STOP со глупите муабети и препукувања!!!
Дајте темава нека остане место каде што ќе протекуваат информации од настанот.
Еве на пример темава можеме да ја искористиме за да правиме анализи по кој пат е можно да имаат дојдено напаѓачите.....по кој пат би можело да бегаат(да направи некој принт скрин на мапата од тој реон)....потоа можеме да анализираме тој најстариот кој што бил сведок,зошто би одел толку касно на езерото со возило и сл.
И баталете лично препукување,ни најмалку настанов не е за на расправии да се троши енергијата.
Би кажал за некои работи кои не ми се логични од сознанијата кои се пласират во медиумите:
1. По мое не бил само стариот сведок туку сите се сведоци на нешто големо и затоа сите се ликвидирани.
2. Према Сител децата отишле по риба околу 19ч. (Во тоа време одат само криволовци по риба), значи пошто децата биле поштени тие нјаверојатно таму биле многу порано од 19ч, а истото го мислам и за постариот.
3. Викаат дека рибари ги пронашле околу 22ч??? Исто ми е сомнително?
Некој спомна предходно, покрај пребарување на траги во околните ниви, треба и езерото да се пребара детално.