Ова испадна едно од најбаналните апсења било кога... Ослободени се неколкумина (тројца според моите досегашни информации), а еден од оние што ги бара министерката појма немал ни дека е баран. На работа е во странство и наводно ќе се врател во прва можна прилика.
Инаку сигурна сум дека овие се убијците, ама како што реков не знам дали се радикални исламисти или припадници на УЧК .
Колку и да е тешко за верување, сите го сакаме тоа. Проблемот настанува што еден дел од населението некако е убедено дека овие не се сторителите, ниту пак имаат било каква врска со случајов.
Дајбоже МВР да има докази дека тие се сторителите, ич не ми чуе што ќе лежат затвор, дајбоже да лежат до крај на нивните животи. Проблемот значи е во тоа што со досегашните информации МВР не успеа да ме убеди дека токму овие се сторителите на егзекуцијата на петте души. Камо да ја имав твојата сигурност.
По природа сум скептичен, особено кога се работи за власта (било која и да е), а особено оваа во чија власт еден осомничен се удави во кофа.