Студентски домови

Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Најавено беше дека ќе се реновира Гоце, само не сум сигурен што ќе биде попаметно, рушење па градење од ново или реновирање. :)
Доколку го реновираат нема да троши толку многу струја па парите што ги даваме нема да одат за струја туку ќе одат за храна и други поволности.

@Ecstasy ти да не си недружељубив?
 
Член од
26 април 2011
Мислења
23
Поени од реакции
4

Образложи...

Иначе, парите шо ги даваме не одат ниту за струја, ниту за парно, ниту па за нешто друго. Којзнае дали и' плаќаат на фирмата што ги оддржува лифтовите?

Ако плаќаа струја и парно немаше да се должни до гуша!!!
 
Многу пати се прашува кој е во Гоце да пиеме по некое кафе ти не се јавуваш :)

Патем Гоце има над 760 соби. Во секоја соба има приклучено греалка, во многу соби има фрижидери, решоа, компјутери, телевизори... сметката за струја е огромна. Кога не би дувало од прозорите и кога би се променила цела парно инсталација, собите би биле топли, ќе нема потреба од греалки, сметката за струја ќе биде минимална во споредба со сега, а парите ќе појдат в менза и ти ќе имаш повеќе за јадење.

На фирмата што ги одржува лифтовите и плаќаат. Оваа година редовно го гледам идат ги поправаат, но лифтовите се дотрајани и сакаат промена. А понекогаш некои стоки во Гоце не заслужуваат лифт.
 
Член од
26 април 2011
Мислења
23
Поени од реакции
4
Парното нема да го реши проблемот воопшто! Парно пуштаат од 07:00 сабајле до 22:00 навечер. 100 % сум сигурен дека нема студент што си легнува порано од 23:00, освен во случај ако претходната вечер има спиено 2-3 часа поради било која причина. Навечер учат скоро сите, пошто преку ден имаат други обврски. Не секој живее за да заврши факултет на 22 години. :)
Затоа сите помошни средства за греење се влучени претежно попладне и навечер (после 22:00). На читалната и фали КЛИМА (може да се вклучи кога сакаш, а не кога топлификација ќе каже)!!!

Иначе, како што знаеме во читалната нема место за 760 студенти. На ова некој ќе рече дека немаат сите колоквиуми во исто време, ама многу факултети се поклопуваат со колоквиумите. Факт е дека не учат сите во читална и дека нема место за сите и никогаш нема ни да има! Додека збореме за тоа, таа читална може многу поубаво да се организира и да собира повеќе студенти. Пример: малку пошироки маси за да се седе од двете страни на нив. Со тоа ќе се дуплира капацитетот. Простор за такви маси има (плус има многу ќошиња што не се искористени)!

А понекогаш некои стоки во Гоце не заслужуваат лифт.
Со ова се согласувам!!! Многу од студентите не се дојдени тука за да покажат квалитет на однесување соодветен за академски граѓанин. Тие се дојдени тука да викаат како чавки и да оставаат лош впечаток за сите останати "провинцијалци". Мене ми е јасно дека сите сакаат да се забавуваат, ама се знае каков однос треба да имаме спрема околината! Не сме само ние такви. Секаде има такво однесување, но овде процентот на тие луѓе е многу поголем. Без разлика од каде си, што си и секако колку пари, моќ, авторитет, фраерски фори итн... поседуваш, не треба да си дозволуваш однесување на дете од 10 години кое е само дома и го користи тоа време за да прави се' што родителите не му дозволуваат.

На студентските домови им фали:

  1. Секако дека треба да ги реновираат или урнат студентските домови Кузман (пошто е стар и дотраен), Гоце (пошто не е изграден како што треба и триста работи му фалат: подобра инсталација на струја, вода, канализација, одвод, нови прозорци итн...), Медицинар (рушење), ај Стив го средија ама ако не ги спроведат точките што следуваат и тоа за 5-6 години ќе биде рушевина; (n)
  2. СТРОГА контрола. Нема журки кој кога сака и колку сака. Треба да се знае кога може да се прави забава (роденден, дипломска). Не може во 03:30 сабајле некој да игра оро во сред ходник; :LOL:
  3. Обезбедување на објектите. Мора да има фирма која ќе ги обезбедува објектите од било какви кражби. Сите шахти околу Гоце немаат капаци, пошто циганите сите ги собраа за старо железо :pos: (и тоа е дискутабилно, ама ај во друга прилика);
  4. Кога добиваш соба во прва година, ја добиваш за 4 години. Ако ги исполнуваш потребните критериуми, ја задржуваш собата. Користењето на собата преку лето е многу битен фактор за студентите. Штетата што ќе ја направиш во текот на годините кои ги поминуваш во собата ќе ја платиш, ама реално ќе ја ПЛАТИШ. Не како што е сега, во јуни, пред иселување крши колку сакаш, нема за што да се грижеш. Во септември тој што ќе дојде ќе реновира една недела за да може да живее 9-10 месеци во неа.
  5. Менза, бифе и бонска да се оддржува некое мени кое ќе е со смисла!!! Ориз, шпагети, рестовени компири, мусака, зелка салата и толумба не е МЕНИ. Секој ден тоа, па тоа!!! Се има се може!!!:pos: Во бифето нема пилешки ражници веќе 2 месеца! Бонската е мала за толку многу студенти во Гоце. И више доста со тие месни нарезоци и паштети. Ретко кој јаде такво нешто. Скоро се' што ќе донесат е со слаб квалитет. Али во глобала бонската е многу подобро снабдена од бифето и мензата заедно!!! Работно време: 07:00 - 23:00 (две смени по 8 саата).
Ако сум испуштил нешто, тоа е пошто сум изморен од куцање. :pos: Ќе надополнам во иднина.
 
Член од
1 ноември 2008
Мислења
7.396
Поени од реакции
1.880
Парното нема да го реши проблемот воопшто! Парно пуштаат од 07:00 сабајле до 22:00 навечер. 100 % сум сигурен дека нема студент што си легнува порано од 23:00, освен во случај ако претходната вечер има спиено 2-3 часа поради било која причина. Навечер учат скоро сите, пошто преку ден имаат други обврски. Не секој живее за да заврши факултет на 22 години. :)
Затоа сите помошни средства за греење се влучени претежно попладне и навечер (после 22:00). На читалната и фали КЛИМА (може да се вклучи кога сакаш, а не кога топлификација ќе каже)!!!

Иначе, како што знаеме во читалната нема место за 760 студенти. На ова некој ќе рече дека немаат сите колоквиуми во исто време, ама многу факултети се поклопуваат со колоквиумите. Факт е дека не учат сите во читална и дека нема место за сите и никогаш нема ни да има! Додека збореме за тоа, таа читална може многу поубаво да се организира и да собира повеќе студенти. Пример: малку пошироки маси за да се седе од двете страни на нив. Со тоа ќе се дуплира капацитетот. Простор за такви маси има (плус има многу ќошиња што не се искористени)!
Греалките се користат преку целиот ден. Пробај да пресметаш колку струја ќе се заштеди ако не работат 760 греалки во преиодот од 7 сабајле до 22 навечер (15 часа). Многу струја ќе се заштеди со што и многу пари.

Во читалната скоро никогаш нема гужви така да доволна е оваа.

1. Најавија, ама ќе потрае, како и се досега
2. Треба, но тоа си е и до културата на студентите
3. Обезбедувањето спие
4. Со собата така треба, затоа што ми се смачи секоја година да поправам соби.
5. Паметно ќе беше давањето на мензите на концесионер, не знам што ги премисли.
И најверојатно нов си во Гоце па сеуште немаш научено како оди храната. Ражничи имаш во 11 и во 17 секој ден. Треба да си запамтиш што кое време има освен тие постојаните.
Бонската не ја подрекувај затоа што кај да е ќе се случи да е празна 2-3 месеци. :)

Патем разликата помеѓу „омилената“ храна на студентите во Македонија и во Португалија е во туната :icon_lol:
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.403
Поени од реакции
5.957
Продавам бонови од Пелагонија.

Ако има заинтересирани нека ми пишат во inbox.
 
Член од
11 август 2011
Мислења
266
Поени од реакции
169
Најголемиот студентски дом во Македонија се распаѓа

Застарена електрична инсталација, ѕидови кои полека се распаѓаат, доводни и одводни цевки кои протекуваат, кородирани радијатори за парно греење, лифтови кои не работат, дупки по подовите и плафон кој може секој момент да ти се руши врз глава. Ова се само неколку од епитетите кои го опишуваат студентскиот дом “Гоце Делчев” во Скопје. 1200 студенти “преживуваат” во неподносливи услови кои им се однапред предодредени.

Извор: fakulteti.mk

I don't want to live in this country anymore..
 
shady3

Никогаш не вели никогаш..
Член од
22 февруари 2009
Мислења
110
Поени од реакции
61
Како поискусни од мене, барам помош од кајганџии - дали да земам стан или да аплицирам за во студентски? Станот ме влече ради друштвото, тишината и самостојноста, а студентскиот заради забавата, ефтината цена (?) и запознавањето на нови луѓе.

Планирам да одам на филозофски, па дајте предлози во кој студентски/зошто. Ви благодарам однапред.
 
Член од
18 декември 2008
Мислења
1.277
Поени од реакции
323

Филозофски? Стив и Кузман ти се најблиску, со тоа што во Кузман не примаат бруцоши (освен со книшка). Поевтино ти е многу во студентски, ама во Стив не знам дали че имаш мир за учење, јас и самиот не знам како успевам. Во стан ако планираш до 3 станари да бидите, се повеќе би значело помалку мир, а со тоа и полоши услови. Луѓе можеш секаде да запознаеш, друштвото можеш секаде да го влечкаш, така да тие работи не ти се многу пресудни. Јас 2 години седам скоро со непознати цимери и за некоја огромна среќа се добри се погодуваат.
 
Член од
5 декември 2010
Мислења
54
Поени од реакции
11
Како поискусни од мене, барам помош од кајганџии - дали да земам стан или да аплицирам за во студентски? Станот ме влече ради друштвото, тишината и самостојноста, а студентскиот заради забавата, ефтината цена (?) и запознавањето на нови луѓе.

Планирам да одам на филозофски, па дајте предлози во кој студентски/зошто. Ви благодарам однапред.
Стив (y)
 
Член од
5 април 2011
Мислења
1.920
Поени од реакции
925

зависи што сакаш да учиш на филозофски, ако сакаш да учиш безбедност, одбрана и мир, тогаш оди во гоце или кузман. предавањата се во тафталиџе 1, во зградата од педагошки.
доколку сакаш да одиш во студентски, без разлика кај и да ти се предавањата, би ти препорачал да одиш во кузман-се ти е близу! можда факултетот нема да ти биде толку близу како стив, али имаш други предности (не си одделен од светот).
а сепак, јас би ти препорачал да одиш во стан, со не повеќе од 3ца, наравно... и гледај да нема парно и да не биде повеќе од 200 евра!

и да, да не пушите многу џоинти, пошто газдите ако ве осетат, може да ве избркаат од станот... :icon_lol:
 
shady3

Никогаш не вели никогаш..
Член од
22 февруари 2009
Мислења
110
Поени од реакции
61
Фала на сите за одговорите :) Иначе Gadaffi ти безбедност, одбрана и мир учиш??
 
Член од
27 септември 2010
Мислења
737
Поени од реакции
453
kazete mi vo kuzman od kolku sat ima stekovi i vo menzata se zimaat ili kaj raznicite
--- надополнето: 24 април 2012 во 18:26 ---
kazete mi vo kuzman od kolku sat ima stekovi i vo menzata se zimaat ili kaj raznicite.
--- надополнето: 24 април 2012 во 18:27 ---
kazete mi vo kuzman od kolku sat ima stekovi i vo menzata se zimaat ili kaj raznicite.....................:(
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
kazete mi vo kuzman od kolku sat ima stekovi i vo menzata se zimaat ili kaj raznicite
--- надополнето: 24 април 2012 во 18:26 ---
kazete mi vo kuzman od kolku sat ima stekovi i vo menzata se zimaat ili kaj raznicite.
--- надополнето: 24 април 2012 во 18:27 ---
kazete mi vo kuzman od kolku sat ima stekovi i vo menzata se zimaat ili kaj raznicite.....................:(
5 саат во мензата. 5 до 5 и 30 треба да има во тоа време.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom