#SpreadTheTruth, секој ден, 21 часот

Член од
22 февруари 2012
Мислења
134
Поени од реакции
130
iako ovde nekoi mislenja me potsetuvaat na onoj vic , za toj sto go izgubil casovnikot vo temnina , a go bara pod ulicna svetilka
ако не сакаш да бараш часовник под улична светилка ,прекини веке да пишуваш овде и од барај го на друго место....веќе преку таквото ми идеч со твојте коментари:drk::drk::drk::drk::drk:
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Тука сум, само не постирам стално. Ја ѕирни на Твитер -- Џони Деп и Бред Пит се твитнати. ;)
Стај ја и Анџелинка, она као истакната хуманитарка ќе се навреди ако не е повикана. Додека не кликне нешто што не треба и Мачорка да и се стаи за сите пари :pos:
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
iako ovde nekoi mislenja me potsetuvaat na onoj vic , za toj sto go izgubil casovnikot vo temnina , a go bara pod ulicna svetilka
Никола двојче, ти пак мене веќе ме потсеќаш на еден тркалезен објект кој е метаболички производ на домашни животни. Што по игра на случај е најден од бумбар кој го тркала по ливада.
--- надополнето: 9 мај 2012 во 13:15 ---
Стај ја и Анџелинка, она као истакната хуманитарка ќе се навреди ако не е повикана. Додека не кликне нешто што не треба и Мачорка да и се стаи за сите пари :pos:
Пробав, затворен и е твитерот. Педеруша.
 
S

Shaman

Гостин
nacionalizam e da gi sakas svoite ,a ne da sakas vojna, navcionalizam e nacin na zivot i ubeduvanje , zosto mislis deka nekoj ako gi saka svoite vednas saka vojna ? jas ne sakam vojna , ne sakam nemiri , palenja -- jas sakam drzavata da ni napreduva i ekonomski i vo sekoj smisol , ama sepak si go sakam svojot narod
Извини, ама мене ми се чини дека ти се малку измешани поимите.
Јас мислам дека зборот што ти го бараш е ПАТРИОТИЗАМ.
Национализмот јас колку што знам е да го сакаш своето, ама да нејкеш да го видиш туѓото.
Од национализмот поголемо зло нема на планетава.
Ова навистина го мислам, исто како и што мислам дека, туѓиот патриотизам треба да се почитува,
а на туѓиот национализам да се одговори со уште поголем национализам. Реципроцитет.
Секој национализам за Македонија како држава е катастрофален.
И национализмот неизбежно води кон војна. Неизбежно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.268
Поени од реакции
26.140
ovde site se proradikalno i nacionalno/cisticki nastroeni, zatoa i go pravat toa sto go pravat ( besplatno), dokolku si za tolerancija/ pacifizam / ili sto znam sto. pobaraj si drustvo na drugo mesto
Не, не сме ниту националисти, ниту радикали сите. Не има секакви. Ама сите имаме сфатено една реченица од Среќна Нова 49. За гомнар само гомнарската цевка.
 
Член од
4 мај 2009
Мислења
2.476
Поени од реакции
5.544
nacionalizam e da gi sakas svoite ,a ne da sakas vojna, navcionalizam e nacin na zivot i ubeduvanje , zosto mislis deka nekoj ako gi saka svoite vednas saka vojna ? jas ne sakam vojna , ne sakam nemiri , palenja -- jas sakam drzavata da ni napreduva i ekonomski i vo sekoj smisol , ama sepak si go sakam svojot narod
Дечко, не ми држи лекции, молим те. Ненаспан сум и кафе се неам напиено асално. Затоа кратко: за да делиш ум треба да исполнуваш барем два базични услови -- да си пообразован и поискусен. Ниеден од условите не ги исполнуваш. Прочепкај по речниците и обиди се да научиш нешто. А ако сакаш да си стварно корисен во сева оваа работа, иди на Твитер.
 
Член од
29 март 2012
Мислења
1.370
Поени од реакции
1.235
Извини, ама мене ми се чини дека ти се малку измешани поимите.
Јас мислам дека зборот што ти го бараш е ПАТРИОТИЗАМ.
Национализмот јас колку што знам е да го сакаш своето, ама да нејкеш да го видиш туѓото.
Од национализмот поголемо зло нема на планетава.
Ова навистина го мислам, исто како и што мислам дека, туѓиот патриотизам треба да се почитува,
а на туѓиот национализам да се одговори со уште поголем национализам. Реципроцитет.
Секој национализам за Македонија како држава е катастрофален.
И национализмот неизбежно води кон војна. Неизбежно.

Зависи кој национализам пример Грчкиот национализам е пример за перфектен соживот :D Мани национализам нео нацизам им влезе со 20 пратеници у парламент па Европа не се потресува нешто. А кај нас да прднам у насока на Арачиново сум националист :D
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
87
Поени од реакции
114
ovde site se proradikalno i nacionalno/cisticki nastroeni, zatoa i go pravat toa sto go pravat ( besplatno), dokolku si za tolerancija/ pacifizam / ili sto znam sto. pobaraj si drustvo na drugo mesto
Ако е радикално и националистички да се љуби својата земја, народ и вистината за неа и него, тогаш како ли се нарекува оној што е рамнодушен кон неа (земјата) и него (народот)?! Јас би сакала оваа земја да биде на сите што го нашле своето место под сонцето на овој македонски простор, но за жал некои се однесуваат како господари и освојувачи. Нашиот добар и напатен народ заслужува да биде нарекуван со вистинското име, а не со имињата што му ги даваат агресорите, нашиот народ заслужува да се знае вистината за неговиот карактер и широкост, зашто ова е наша земја и само таа ја имаме!!!! Зарем заслужуваме после се што направивме за нашите сожители и соседи, да ни возвраќаат со вакви недела, зарем залуживме да бидеме прогласени за притеснувачи, агресори и непочитувачи на туѓи права. И да, сега се браниме од нив, ја браниме нашата вистина. Колку е порадикална измамата, толку е порадикална вистината. Ја сакам Македонија, ги сакам Македонците (сите што живеат во неа и што ја сметаат за своја земја).
 
Член од
7 мај 2012
Мислења
87
Поени од реакции
114
НИКОЛА РЕЧЕ
„nacionalizam e da gi sakas svoite ,a ne da sakas vojna, navcionalizam e nacin na zivot i ubeduvanje , zosto mislis deka nekoj ako gi saka svoite vednas saka vojna ? jas ne sakam vojna , ne sakam nemiri , palenja -- jas sakam drzavata da ni napreduva i ekonomski i vo sekoj smisol , ama sepak si go sakam svojot narod“

ТОА сето што го наброја спаѓа во добромислие за својата земја и еден вид национализам, но тоа важи во друго време, време на мир, спокој и меѓуљубие на сите што живеат на таа земја. За жал, во нашата земја се пројави појава која го наруши нашиот личен спокој затоа што беа убиени 5 лица!!!! Ако ти после тоа се чувствуваш мирен и спокое - бравос!!!!!
Потоа, откако успешно беа откриени осомничени за настанот, нивните соверници (радикални исламисли), со разбирливи транспаренти маршираа по скопските улици застанувајќи на страната на, во најмала рака транспарентот и маиците што ги носеа!, а многу повеќе против сопственото МВР и праведната акција против монструозниот настан!!! Ако и ова те остава спокоен, јас повторно ти честитам!!!
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Ако имате време читнете го текстов. Ставен е и на нашиот блог. Патем и една молба. Ако наидете на текст, колумна објавена во балканскиве медиуми, или било што што ја покрива Македонија како топик поврзана со радикалниот исламизам, ставете овде линк да го поврземе со блогот.
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
Се бара доброволец со познавање на германскиот јазик за превод на статија.

Ако има некој нека ме цитира.
 
Член од
3 мај 2012
Мислења
61
Поени од реакции
127
Имам потреба како и сите вие гледам, да напишам нешто вакво како текстот подолу. Да се дефинираме кои сме како неформална неповрзана група и што не поврза така силно.

Го напишав во 5 минути, може да има грешки а моше и да не се согласувате со изреченото а и не сакам да наметнувам мислење. Тоа го чвуствувам и се надевам дека го вербализирам тоа што и вие го чувствувате. Ако не можете да го изменувате или доработувате но дека треба нешто да напишиме во овој стил треба. И да се стави на видно место за да го видат сите. Поздрав.

Манифест

Кои се #spreadthetruth (разгласи ја вистината)!

Ние сме група луѓе кои не се ни познаваме туку случајно произлеговме од kajgana.com форумот и реакциите по убиството на четирите деца и рибарот на Смилковско Езеро.

За што се залагаме преку нашите пишувања на форумот, на твитер и на фејсбук.

За спречување на појава на радикализам во нашата мирна и убава Македонија а и во целиот свет!

За оставање на инсититуциите на Македонија, во овој случај судот, да го спроведе случајот чесно и отворено пред очите на Македонската и светската јавност по сите законски процедури и со почитување на сите права на осомничените за најстрашното стрелање на деца што во Македонија не се случило од Втората Светска војна наваму!

Ние сме против протести за подршка или опструирање на спомнатиот судски процес, за навреди на други нации или религии, од страна на било кого, без разлика дали се тоа исламски радикали, дали добронамерните, добри и чесни Албански граѓани како што сме со иста увереност против протести на Македонците во врска со овој случај или против било која вера и нација!

И Македонците и Албанците имаат право да бидат сведоци на тоа дека судскиот процес ќе биде максимално правичен. Никој не сака освета, никој не сака обвинување на погрешни луќе а најмалку обвинување на цели нации и религии, и Албанците и Македонците сакаат едно, да се осудат вистинските виновници!

Ние бараме да се осуди екстремниот Исламски радикализам кој веќе се покажува на отворено и се обиде со неговите малубројни приврзаници да му даде таков предзнак на неодамнешниот протест но ние сме исто толку цврсто определни против било кој Македонски екстремизам дали напишан на форум, твитер, фејсбук или пројавен на друг медиум. Какo што и сите го осудуваме Брејвик за монструозното дело во Норвешка без разлика што е христијанин.

Ние ќе продолжиме да ги носиме до светските медиуми сите провокации од сите страни кои се против соживотот и против пронајдувањето на убијците на невините деца! Како што осудувавме и ќе осудуваме секој национализам, вклучително и тој пројавен од Македонци, за време на акциите на твитер, кајгана или ФБ!

Ние сме за соживот на сите што живеат тука, Македонци Албанци, Срби, Турци, Власи, Бошњаци итд од било која религија и да се, граѓани на нашава прекрасна земја во чии институции на власта сите се праведно представени и заедно ја водиме државава кон ЕУ и НАТО.

За крај, порака до сите што неуспешно се обидуваат да не посвојат или "категоризираат" !

Ние не сме ни организација, ни оваа или онаа партија, ни нво, ниту сакаме да бидеме, туку ќе продолжиме како и досега да ја шириме позитивната енергија за соживот во МК и целиот свет и против било кој радикализам што се појавува или ќе се појави во Македонија и ги повикуваме сите добронамерни луѓе од било која вера и нација да ни се приклучат!
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ако имате време читнете го текстов. Ставен е и на нашиот блог. Патем и една молба. Ако наидете на текст, колумна објавена во балканскиве медиуми, или било што што ја покрива Македонија како топик поврзана со радикалниот исламизам, ставете овде линк да го поврземе со блогот.
(заслужен ретвитот на Тапетарот )
http://news.nationalpost.com/2012/05/01/radical-muslim-group-involved-in-macedonia-murders-arrested/
http://albertacowpoke.blogspot.com/2012/05/macedonia-and-radical-islamism-ethnic.html?spref=tw
 

Kajgana Shop

На врв Bottom