Анархија

Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
Тоа нема да го сопре "робувањето" на работникот во фирмите. Она што државата (треба да) го овозможи е социјална, здравствена и безбедносна заштита, функционирање на правото и институциите и други функции. Не знам во кој смисол всушност вие и робувате на државата. Оние слики од дечиња му робуваат на компаниите.
Без држава прашање е како сето ова ќе се организира, кој ќе ја преземе улогата на социоекономски и безбедносен регулатор...ќе настане хаос кој најголем % од луѓето нема да го преживее (Fallout New Vegas). Баш хаос.
Ако веќе сакате да не робувате или да не постои хиерархија почнете со приватниот капитал (мада и тоа не е ропство пошто имате право на избор)...Сопругата работи у приватно, не и робува на државата. Му робува на газдата (ако прифатиме работниците да ги нарекуваме робови како што споменавте наназад некоја страна). Тоа значи фирмите, недвижнините, земјиштето...да се укине приватна сопственост на средствата за работа. Како што постоele разни видови заедници низ историјата, во крајна линија југословенските задруги кои баш и немаа некоја продуктивност...Нешто слично како теориите за комунизмот. Убави теории ама тоа со оваа свест, додека човекот постои нема да се случи, барем во пошироки размери. Чист доказ се преполните затвори и криминалот кој непречено се развива.
Сосема се согласувам. Една Шведска е многу блиску до ,,идеалното,, општество. Приватна сопственост, но со огромни социјални мерки, огромни работнички права, огромни парични средства како награда за доброто однесување на луѓето. Доста блиски роднини ми живеат таму, интересно е како се воспитуваат децата уште од многу мали - на пример, братучедка ми земаше солидна сума затоа што беше редовна на училиште, а на крајот на годината добиваше повторно награда ако е одличен и примерен ученик.
Таквите деца утре би биле совесни и чесни - без оглед дали се работодавци или вработени.
 
A

AnFem

Гостин

За бесплатното школување, ок. За плаќањето додека се школуваш, ок. Позитивна работа кај оваква развиена земја е што никој не е неписмен и „нешколуван“. Е сега, една Шведска краде од народот данок од околу 500 евра за полско вц. Ако имаш кола, МОРАШ да плаќаш осигурување. Обичен селанец се води дека има фирма и мора да плаќа данок на се’ што поседува, ако не плаќаш данок, ти одземаат се’ (Толку од селската идила). Ова е само дел од кражбата извршена од страна на државата со „идеално“ општество.

Заклучок: Дури ни развиените земји не гарантираат слобода.
 
А што му фали на селанецот, кога ако кивне, не треба денар да плати и ќе го излечат? Што му фали ако со заработката може да си обезбеди повеќе од пристоен живот?

АнФем, ако сакаш да дискутираме, ќе треба како бранител на анархизмот, и да одговараш на прашањата :) А не да кажуваш налево надесно има одговор. Кратко и јасно :)
 
Селанецот ако кивне си плаќа сам. Не многу, ама си плаќа. Лековите се прескапи и си ги плаќаш, нормално, сам. Еден обичен фластер е од 2 и и пол евра, па нагоре. Е не плаќаш ако си болен од сериозна и тешка болест. Друга работа, зависи што подразбираш под „пристоен живот“, верувам дека селаните на секаде го имаат тоа. Ок, не го оспорувам фактот дека во Шведска има многу попристоен живот од Македонија, ама зборуваме за поразвиена земја, која не значи дека е совршена.

И Пума, јас одговарав на прашањата, и се повторував неколку пати. Ако имаш нови прашања во врска со анархизмот, повели. Тоа што јас сум бранител на анархизмот не значи дека треба послушно да лижам сечиј газ, само за да ми ја сфати поентата. Немој тие финти мене, прави му ги на 15-годишник. Кој е заинтересиран за дискусија, ќе се информира. Ако те мрзи да читаш, тоа е друга работа. Не се 50 страни уназад, 5-6 се.
 
Не реков дека е општеството е ,,идеално,,. Напротив, намерно го ставив во наводници, според мене е најблиску до ,,идеалното,,.
Твоите одговори се обемни и опширни, и секој од нив отвора 10 други прашања. Затоа те замолив конкретно да одговориш, без филозофии непотребни. Прочитав јас се на темава, и никаде не наидов на решение за индивидуалната, личната сатисфакција на секој поединец. Бидејќи концептот што го нудите на некој начин е едноумие, односно, тој што ќе биде различен, повторно би бил отфрлен (ако јас не сакам да сум како вас, нема место за мене).
Ако си заинтересирана за дискусија (бидејќи ме цитираш, нели) тогаш дискутирај. Не е тоа лижење гз. Рече нејќеш да ми одговориш на прашањето - не те прашував понатаму. Ако и понатаму не сакаш, едноставно, не ме ни цитирај.
 
Се додека не ограничуваш нечија слобода, си ок. Отфрлена од другите ќе бидеш ако не соработуваш со останатите и побараш помош за нешто, а кога-тогаш ќе ти притреба, ретко кој ќе се нафати да ти помогне. Што не значи дека нема да ја добиеш, има различни луѓе...
Инаку, ти можеш да си живееш некаде, ама ако не придонесуваш за општеството, општеството нема да придонесува за тебе. И немој да лажеш дека си прочитала се’! Баш за ова му расправав на Сусаро.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
Се додека не ограничуваш нечија слобода, си ок. Отфрлена од другите ќе бидеш ако не соработуваш со останатите и побараш помош за нешто, а кога-тогаш ќе ти притреба, ретко кој ќе се нафати да ти помогне. Што не значи дека нема да ја добиеш, има различни луѓе...
Инаку, ти можеш да си живееш некаде, ама ако не придонесуваш за општеството, општеството нема да придонесува за тебе. И немој да лажеш дека си прочитала се’! Баш за ова му расправав на Сусаро.
Сум прочитала се, можеби не сум разбрала се. Не за друго, туку премногу се навлегува во филозофии, огромни постови. Не е по мој вкус тоа, едноставно :) Јас преферирам нешто пократко и поконцизно.

Сепак, ќе претставувам проблем за општеството, со оглед на тоа дека ако сум поспособна од другите ќе приграбувам повеќе, а ако имам повеќе, лесно ќе заведам многу ликови кои се лесно потплатливи. Само, избегнувањето или игнорирањето од мнозинството, не е реално решавање на проблемот кој би го имале со мене. Јас и понатаму ќе држам при себе нешто, што ним им е потребно - како тоа со островот муабетот. Тие би биле гладни, ако јас имам 10 кокоси при мене - немаат време да чекаат да ,,никнат нови,, значи единствени се тие кај мене. Мораат да најдат начин како да ги земат - а што ако мојата ,цена, е превисока?

И Анфем, да зборуваше секој само за она за што знае многу, или за што прочитал многу, форумот би немал смисла како општ форум. Ако сакаш да убедиш некого дека твоето е правилно, не можеш да му речеш ,,прочитај тоа и тоа,,. Треба да објасниш, на јазик кој е соодветен на тој што го убедуваш.

Во оваа тема анархистите се убедувачи, а јас или другите антианархисти сме оние кои треба да бидат убедени. Сега за сега, јас не најдов друг аргумент за анархизмот, освен цвеќенца и смајлиња. Затоа делува како добра дрога, а не како можна реалност.

Анархизмот не ми е познат многу, ама човековата природа - да, баш многу. Затоа и те прашав од аспектот, единствениот аспект кој мене ме интересира - што правиме со ID во човекот? Тоа е првата, основната компонента, а некако ја изоставувате цело време ;)
 
И тоа го пишав. Еднаш реков, пред се’, ако дојде до анархистичко општество и до отфрлање на авторитетот, значи дошло и до подгање на свеста, каде ќе нема место за егоизам. Ако се водиме според анархо-комунистичкото, секому според потребите, и тебе ти требаат 10 кокоси, а на другите по 3, ок. Ама ако другите се гладни, а тебе ти скапуваат кокосите, ќе ти ги украдат. Simple as that. Тоа на остров. Назад во цивилизација, ќе мора да си произведуваш или трампаш колку што ќе имаш потреба.

Едно е да се едуцираш на форумот и да поставуваш прашања, друго е да завземеш став за нешто кое не ти е добро познато. Јас конкретно не го гледам ова како убедување, ниту ми е намерата таква, едноставно, дебатирам, си ги искажувам ставовите и го бранам она во кое верувам. Не сме ние верска секта да принудуваме и убедуваме луѓе.

Знам дека изгледа како цвеќенца и смајлиња. Ама не е. Ништо не е совршено, и таму ќе има доза на лудаци, меѓутоа ќе бидат во значително помал број, исто и како општествените проблеми.

Пума, пренесеното туѓо искуство на хартија не значи дека е некаков факт. Вистинското знаење се крие во нас самите, книгите се само дополнителни информации на туѓи искуства. Може да се согласиме со нив, ама и не мора. За човековата природа повеќе би му верувала на некој спиритуален гуру, отколку на Фројд. Ти одговорив и за id-от. Ах Пума, пак не си прочитала и се уби од лажење...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Анархизмот има смисла само како отпор како побуна а како состојба нема шанси пошто нели Сартр викаше ќе дојде нова генерација и ќе каже нејќеме анархизам или било која идеологија, плус Штирнер кој важи за теоретичар на индивидуалистичкиот анархизам пишува во неговата книга ,,а што ако јас нејќам да работам ? Тогаш ќе ме отфрлат и нема да ме прифатат,, мислејќи на социјализмот. Значи се оди во својата спротивност. А тоа дека човечката природа е расипана што се вика животните се бољи од нас тоа е факат.
Едни сакаат фашизам, други социјализам, трети капитализам, други шеријатска држава, а пак треба да се гледа од аспект на еден човечки живот кој во најдобри услови пак не се укинува отуѓеноста меѓу родот и поединецот, родот опстојува а секој поединечно умира. Затоа се прават миксови анархо-капитализам,наци-комунизам, комунистички сатанизам и многу други изми...капитализмот ги прави луѓето непријатели меѓу себе, Социјализмот не ги мотивира пошто за сите исто то ест ги демотивира тие кои се профи. Значи анархизмот само како отпор има смисла како побуна како непопуштање. Штирнер пак анархизмот го сведува на опортунизам од кој после логички следи анархо-капитализам. Он вика ако ставиш било која апстракција над себе ти не се ставаш себе на прво место него некоја апстракција. А и оние кои владеат исто така не ставаат ништо над себе, они зборат као ние сме за апстракции како народ, држава но уствари едино највеќе прават за себе. Се работи за побуна вие така ни давате право ние вака е тоа е.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
И тоа го пишав. Еднаш реков, пред се’, ако дојде до анархистичко општество и до отфрлање на авторитетот, значи дошло и до подгање на свеста, каде ќе нема место за егоизам. Ако се водиме според анархо-комунистичкото, секому според потребите, и тебе ти требаат 10 кокоси, а на другите по 3, ок. Ама ако другите се гладни, а тебе ти скапуваат кокосите, ќе ти ги украдат. Simple as that. Тоа на остров. Назад во цивилизација, ќе мора да си произведуваш или трампаш колку што ќе имаш потреба.

Едно е да се едуцираш на форумот и да поставуваш прашања, друго е да завземеш став за нешто кое не ти е добро познато. Јас конкретно не го гледам ова како убедување, ниту ми е намерата таква, едноставно, дебатирам, си ги искажувам ставовите и го бранам она во кое верувам. Не сме ние верска секта да принудуваме и убедуваме луѓе.

Знам дека изгледа како цвеќенца и смајлиња. Ама не е. Ништо не е совршено, и таму ќе има доза на лудаци, меѓутоа ќе бидат во значително помал број, исто и како општествените проблеми.

Пума, пренесеното туѓо искуство на хартија не значи дека е некаков факт. Вистинското знаење се крие во нас самите, книгите се само дополнителни информации на туѓи искуства. Може да се согласиме со нив, ама и не мора. За човековата природа повеќе би му верувала на некој спиритуален гуру, отколку на Фројд. Ти одговорив и за id-от. Ах Пума, пак не си прочитала и се уби од лажење...
Видиш, јас доста многу верувам на Фројд и на тие после него. Можеби од тука почнува моето несогласување кон идеализирање на човекот. И јас го бранам тоа во кое верувам, а верувам дека човекот бил и ќе биде пред се, егоистично суштество, пред се, животно. Без биолошката основа, човекот не може да стане личност. А биолошката основа е јасна.
Јас не завземав став, туку поставив прашања, тука зборувате за отфрлање монетарен систем, комунизам, општествена поделба, бизниси и болници, а мене ништо од тоа не ме интересира. Анархизмот не е толку ситен поим, и има многу аспекти, а мене ме интересира психолошкиот аспект, не е економскиот. А на темава, речиси и не зборувавте за тоа што ме интересира, можеби во некое подзаборавено постче или 2 реченици.

Јас не поддржувам никаква спиритуалност, па гледаш, самиот аспект на гледање на работите - ни е различен. На пример, ако некој ми ги украде кокосите, макар скапувале, и не биде казнет за тоа, јас ќе го убијам. As simple as that. Но во правната држава, тоа што ми ги украл, не е оправдување за моето убиство.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.516
Видиш, јас доста многу верувам на Фројд и на тие после него.
И фројд на некој начин бил спиритуален гуру само што не носел ритуална одора и немал долга коса...

Морав сега да си напишам...ама по мое како сум доловил не мешам други државни уредувања...
Јас мислам дека анархизмот е бегство од промената, страв од непознатото - стагнација (можда се лажам, можда погрешно сум го разбрал). Значи тотална спротивност на она што животот треба да го претставува - движење, промена..значи не е во човечката природа да се однесува на таков начин. Така функционира целиот универзум а пошто ние сме дел од него истото важи и за нас. Како што рекол господинот Блејк - "човекот(умот) кој не се движи и не се менува е како засоена вода, мочуриште кое е извор на рептили и зарази."
Човекот треба да се натпреварува, да се бори, да се спротиставува и секогаш да стреми кон повеќе, па и ако сме сите исти и со еднакво издигната свест треба да има натпревар, да има различност затоа што тоа создава динамика, конкуренција...напредок а што е најважно СМИСЛА!
 
A

AnFem

Гостин
Видиш, јас доста многу верувам на Фројд и на тие после него. Можеби од тука почнува моето несогласување кон идеализирање на човекот. И јас го бранам тоа во кое верувам, а верувам дека човекот бил и ќе биде пред се, егоистично суштество, пред се, животно. Без биолошката основа, човекот не може да стане личност. А биолошката основа е јасна.
Јас не завземав став, туку поставив прашања, тука зборувате за отфрлање монетарен систем, комунизам, општествена поделба, бизниси и болници, а мене ништо од тоа не ме интересира. Анархизмот не е толку ситен поим, и има многу аспекти, а мене ме интересира психолошкиот аспект, не е економскиот. А на темава, речиси и не зборувавте за тоа што ме интересира, можеби во некое подзаборавено постче или 2 реченици.

Јас не поддржувам никаква спиритуалност, па гледаш, самиот аспект на гледање на работите - ни е различен. На пример, ако некој ми ги украде кокосите, макар скапувале, и не биде казнет за тоа, јас ќе го убијам. As simple as that. Но во правната држава, тоа што ми ги украл, не е оправдување за моето убиство.
Многу муу веруваш на Фројд? Пума бе, нели ќе се боревме за еднакви права?
Ајде да видиме што мисли чичко ти Фројд за тоа:

„Кастрациониот комплекс и кај девојчето почува тогаш кога за прв пат ќе ги види гениталиите на другиот пол. Таа веднаш ја забележува разликата и, мора да се признае, нејзиното значење. Таа чувствува дека е многу оштетена, често изразува желба „и таа да има такво нешто“ и така станува жртва на зависта поради пенисот. “ ...
... „Можноста да се занимава со некаква интелектуална професија, може често да се препознае како сублиминална модификација на оваа потисната желба... Не можеме да се сомневаме во значењето на зависта поради пенисот. Тврдењето дека зависта и љубомората играат поголема улога во душевниот живот на жената...“

- Цитати од книгата „Женскост“

Или пак:

„Женски душевни карактеристики: плашливоста, воздржаноста, неукоста, и беспомошноста“ - цитат од книгата „Сексуална теорија“

Се извинувам на оф топикот.

Он: Во такво општество, гласот на народот игра голема улога. Мислиш некој ќе го толерира твоето кучкасто однесување? Ќе те средат за две секунди, ако претставуваш било каква опасност за нечија слобода или живот. Кого ќе го убиеш? Сите што сте на островот?
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.931
Поени од реакции
12.516
А ме интересира дали во тоа опшество замислата е како на пример жените да бидат жени на сите и децата да бидат деца на сите? Ќе постојат ли семејства?
Што ако на пример сакам да имам секс со жената на пријателот со нејзина согласност!? Така не загрозувам ничија слобода ни живот.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
Многу муу веруваш на Фројд? Пума бе, нели ќе се боревме за еднакви права?
Ајде да видиме што мисли чичко ти Фројд за тоа:

„Кастрациониот комплекс и кај девојчето почува тогаш кога за прв пат ќе ги види гениталиите на другиот пол. Таа веднаш ја забележува разликата и, мора да се признае, нејзиното значење. Таа чувствува дека е многу оштетена, често изразува желба „и таа да има такво нешто“ и така станува жртва на зависта поради пенисот. “ ...
... „Можноста да се занимава со некаква интелектуална професија, може често да се препознае како сублиминална модификација на оваа потисната желба... Не можеме да се сомневаме во значењето на зависта поради пенисот. Тврдењето дека зависта и љубомората играат поголема улога во душевниот живот на жената...“

- Цитати од книгата „Женскост“

Или пак:

„Женски душевни карактеристики: плашливоста, воздржаноста, неукоста, и беспомошноста“ - цитат од книгата „Сексуална теорија“

Се извинувам на оф топикот.

Он: Во такво општество, гласот на народот игра голема улога. Мислиш некој ќе го толерира твоето кучкасто однесување? Ќе те средат за две секунди, ако претставуваш било каква опасност за нечија слобода или живот. Кого ќе го убиеш? Сите што сте на островот?
Сепак не би требало тоа да го дискутираме тука, но тоа што Фројд го направил, никој пред него не успеал. И без оглед на неговите погледи кон женското битие, има направено најдобра анализа на личноста.
И да бидеме реални, повеќето жени се вклопуваат во описот на Фројд - во најмала рака, во негово време тоа и било така. И денес такви единки се чести, дури и повеќе од чести. Сепак, премногу сме офтопик :)

А бидејќи мојата безбедност е загрозена just because of being a bitch, како мислиш дека некој ќе го прифати тој систем - мислам на масовно прифаќање, а не на неколку стотици (ни толку) во Македонија (за почеток)?

И потсети ме - како тоа вие се разликувавте и бевте фини, со оние различните од вас... како тоа вие не узуриправте туѓо нешто (во овој случај ЈАС си ги набрав кокосите и тие се МОИ).... со последниов дел, го изгази и последното цветче :(
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.397
Поени од реакции
5.023
Селанецот ако кивне си плаќа сам. Не многу, ама си плаќа. Лековите се прескапи и си ги плаќаш, нормално, сам. Еден обичен фластер е од 2 и и пол евра, па нагоре. Е не плаќаш ако си болен од сериозна и тешка болест. Друга работа, зависи што подразбираш под „пристоен живот“, верувам дека селаните на секаде го имаат тоа. Ок, не го оспорувам фактот дека во Шведска има многу попристоен живот од Македонија, ама зборуваме за поразвиена земја, која не значи дека е совршена.
Државата им обезбедила висок стандард на граѓаните, гајле му е на работникот колку плаќа за лекови или бензин, се додека тие не преставуваат луксуз за него.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom