- Член од
- 3 ноември 2008
- Мислења
- 2.816
- Поени од реакции
- 1.088
Красниќи ги предупреди Скопје и Белград да бидат внимателни со Албанците
07.05.2012 - 22:05 |
Претседателот на косовскиот парламент Јакуп Красниќи, во изјава дадена за весникот Експрес, побара од сите Албанци на Балканот да дадат заеднички политички одговор на последните апсења на Албанците во Македонија и во Србија.
Спроед него некои народи не може да се помират со напредокот на позиција на Албанците и го држат регионот под темнзии.
- Секако тоа се стари конфликти, тоа се националистички идеологии кои сеуште се присутни на политичката сцена на Балканот. Овие идеологии и митомански филозофии не може да се помират со новата реалност која е создадена на Балканот и не може да прифатат авансирана позиција која ја има албанскиот народ на Балканот, изјави Красниќи.
Неговата изјава доаѓа два дена откако српската полиција уапси осум Албанци во Бујановац, под обвинение за воени злосторства што ги извршиле во 2001 година.
Овие апсења се случуваат неколку дена откако во Македонија беа уапсени 20 Албанци под обвинение за тероризам, наведува Експрес.
Иако, според Красниќи, овие две ситуации се сосема различни, тој тврди дека акциите имаат за цел да се заплашат Албанците.