Почина светскиот шампион во пливање

Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Светскиот шампион во пливање Александер Дале Оен од Норвешка почина во тренинг центарот во Аризона, соопшти денеска Норвешката пливачка федерација.

Претседателот на федерацијата Пер Руне Екнес изјави дека 26-годишниот светски шампион на 100 метри градно починал од инфаркт.
Дале Оен вчера бил пронајден без свест, а тимскиот доктор Ола Роенсен иако веднаш започнала процес на реанимација, во болницата само ја констатирале смртта на младиот спортист.
Норвежанецот во јули 2011 година го освои златниот медал на Светското првенство во Шангај, а сребрен во 2008 година на Олимписките игри во Пекинг.
Дале Оен се подготвуваше за престојните ОИ во Лондон, на кои требаше да биде еден од адутите на Норвешка за освојување медал.
alexanderdaleoenswimmingdaynine14th4fwmjpeey3rl_96489.jpg
Неее, зошто??:(
 
Вечна му земја. Многу млад умрел. Животот бил пред него. :(
 
Се знае причината?
 
:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(:facepalm::(

Цццц на само 2 месеца од ЛОИ, страшно, лошо, нека почива во мир :(
 
Нека почива во мир. :(
Многу спортисти умираат во последно време. :confused:
 
Стварно бе што е со младиве спортисти ? До толку ли ги оптоваруваат па мајку му стара бар овие се под докторска грижа. Не ми е јасно стварно ...Касано , Муамба , тој италијанецот младиот и сега овој дечко......

Нека почиваат во мир.
 
Нека почива во мир
 
Стварно бе што е со младиве спортисти ? До толку ли ги оптоваруваат па мајку му стара бар овие се под докторска грижа. Не ми е јасно стварно ...Касано , Муамба , тој италијанецот младиот и сега овој дечко......

Нека почиваат во мир.

И порано имало вака само не биле толку медиумски експонирани (за пливањето зборувам). Робски спорт е ова, од искуство зборувам ама па затоа ако немаш вродени проблеми кардиоваскуларниот систем ќе ти биде како мотор на ферари.
 
Професионалните спортисти се модерни гладијатори. Тој константен напор воопшто не е здрав, плус некоја вродена слабост или злоупотреба на појачувачи доведуваат до ова, навидум здрави луѓе кај кои организмот компензирал нешто "ненадејно" да откаже.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom