Рузвелт или Симеон Радев на зградата на МНР?

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Чекај што сакаш да кажеш не те разбирам дека ти ми рече дека потписот ти е од некој наш медиум и добро од кај јас сам сум го квалификувал тоа. Ти ми рече дека е од наш медиум може и да ме лажеш јас неможам да проверам. Не ми даде линк само јас самиот решив да ти верувам. И незнам кој е тој што лаже... Сакаш да ми кажеш дека ме лажеш? Или има некој проблем па не ми го разбираш јазикот?
Не, не те лажам и многу добро те разбирам, и едното и другото са от ваши медиуми. Просто те поздравив, дека ти даде ваков коментар за моja подпис,коj коментар е реално за вашите медиуми.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Леандра, продолжуваш да сакаш изселуване на луге. Дали не те е срам от ова?
Мене да ми е срам? Уствари мене треба да ми е срам? Дали си ти нормален човече.
 

fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Мене да ми е срам? Уствари мене треба да ми е срам? Дали си ти нормален човече.
Човек,коjто сака протеруване на луге со различни ставови...за адмирации е ? Дали си свестна што зборуваш?
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Кој е Симеон Радев
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=1D8A0F7EE54F4847A2A49EF84ECA1E42
Виктор Цветаноски
Ресенецот Симеон Радев со право го сметаат за најголем бугарски дипломат. Тој бил првиот претставник на Софија во Друштвото на народите и нејзин амбасадор во најмоќните држави во светот. Радев бил и во составот на бугарската делегација која во 1913 година во Букурешт го потпишала договорот за распарчување на Македонија по Балканските војни. Неколку години подоцна, заедно со Андреј Љапчев, во Солун ги договориле и условите за капитулацијата на Бугарија по поразот во Првата светска војна.

Не само како дипломат, Радев е познат и како публицист. Бугарските историчари за негово капитално дело го сметаат „Градителите на современа Бугарија“. Неговата активност е поврзана и со македонското револуционерно движење. Се зборува дека тој лично се заложил кај бугарскиот цар да биде спасен од сигурна смрт Павел Шатев. Како човек од перо уредувал повеќе весници во кои ја пропагирал македонската револуционерна борба. За таа негова дејност нашата јавност дозна пред шест години, кога во Париз беше поставена спомен-плоча на куќата каде што бил печатен весникот „Македонско движење“, чиј главен уредник и автор на повеќе текстови бил тој. Весникот излегувал една година, 1902-1903, и биле отпечатени 24 броја.

Симеон Радев се чувствувал Бугарин. Всушност, за тоа свое определување оставил аманет непосредно пред својата смрт во 1967 година. „Во 1954 година бев многу депримиран и кога размислував како можам да го ослободам својот дух од тој притисок, решив дека најдобро средство ќе биде да ги опишам моите спомени од младоста, кога се школував во Македонија и во Цариград, живеев со гордоста да кажувам дека сум Бугарин и со радоста дека се школувам. Го направив тоа. Ми олесна“, напишал тој во предговорот на својата последна автобиографска книга „Рани спомени“. Ракописот за печат го потпишал во болницата во Софија два дена пред да почине.

Најпознатиот бугарски дипломат бил миленик и голем почитувач на егзархот Јосиф, човек кој со формирањето на Егзархијата, преку бугарската црква и училиштата што ги формирал низ Македонија, ги побугарчувал Македонците. Во „Рани спомени“ Радев напишал: „За него сум пишувал не еднаш со восхит, кој со годините постојано се зголемува. И со својата личност и со своето дело тој зазема едно од најголемите места во новата бугарска историја. Бугарштината во Македонија е создавана со векови. Големи дејци и бесмртни имиња ја пробудија по долго ропство. Но, тој е човекот што ја организира врз поставените основи. Во тек на 36 години, од денот кога тој стапи на својот престол, до фаталната Балканска војна, по која требаше да го напушти, тој и' го посвети нејзе целиот живот. За тие што имале привилегија да го познаваат одблизу и се способни да ја видат неговата огромна дејност, тој блеска со ненадмината величина“, пишува Радев за човекот кој направил многу за неговото школување и кариера.

Радев е роден во Ресен во 1879 година. Се школувал во родното место, во Охрид и во Битола. Во Охрид имал можност како ученик да го гледа и Григор Прличев во црквата „Свети Климент“, но тој не му оставил таков впечаток каков што очекувал и, според него, бил пргав и избувлив старец. „Знаев дека тој е жив и живее во Охрид и се надевав дека ќе го видам таму. Меѓутоа, моето разочарување беше многу големо, дека не го видов како што очекував. Како што си претставував еден поет“, напишал Радев во својата последна книга.

Егзархот Јосиф во тоа време водел посебна политика и на најинтелигентните Македончиња им обезбедувал да го продолжат школувањето, па така Радев бил запишан во Цариград во францускиот лицеј „Галата Сарај“. Тоа му помогнало да го научи францускиот јазик. Во 1918 година на француски ја напишал книгата „Македонија и бугарската преродба во 19 век“, која десетина години подоцна била преведена на бугарски јазик. По завршувањето на лицејот во Цариград, кога егзархот Јосиф му предложил да работи со него, Радев сакал да го продолжи школувањето, па заминал во Женева, каде што завршил право. Имал блескава дипломатска кариера. По Првата светска војна, бил бугарски претставник во Друштвото на народите во Женева и амбасадор во Хаг, Анкара, Вашингтон, Лондон и во Брисел.

Спомен-плочата подигната во Париз на зградата каде што се печател весникот „Македонско движење“ беше подигната по иницијатива на тогашниот македонски амбасадор во Франција, Јордан Плевнеш. По повод реакциите зошто се подигнува обележје на весник што го уредувал човек кој и по создавањето на македонската држава се чувствувал Бугарин, Плевнеш ни изјави дека Радев имал европски хоризонт на мислење и дека тоа биле најубавите години од нашата историја, кога немало поделеност меѓу духовните и интелектуалните сили на Македонија, а весникот учествувал во подготовката на крунисувањето на македонското национално движење.

Весникот излегувал на француски во Париз и како и другите македонски весници што се печателе во Женева, Виена, Санкт Петербург, бил подготвуван од македонската интелегенција, чиј сон бил создавање на македонската држава. „’Македонско движење’ е резерват на нашата македонска национално-политичка историја. Ако било тоа движење српско, бугарско или грчко, така ќе се викало“, објаснува Плевнеш и подвлекува дека за весникот знаеле и Гоце, и Ѓорче, и Даме.

„Ние сите треба да бидеме горди за тоа. Што станало потоа со протагонистите на тој чин, што пишувало во нивните биографии, нас не не' интересира“, одговара Плевнеш, кој препорачува дека денес треба да дојде до ослободување на нашата свест и „сите тие тенденции во Санкт Петербург, во Париз, во Женева, во Лозана, во Одеса да си ги прибериме, бидејќи тие отвораат македонски хоризонти, а што станувало приватно со личностите, тоа е сосема друго прашање“.

Според него, тоа што Симеон Радев подоцна станал бугарски дипломат е друга работа и такви примери имало илјадници во европската историја. Македонија тогаш не создала своја држава и тогаш голем број личности отишле во Софија и во Белград

„Денес имаме интерес присутноста на македонската интелигенција во светските центри да ја приклучиме кон нашата меморија“, додава Плевнеш и затоа, според него, не треба да се навлегува во размислувањата за ваква или онаква биографија и да гледаме дека Македонија била прашање и сон на еден цел народ, на милиони луѓе. „Имало контроверзии и различни колебања, што било присутно и кај сите народи. Важно е што Македонецот во европскиот лавиринт го има своето место и што тој е една цивилизациска вредност. Ние сме имале традиции што не се врзани со соседските пропаганди, тие се отворени кон светот, независно од фактот што голем број протагонисти на тие движења подоцна се убивани или ликвидирани или стануваат поданици на туѓи држави и заштитуваат туѓи интереси“, заклучува тогашниот македонски амбасадор во Париз.

Со излегувањето на „Македонско движење“ се поврзани уште две личности од македонската револуционерна борба, а тоа се Борис Сарафов и Владимир Робев. Сарафов обезбедил пари за печатење на весникот. Мошне интересно е како тој дошол до нив. Во своите спомени објаснува како имал некој англиски пријател, чие име не го споменува, кој му дал голема сума пари. „Тогаш добив 50 илјади франци од него. Човекот изгледаше дека не е политичко лице. Изгледаше богато. Кога ги зедов тие пари, имаше група студенти – Симеон Радев и др. – во кафеаната им истресов 50 банкноти по илјада франци. Реков веднаш да се почне во Париз издавањето на ’Македонско движење‘“.

Владимир Робев бил секретар на Редакцијата. Тој припаѓа на познатото македонско семејство Робевци, кое било мошне богато. Тоа имало свои трговски фирми и филијали во Виена, Трст, Задар, Сараево и Белград. И Владимир го завршил лицејот „Галата Сарај“ во Цариград заедно со Симеон Радев, со кого подоцна студирал право во Женева.
Moshne interesantno... (y)
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.258
Поени од реакции
16.257
^ што има врска постов со темава?
Модератори?
 

Беркут

Мрчатор
Член од
12 април 2010
Мислења
10.046
Поени од реакции
15.014
Доказ дека имаме премногу -фили во државава и во нејзиниот врв.
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Зарем уште верувате дека Симеон Радев е во однос на национална свест некако различен од Ѓорче Петров например чие име го носи една позната скопска општина?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Зарем уште верувате дека Симеон Радев е во однос на национална свест некако различен од Ѓорче Петров например чие име го носи една позната скопска општина?
Да, и?
 
Член од
6 април 2007
Мислења
1.095
Поени од реакции
443
Твоj проблем. Описмени се. Како државни функционери на добри позиции во бугарското царство завршиjа скоро сите основачи на ВМРО. Тие исто се слават во Македониj денеса. Им ги руши некоj спомениците? Заклучоците за тебе се доколку имаш тоа што ти треба.

Приjатно.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Твоj проблем. Описмени се. Како државни функционери на добри позиции во бугарското царство завршиjа скоро сите основачи на ВМРО. Тие исто се слават во Македониj денеса. Им ги руши некоj спомениците? Заклучоците за тебе се доколку имаш тоа што ти треба.

Приjатно.
Kолку што знам сите се бореле за независна Македонија а не потпишале поделба на Македонија како Радев. Најголем дел се изјаснувале како етнички Македонци. Ретко кој имал позиција во бугарската администрација. Така е целосна невистна тоа што го кажуваш...ама така те „описмениле“ вашите.
 
Член од
18 февруари 2012
Мислења
1.273
Поени од реакции
930
Kолку што знам сите се бореле за независна Македонија а не потпишале поделба на Македонија како Радев. Најголем дел се изјаснувале како етнички Македонци. Ретко кој имал позиција во бугарската администрација. Така е целосна невистна тоа што го кажуваш...ама така те „описмениле“ вашите.
За автономна не за независна! Радев се борел за истото, да тој потпишува поделбата од Бугарска страна но Македонија е разделија победниците во војната вечните сојузници Грција и Србија а не Бугарија !
Кој како се дефинирал се гледа од 350 000 бегалци од Егејска и Вардарска Македонија кои дојдоа во Бугарија!
Барем прочитај кои се целите на ВМОРО!
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.209
Заавтономнанезанезависна!Радевсеборелзаистото,датојпотпишува поделбатаод Бугарска странано Македонијаеразделијапобедницитевовојната вечнитесојузнициГрција и Србијаа не Бугарија !
Којкако седефиниралсе гледа од350 000бегалциод Егејскаи Вардарска Македонијакои дојдоаво Бугарија!
Барем прочитај кои се целите на ВМОРО!
Како и да ја наречеш речиси сите биле за посебна држава со име Македонија. Само Бугарашите биле против тоа. Како што се гледа што потпишал Радев. Ништо не бил подобар од Србоманите и Гркоманите. Тие „бегалци“ биле „доброволна“ размена на население има договори за тоа. Се разбира сега тие бегалци се најголеми анти-македонци со испран мозок.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Твоj проблем. Описмени се. Како државни функционери на добри позиции во бугарското царство завршиjа скоро сите основачи на ВМРО. Тие исто се слават во Македониj денеса. Им ги руши некоj спомениците? Заклучоците за тебе се доколку имаш тоа што ти треба.

Приjатно.
Ќе се описменам, само кажи од кој учебници да читам од Бугарски, Српските или Грчките? Која историја најмногу ви одговара? Чудно племе ова бугариве, историјата ја читаат само како што нив им одговара затоа цел свет ги потценува како нација, апашки народ.
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Како долета и одлета Радев
Скандалот со споменикот на Симеон Радев ја покажува суштината на односите меѓу Македонија и Бугарија
Скопските голубари ќе ви кажат дека најлоши гулаби се таканаречените таванџии и ќерамидџии. Обично тоа се дифтари, ама меѓу нив има првокласни примероци кои, за жал, попримиле лоши навики. Летаат кога сакаат, се спуштаат кога сакаат. На ќерамидите на новото барокно Министерство за надворешни работи во Скопје слета едно јато такви гулаби, измешани демкиши, по некој поштар, месрки, некои англиски и француски високолетачи, една чудесна мешавина на која не и' е рамна француската овошна салата „маседоан“. Овие гулаби без газда тешки по неколку стотици килограми не се обични, не се ни глинени, туку, по се' изгледа, се мермерни, или од некој друг материјал погоден за правење споменици. Бидејќи веќе на земјата и на плоштадите наши нема место за споменици, почнавме да ги качуваме на покривите, поблиску до небото. Ете еден таков споменик изделкан од најизмешаните сорти на чист македонско-бугарски демкиш долета во некое невреме, од никого невиден и нечуен.

Скандалот со споменикот на Симеон Радев, познат ресенец и македонски новинар, голем бугарски деец и најголем бугарски дипломат, кој живеел и работел цели 88 години во еден многу драматичен историски период за Бугарија, за Македонија и за Балканот е само еден од многуте типични примери што внесуваат конфузија во македонската и бугарската јавност и се производ на големи предрасуди, стереотипи, незнаење, примитивизам и провинционализам. Ако направите една анкета во Македонија кој е Симеон Радев, ставам две раце во оган дека 99 отсто само ќе кренат раменици. Освен неколкумина историчари, дипломати и нашиот новинар Виктор Цветановски, тешко ќе најдете наш човек кој знае нешто повеќе за Симеон Радев. Па, зошто тогаш споменик за некого за кого луѓето не знаат ни два збора, ни кој бил, ни што бил.

Одговорот на ова прашање длабоко завлегува во суштината на односите меѓу соседните држави Македонија и Бугарија. Искривената слика што ја остави идеологизираната историја во двете држави и меѓусебната повеќедецениска политика на омраза и недоверба создадоа пустош во свеста на двата народа кои не се подготвени ниту да ја прифатат историската вистина ниту денешната реалност. За да се постават вакви споменици, во Македонија, но и некои други во Бугарија, прво треба и политичарите и научниците да одработат голема работа. Тоа е речиси невозможно ако овие два балкански народа, кои имаат многу испреплетена историја, заедничка и спротивставена, конечно, не се европеизираат. Не е можно како гулаби да долетуваат споменици, восочни фигури, нови истории ако тоа конечно не се одработи непристрасно и научно, ако тоа не повлијае на промената на свеста и ако конечно тоа не значи дека е прифатена денешната реалност за Македонија и Македонците, македонскиот национален идентитет како посебен етницитет. Ни бугарски, ни српски, ни грчки. Можно ли е да се слават големи бугарски дејци, па нека се и Македонци, ако тие влегле во колективната свест како јаничари кои не го признаваат македонскиот национален идентитет и јазикот. Или ако се врежани во таа иста свест како злосторници и македоноубијци, на цветот на првата македонска и интелегенција школувана на Запад. И пазете сега каков кошмар создава во главата на денешниот Македонец фактографијата дека ресенецот Симеон Радев е најголем бугарски дипломат и амбасадор во најмоќните држави во светот. Радев бил во составот на бугарската делегација која во 1913 година во Букурешт го потпишала договорот за поделба на територијата на географската област Македонија на четири соседни држави, што во свеста на Македонецот е запишана како сечење живо ткиво без анестезија. Притоа, малку може да помогне што Симеон Радев е силно поврзан со македонското движење, или дека го спасил од смртна казна Павел Шатев, или затоа што ја пропагирал македонската револуционерна борба и што бил главен уредник на весникот „Македонско движење“ кој излегувал 1902-1903 година во Париз. На зградата каде што излегувал весникот „Македонско движење“ нашиот амбасадор Јордан Плевнеш пред неколку години постави спомен-плоча. Но, тоа тогаш помина тивко без многу таламбаси.

Додека не се напише објективната историја на испреплетените односи меѓу двата народа, нивното заедништво, но и нивната спротивставеност и посебност и додека тоа не стане темел на добри меѓусоседски односи, гулабите ќе слетуваат и ќе одлетуваат од ќерамидите кога сакаат од што ќе се срамиме сите. Тоа е резултат на рејтинг-политика од денес до утре.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=512BCD262AC1FC4488545CACCD563694
--- надополнето: 18 април 2012 во 14:22 ---
:)

Dragan, 18.04.2012 12:52:23
Gospodine Erol, vie ste Demokrat I borec za pravda I vistina. Tocno e sto velite deka sega 99% od Makedoncite ne znaat koj bil Simeon Radev, no vo 1913, 99% znaele koj bil toj. Ne samo toa tuku 99% od Resencani ne znaat za nego, isto kako sto ne znaat ni za Andrej Ljapcev ili sto 99% od Prilepcani ne znaat koj e Dimitar Talev. Se raboti za uceni luge, pisateli, premieri, diplomati, za koi vo Makedonija vrska nemame, a se poznati niz celiot svet, na luge sto imaat opsta kultura I inters od balkanska Istorija. Zalno e toa, gospodine Rizaov I vasata Kolumna e bas na mesto. Treba razgovor, muabet, debata, a ne krienje po gluvceski dupki, kako nasite Akademici od MANU. (y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom