Драги мои, горе-долу ја читам темава од почеток и само повремено се уфрлам со по некој краток коментар. Меѓутоа, морам да признаам дека забегува off-topic темата од конкретниот случај во некој правец во кој мислам дека сите се многу појаки позади монитор.
Мислам дека доколку се докаже дека обвинетите за убиството се навистина тие, МВР нема да дозволи протестот да влијае на судскиот процес.
Од друга страна, тоа што се случи го гледам како вовед во некои темни сценарија, кои, иако не би сакал ни на сон да се случат, реалноста и историјата покажале дека доколку некој сака, тие ќе се остварат.
Инаку документарецов ја покажува суровата вистина која што иако не ја посакуваме, ни демнее над глава...
Ова е првиот дел од документарецот што го видов неколку пати link-нат низ страниве, се извинувам ако е веќе ставен.