителите.
Можеби "провинцијалците" не иритираат со нивниот дијалект во "нашиов" град, но дефинитивно неможат да се споредат со горе наведениве села и ред други, кои денеска се дел од Скопје !!
На крај краева подобро е да го слушам дијалектот отколку непознатиот јазик(Шкупи).

За крај.
Незнам колку сте запознаени, но во многуте светски метрополи ситуацијата е иста дури и многу полоша. За пример ќе го земам Лондон.
Во Лондон можеш да видиш све, само не "Лондонци", а како што поминува времето во Лондон се помалце има и Англичани.

Каков и да е Скопје, колку ние го сакаме или мразиме, тој е главен град на сите Македонци, и треба сите заедно да си го зачуваме за нашите поколенија. "Црната Арапина" негледа "Скопјани" и "Провинцијалци" таа гледам само да не истреби.

Сакајте го и чувајте го градов, а се надевам еден ден секој ќе размисли и ќе свати дека сите ние пред се сме Македонци. Поздрав :D
Што предлагаш да направиме ? - Пази бомба кашикара ?!
Друго шо ме нервира. Црна Арапина, се шири, купува, куќи, станови, коли. Македончето парињата ги крие под перница, плашејќи се да не му ги земе Црната Арапина, додека тој му ја купува куќата. Па потоа ајде барај го на скајп бато или чичо -"Ја собра пари за виза" и заминува во неповрат, а неговото место тука го пополнува "провинцијата".
Како и да вртиш самите сме си криви. Се додека одиме по паметот на некој друг ...
 
P

puppete dolly

Гостин
Значи во Македонија, да се употребува зборот провинција е жива смешка. Еден грст народ сме, една грутка земја, ама пак, некој биле провинцијалци, а некој граѓани на метрополата.
Абе немој да ме јебеш. Скопје е најголемо село во Европа. Како може Скопје да се разликува од „провинцијата“ кога и самото Скопје е населено од 1) луѓе од околните села, 2) луѓе од селата и градовите од цела Македонија.

Може да збориме за провинцијалец кога некој иде од некое гратче во Охајо, со број на жители 754 и се преселува во еден од милјонските градови низ Америка. Како може да јас да бидам наречен провинцијалец кога живеам на 60тина км од Скопје. Тоа во нормални услови би се сметало за нешто како предградие.
Кога зборевме за акценти, мојот акцент е далеку почист од тој на скопјани. Скопјани не знаат за акцентски целости. Никогаш нема да слушнеш скопјанец да рече на`маса, со акцент на „на“. И уште нешто, во езеро се капе, во бања се бања.
Скопјанишча :ROFLMAO:

Во право си.Државата ни е едно прдеж место хахах така да незнам кој е тој што го вметнал изразот провинцијалци.
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.983
Поени од реакции
12.543
Мене искрено ме нервираат муабетите за дијалектите. Па добро луѓе во тоа е и убавината на јазикот, тоа го прави побогат. Никој нема право да се лути зошто провинцијалците зборувале на нивни дијалект, кога и скопскиот е дијалект. Никој не може да ме убеди дека искачам е литературно :cautious: .
Колку шо јас се сеќавам велешкиот дијалект беше најблиску до стандардниот македонски јазик, а не скопскиот. Сепак кога можете да ги кревате носињата и да кажувате дека сте од СкУпје, ќе морате да се навикните на сите добри и лоши работи кои ги носи животот во метрополата. Ќе одиш на журка 7 пати во неделата, ама ќе слушаш околу тебе и разни дијалекти, недај Боже некој од тие "таквите" случајно ќе те чепне, оу мај гад.
На крај краева, Скопје нуди многу повеќе можности ( студирање, работа ) од сите други градови во Македонија. Да, не се скопјаните криви за тоа, но не се ни тие кои дошле Скопје да си ја бараат среќата. Сега некој ќе цитира и ќе каже : Па имате вие дисперзирани, затоа ви ги отворија во сите градови, немате потреба да доаѓате Скопје. -.- Мај есс, очигледно никој не знае каков е квалитетот на наставата на дисперзираните и на студиите Скопје. Неспоредливо. Второ, каде да се вработи еден дипломиран машински инжињер во Охрид еве кога во градот не работи ниту една ( можда една ) фабрика?
Скопјаните треба да сфатат дека со тоа што се родиле во Скопје не добиваат право да ги омаловажуваат ниту потценуваат остатокот од Македонија. Цела Македонија работи за Скопје, на еден начин или друг.
 
P

puppete dolly

Гостин
викаат сељаците да си оделе назад..како прво Скопје е состав од повеќе селца. Можиш и живеејќи во центарот на градот да бидиш најголемиот сељак ако си тоа во душата,во понашањето,во манирите,во размислувањето
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.704
Поени од реакции
11.127
Незнам колку ќе се сложите со мене но моментално Скопје е "најсељачкиот" град во Македонија.
По припојувањето на околните села (Кондово, Батинци, Арачиново, Стајковци, Чучер-Сандево, Мралино, Мршевци и др.) Скопје е "најсељачкиот" град во однос на жителите.
Се надевам под сељачки мислиш на карактер, ако е така тогаш со тебе сум.
Ама од друга страна ако не ги припоиш селаниве да научат малце градска култура, па нема да влеземе во Еу, него че не пукаат:icon_mrgr:
А за провинција што да кажам, дојдоа ни ја намалија вредноста на скопската работна рака и донесоа кал, се друго е историја. Живееме заедно со нив и супер ни е во нашето село Скопје. За нив градов е Лас Вегас, последна шанса у живота, а за нас е исто што и за нив Кочани, Дебар, Пехчево, Дељадровац, Курац палац итн...
 

pain_killer

Invictus
Член од
27 јули 2007
Мислења
4.536
Поени од реакции
2.222
Скопје е како америка, најлошите и најглупавите ги бркале или бегале од своите држави и отишле во Америка(скопје) и сега ми глумат нешто класа!
Сељаци сте ако размислувате како сељаци со дискриминација и предрасуди, што значи дека добар дел од скопјаниве (што се доселиле затоа што никој не ги сакал таму од кај што се) се и размислуваат како сељаци - шовинистички провинцијалци!

ЕДИТ: Им се извинувам на старите вистински скопјани 5% што некогаш ги именувам и нивните сограѓани како скопјани!!!
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Леле ми ги отековте со муабетиве.:facepalm:
Од Скопје сум, но никој не ми пречи затоа што секој сака да си го најде своето место под сонцето. Зашто многу Скопјани одат во Лондон, Њујорк итн и им зимаат места на луѓето од Лондон или Њујорк?
Така излага работава.

Секој нека си се проба кај мисли дека е најсреќен. Само затоа што сме од Скопје, не значи дека сме нешто повеќе од другите дечки и девојки од другите градови.
 
Член од
24 февруари 2012
Мислења
1.556
Поени од реакции
2.355
Се надевам под сељачки мислиш на карактер, ако е така тогаш со тебе сум.
Ама од друга страна ако не ги припоиш селаниве да научат малце градска култура, па нема да влеземе во Еу, него че не пукаат:icon_mrgr:
А за провинција што да кажам, дојдоа ни ја намалија вредноста на скопската работна рака и донесоа кал, се друго е историја. Живееме заедно со нив и супер ни е во нашето село Скопје. За нив градов е Лас Вегас, последна шанса у живота, а за нас е исто што и за нив Кочани, Дебар, Пехчево, Дељадровац, Курац палац итн...
Е баш така го гледаме Скопјево како Лас Вегас у Шпанија и не само последна него и како прва шанса у живота.
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.498
Поени од реакции
29.932
Се молат #влијателните да не отвараат вакви теми :pos:

ПС Секаде во Македонија има зелка и морков...само во Скопје има купус и шаргарепа :facepalm:
 
Член од
24 август 2007
Мислења
761
Поени од реакции
15
Се надевам под сељачки мислиш на карактер, ако е така тогаш со тебе сум.
Ама од друга страна ако не ги припоиш селаниве да научат малце градска култура, па нема да влеземе во Еу, него че не пукаат:icon_mrgr:
А за провинција што да кажам, дојдоа ни ја намалија вредноста на скопската работна рака и донесоа кал, се друго е историја. Живееме заедно со нив и супер ни е во нашето село Скопје. За нив градов е Лас Вегас, последна шанса у живота, а за нас е исто што и за нив Кочани, Дебар, Пехчево, Дељадровац, Курац палац итн...
Скопската работна рака не ја доби вредноста за која плачеш од жителите на Скопје, ја доби од тие што велиш дека ти донеле кал. За никого Скопје не е Лас Вегас, ниту прва и последна шанса да се види нешто. Тоа што сте родени во Скопје премногу ве заслепило. Не сте го фатиле Горниот за тестиси ако сте од Скопје... напернатите скопјани служат само за исмејување меѓу останатите, ги/ве жалат. Тоа што за нив е Кочани, Дебар, Пехчево итн.. никогаш нема да биде исто за вас, колку сакам ова да можеш да го разбереш само :)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu5
O

Orion.

Гостин
Многу ми е глуп муабетов: Тоа што ние сме ја имале таа ,,среќа,, или случајност да се родиме во Скопје не не прави супериорни во однос на македонциве од другиве градови.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom