Митови за силувањето (Rape myths)

  • Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување

Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
„Не ни кажувајте како да се облекуваме, кажете им да не силуваат.“

Мит: Силувањето е секс
Мит: Жените ги иницираат мажите на силување.
Мит: Сопругот не може да ја силува сопругата.
Мит: Само распуштени жени се силувани.
Мит: Повеќето силувања се спонтан афект, силувачот не може да се контролира себе си.
Мит: Само ментално болни луѓе се силувачи.
Мит: Жените потајно посакуваат насилен секс.
Мит: Ако личноста физички не се противи, тој/таа не е силувана.
Мит: Жените си го бараат со нивното облекување и нивното однесување.
Мит: Жените во пијана состојба лесно прифаќаат секс.
Мит: Само одреден „вид“ на жени се силувани...
Мит: Силувањето се случува најчесто навечер, во темни ќошиња каде нема никој.
Мит: Силувањето е ретка појава, јас не знам некој кој е силуван.

Во Америка ова е многу актуелна тема во моментот, кај нас за жал скоро никој не е запознаен. Јас денес се запрепастив кога не само колег туку и колешки оправдаа силување зошто за нив на сликата на девојката и се сака. Не знам дали кај жените тоа е дефанзивно зошто девојката е секси, но женскиот шовинизам е еден од најголемите оксиморони во општеството и мора да исчезне. Кај нас цутат дами и поштени, но ова е веќе претерано.
Еве ја сликата, забранета е поради симболичкото значење

Целта на оваа тема е едукативна. Верувам дека кога би прочитале малку повеќе за темава би сфатиле дека сликата за силувањето како нешто што се случува само навечер во темни улички на некоја што си иде сама (па што мајка бара да си иде сама), е само одбрана од фактот дека тоа може да ви се случи и на вас. Чиста теорија на праведен свет. Не ги обвинувајте жените за да дистанцирате од нив, не ги стереотипизирајте ако се облекуваат провокативно, не се тие криви ако некој сексуално се возбуди на нив...

Ако има некој контра аргумент, нека повели:cautious:
--- надополнето: 19 април 2012 во 22:20 ---
Еве и слики од „маршот на курвите“ (slutwalk)

Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Мит: Жените во пијана состојба лесно прифаќаат секс.
Се согласувам со се, ама за ова малце не :)
Факт е дека алкохолот ти ја зголемува желбата за секс и сите морални вредности кои ги имаш во свесна и безалкохолна состојба ти паѓаат во вода кога ќе претераш со пиење.
Не го оправдувам силувањето во никој случај, ниту пак велам дека мажите треба да ги искористуваат жените кои се пијани, но и жените се тие што треба да внимаваат на себе, да не претеруваат ако знаат дека тогаш се ранливи.

Исто така, не го разбирам парадирањево голи или у прслуци. Шо е поентата на тоа?
 
Се согласувам. Но, Магде дали ако си пијана значи дека би била со било кој што ти се пушти во дискотека? Или со секој со кого флертуваш?
Јас имам приметено дека, особено кај пијани девојки, доаѓаат машки што се особено нападни. И полесно им е на пијани да им се залепат. Као ако ја праша 20 пати и и дојде со фацата до нос оваа ќе сака, иако предходно не сакала. Кој не спасувал пијана другарка од некој што и се пушта, ја гушка, не ја пушта да си оди итн.?

А поентата е да се покаже поента :) Дека ако девојката е полу гола не значи дека сака секс, и ако на пола пат се премисли, не значи не.
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Најголем број на силувања се случуваат во брак. Овој податок никогаш нема точно да се одреди од проста причина што сеуште се смета дека е срамота да го пријавиш „мажот ми ме силуваше“. Тоа мора да се смени. НЕ значи НЕ никако поинаку неможе да се протолкува.
 
Да надополнам. Што е уште пострашно, многу жени кои се силувани во брак не ни знаат дека тоа е силување. Мислат дека се должни да го задоволат мажот.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.785
Поени од реакции
4.028
Се согласувам. Но, Магде дали ако си пијана значи дека би била со било кој што ти се пушти во дискотека? Или со секој со кого флертуваш?
Јас имам приметено дека, особено кај пијани девојки, доаѓаат машки што се особено нападни. И полесно им е на пијани да им се залепат. Као ако ја праша 20 пати и и дојде со фацата до нос оваа ќе сака, иако предходно не сакала. Кој не спасувал пијана другарка од некој што и се пушта, ја гушка, не ја пушта да си оди итн.?

А поентата е да се покаже поента :) Дека ако девојката е полу гола не значи дека сака секс, и ако на пола пат се премисли, не значи не.
Ако не сакам да сум силувана кога одам во дискотека, ќе се облечам попристојно, нема да пијам до тоа да не сум свесна за себе и ќе се осигурам дека има некој околу мене што ќе може да ме одбрани/спаси/ватевер.
Под попристојно не подразбирам калуѓарка стил, ама дефинитивно не по прслук и минич до под пич :)

Биди реална, има девојки по дискотекиве што се облакаат бетер од проститутки и у несвет паѓаат зашо мажите им досаѓаат толку многу. Како жени и послаб пол и се тоа, треба да си бидеш свесна за своите слабости од овој тип и да преземеш нешто за да се заштитиш. Еден обичен дезодоранс во ташна може да те спаси.
 
Ivana*Antique

Чисто информативно
Член од
5 септември 2011
Мислења
312
Поени од реакции
144
Да надополнам. Што е уште пострашно, многу жени кои се силувани во брак не ни знаат дека тоа е силување. Мислат дека се должни да го задоволат мажот.
Па такви се сфаќањата во самото општество, пример ако си во брак тоа не е силување, тоа ти е ,, извршување на брачна должност,, :гомце: ама мислам дека тоа почиња да се менува, т.е. дека се менува свеста на луѓето, нивните сфаќања...
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Да надополнам. Што е уште пострашно, многу жени кои се силувани во брак не ни знаат дека тоа е силување. Мислат дека се должни да го задоволат мажот.
Јас мислам дека нема жена на светот што незнае. Може само да се залажува во име на бракот и да го потиснува тоа длабоко во себе додека еден ден не се разбуди и не го искасапи на 100 делчиња.
Ова се случува и во врски без разлика дали се во брачен однос или не. Јас барем знам два три примери кои се доста морничави. Нема НЕ кај некои мажи, жената е тука да го задоволи.
Ајде реално да зборуваме за овој однос. Колку од вас биле во состојба да „мораат“ сексуално да општат во име на „љубовта“. Она што кај жените е познато како глумење сексуален чин или лажирање оргазам се со цел побрзо да заврши. Е сега замислете некој со сила да ве тера, која одбивност е тоа можам да претпоставам.
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
Ако не сакам да сум силувана кога одам во дискотека, ќе се облечам попристојно, нема да пијам до тоа да не сум свесна за себе и ќе се осигурам дека има некој околу мене што ќе може да ме одбрани/спаси/ватевер.
Под попристојно не подразбирам калуѓарка стил, ама дефинитивно не по прслук и минич до под пич :)

Биди реална, има девојки по дискотекиве што се облакаат бетер од проститутки и у несвет паѓаат зашо мажите им досаѓаат толку многу. Како жени и послаб пол и се тоа, треба да си бидеш свесна за своите слабости од овој тип и да преземеш нешто за да се заштитиш. Еден обичен дезодоранс во ташна може да те спаси.
Да лежи девојка гола на улица, силување е сепак силување и нема оправдување за тоа.
Тие девојки Магде не отишле таму за тоа, и не се облекуваат за да дојде некој сељак и да им досаѓа. Зошто не ти е ненормално да дојде маж и да ти вика „Кај си бе маче баш си секси...“ и не знам уште што? Зошто да не се чудиме, зошто имаат пенис па многу крв им оди таму?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ако не сакам да сум силувана кога одам во дискотека, ќе се облечам попристојно, нема да пијам до тоа да не сум свесна за себе и ќе се осигурам дека има некој околу мене што ќе може да ме одбрани/спаси/ватевер.
Под попристојно не подразбирам калуѓарка стил, ама дефинитивно не по прслук и минич до под пич :)

Биди реална, има девојки по дискотекиве што се облакаат бетер од проститутки и у несвет паѓаат зашо мажите им досаѓаат толку многу. Како жени и послаб пол и се тоа, треба да си бидеш свесна за своите слабости од овој тип и да преземеш нешто за да се заштитиш. Еден обичен дезодоранс во ташна може да те спаси.
Магде крими филм :)
Нели живееме во демократско општество, кој на кого може да му забрани како да се облекува? Зарем облеката вели „силувај ме“? Тогаш деколтето треба со закон да се забрани. Зарем жените се лигуши и мора некој да има до нив за да ги спаси? Неможат сами да се спасат од таква ситуација, да не им е фатена устата?
Ете ги стереотипите и предрасудите на виделина. Нив треба да ги искорениме.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Добро е што сум неодолив јас, инаку ќе си помислам дека од мојата физичка појава не смее да се каже не :icon_lol:.

Сериозно еднаш еден ми расправаше на оваа тема си викам што му е на човеков. После една другарка ми кажа дека сум му личел на таков насилник силеџија, не прашав психологија да не студира можи и до тоа да е :icon_lol:. Си реков уште ова ми се нема случено ете го и тоа, сега не можев да се објаснувам батали таму :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.505
Поени од реакции
14.691
Ако не сакам да сум силувана кога одам во дискотека, ќе се облечам попристојно, нема да пијам до тоа да не сум свесна за себе и ќе се осигурам дека има некој околу мене што ќе може да ме одбрани/спаси/ватевер.
Под попристојно не подразбирам калуѓарка стил, ама дефинитивно не по прслук и минич до под пич :)

Биди реална, има девојки по дискотекиве што се облакаат бетер од проститутки и у несвет паѓаат зашо мажите им досаѓаат толку многу. Како жени и послаб пол и се тоа, треба да си бидеш свесна за своите слабости од овој тип и да преземеш нешто за да се заштитиш. Еден обичен дезодоранс во ташна може да те спаси.
Дали тоа значи треба да одиме на одмор само каде што има пусти плажи поради опасноста од силување?

Во никој случај не сакам да сум силувана, па макар и на купачи во дискотека да излезам. Имаат право да лепат етикети, да ме избркаат поради некои кодекси, да досадуваат ( впрочем има очајни луѓе тоа го прават и во пижами да излезеш), да гледаат .... Ама не Магде, немаат никакво оправдано право да посегнат по силување.

Нивниот немоќ за самоконтрола е причина ама не и оправдување.
 
мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.901
Поени од реакции
23.310
Да надополнам. Што е уште пострашно, многу жени кои се силувани во брак не ни знаат дека тоа е силување. Мислат дека се должни да го задоволат мажот.
се должни да го задоволат мажот ?????
демек сакаш да кажиш дека вам не ви е убаво во сексот туку на тоа гледате како должност. ај мајката не сум знаел.
инаку да кога сте стапиле во брак имате и обврски во бракот.
замислете само тој да почни да не си ги брка обврските, или пак
поради тешкотијата која ви ја претставува ебавањето со маж ви , тој да си најде некоја која ке ве замени во таа мноогу тешка обрвска. баш ме интересира како би реагирале на овие две ситуации.
инаку да и него го боли главата понекогаш и ич ама ич не му е дојдено до ебавање посебно не со една те иста жена, уште посебно не со неговата, ама ке ги стегниш забите и туркај. нема тука сакам нејкам :).
инаку еве ви и упатство пошто очигледно се мора да ви се нацрта и напиши.
 
Член од
6 февруари 2009
Мислења
496
Поени од реакции
462
вистинска прича:
Београд 1997год. прикаскава ми ја кажа колега ( постар озбилен човек), во главна улога кума на неговата бивша жена.
Се враќала женава од работа околу 20ч, ( инаку женава била прилично згодна ), кога влегување у лифт некој манијак и почнал да ја напаѓа да ја фаќа да ја соблака на сила и почнал се поише и поише да се пали. Оваа сама жена му вика : слушај и мене ми се сака немам никој сама живеам ајде ќе влеземе ај мене дома и ќе завршиме работа.
Типов вртење „марш курво једна“!!! и излегол од лифтот!!!
 
Вештица

love&reason
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.524
Поени од реакции
856
се должни да го задоволат мажот ?????
демек сакаш да кажиш дека вам не ви е убаво во сексот туку на тоа гледате како должност. ај мајката не сум знаел.
инаку да кога сте стапиле во брак имате и обврски во бракот.
замислете само тој да почни да не си ги брка обврските, или пак
поради тешкотијата која ви ја претставува ебавањето со маж ви , тој да си најде некоја која ке ве замени во таа мноогу тешка обрвска. баш ме интересира како би реагирале на овие две ситуации.
инаку да и него го боли главата понекогаш и ич ама ич не му е дојдено до ебавање посебно не со една те иста жена, уште посебно не со неговата, ама ке ги стегниш забите и туркај. нема тука сакам нејкам :).
инаку еве ви и упатство пошто очигледно се мора да ви се нацрта и напиши.
Сакам да кажам дека не сум отворен хотел па да престојува кога сака. Дека ако сме имале секс вчера и било убаво не значи дека сакам денес. И не мора рационално да докажувам зошто!
Сакам да кажам дека ако сака да се ебава настрана затоа што јас не доаѓам со turn on/off копче комотно може, развод постои фала богу.
А мажот и жената во твојов случај се некако се промашуваат мајката, можеа два реда да сврзат за сексот па да се реши тоа.
За прирачникот нема ни да коментирам. Всушност не знам ни зошто те цитирам воопшто.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom