Друже, а што пишувало во тоа писмо ? Првпат слушам дека имало некое писмо од Јохан ! Ништо не кажале за тоа по медиумиве !
Јохан Тарчуловски, единствениот хашки затвореник од Македонија, вчера со писмо го охрабри премиерот Никола Груевски да ги испрати во историјата предметите од 2001 година што ги врати Трибуналот во земјава. Додека во Собранието се водеше бурна расправа за предлогот за автентично толкување на Законот за амнестија за со политичка одлука да се затворат четири случаи од време на конфликтот, државната агенција МИА го објави писмото што го доставило Здружението за поддршка на Јохан Тарчуловски.
Во дописот се наведува дека на последните избори победиле ВМРО-ДПМНЕ и народот, бидејќи гласањето поминало во мирна атмосфера, а Груевски покажал „дека знае да работи за народот, да има почит за патриотите и дека го сака патриотизмот“... Уште многу пофалби за премиерот има во писмото од Тарчуловски, кој пред неколку недели од затворот во Шевенинген беше префрлен во Германија. Таму Тарчуловски ќе го издржува остатокот од затворската казна од 12 години за „Љуботен“ - единствениот случај од кризната 2001 што беше процесуиран во Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна СФРЈ.
„Јас и многу македонски синови и ќерки се одзвавме на браникот на татковината и ја одбранивме Македонија. И ние херојството го направивме, и тоа ќе остане запаметено, и не може никој да го избрише или да го скрие. Знаевме дека ја правиме вистинската работа и дека историјата ќе не памети како ХЕРОИ“, пишува, меѓу другото, Тарчуловски.
Тој го повикува Груевски да покаже покажи доблест, како што вели, за да се затвори ова последно поглавје од 2001 година.
„Разговарајте за тие хашки случаи, проверете ги законите и ако има можност, решете го тоа прашање еднаш засекогаш,
запрете ги и оставете ги во историјата, завршете ги сите трауми од минатата деценија. Знае народот што беше татковинската војна, знае и историјата. Ако тоа е предизвик за Македонија да оди напред, знаеш дека Македонија мора да оди напред.
Овие случаи треба да ги стопираме и да ги испратиме во историјата, да одиме напред, да градиме наместо да разградуваме“, се потенцира во писмото.
Пред 10 години, наведува Тарчуловски, беше патриотски да се одбрани Македонија, а денес е патриотски да и' се овозможи на државата да оди напред, ослободена од бремето на минатото и да стане модерна држава.
На крајот, единствениот хашки осуденик од нашата земја забележува дека Македонија не била крива за 2001 и дека еден ден тоа ќе го покаже историјата, ама дека денес е најбитно да се избере најдобриот интерес за државата.
извор
На ова се алудираше поназад.