- Член од
- 23 јануари 2009
- Мислења
- 10.640
- Поени од реакции
- 2.504
Светскиот шампион во пливање Александер Дале Оен од Норвешка почина во тренинг центарот во Аризона, соопшти денеска Норвешката пливачка федерација.
Претседателот на федерацијата Пер Руне Екнес изјави дека 26-годишниот светски шампион на 100 метри градно починал од инфаркт.
Дале Оен вчера бил пронајден без свест, а тимскиот доктор Ола Роенсен иако веднаш започнала процес на реанимација, во болницата само ја констатирале смртта на младиот спортист.
Норвежанецот во јули 2011 година го освои златниот медал на Светското првенство во Шангај, а сребрен во 2008 година на Олимписките игри во Пекинг.
Дале Оен се подготвуваше за престојните ОИ во Лондон, на кои требаше да биде еден од адутите на Норвешка за освојување медал.

Неее, зошто??
