Да се приклучам на темата... И јас го имам овој проблем (опаѓање на косата) подолго време. Имам употребувано различни шампони и препарати. Порано ставав некои маски, па потоа прекинав. Пoвеќе од 1 година пијам витамински таблети 1 година, и тоа: капсули за виталност на косата, витамини од A-Z, шумливи таблети магнезиум и калциум и таблети - витамин Ц. Од пред неколку месеци (од септември) почнав да пијам и: b-complex, бедоксин (Б6) и MERC SPECIAL DRAGEES. Забележав дека драстично ми се намали волуменот на косата и многу ми опадна. Мислев дека е периодично тоа, но пребарувајќи по интернет, наидов на информација дека косата може да опаѓа и од голема количина таблети. Поради тоа го намалив бројот на таблети (на пример, претходно пиев по 2 таблети b-complex, па продолжив со 1). Некаде прочитав и дека земањето на додатоци во исхраната влијае за појава на некои болести. Што мислите? Колку е тоа точно? Дали е добро да се употребуваат витамински таблети (додатоци во исхраната) и во колкав временски период?
Пред извесно време почнав да ставам маски на косата, подготвени од домашни прехранбени производи. По ставањето на една маска (од банана и малку маслиново масло), со голема тешкотија ги отстранив трагите од косата (буквално беа залепени деловите од бананата). Сега се двоумам дали да продолжам да ставам маски на косата. Дали сте применувале вие? Дали имаат некаков ефект маските за коса? Што мислите околу таквите третмани на косата?