М
Мартин`
Гостин
За што да им биде срам ?Сериозно. Има на Лисица.мк
Како не им е срам?!
Државната комисија за одлучување во управна постапка ја поништи одлуката на министерството за животна средина со која на Метрудхем и одобри да продолжи со постапката за рестарт на Топилницата. Ваквата одлука ја донесе по жалбата на општина Велес и Зелената коалиција, со образложение дека решението е конфузно.
Сега зелените очекуваат Метрудхем да се откаже од желбата да ја рестартираат фабриката. „Со ова решение сето она што досега им се одобри на Метрудхем паѓа во вода и сметаме дека во иднина оваа процедура треба да се води на полегален и законски начин", рече Ненад Коциќ, Зелена коалиција. Зелените со апел до надлежните институции, во иднина кога ќе донесуваат какви било одлуки во врска со Топилницата во предвид да го имаат и фактот дека сегашната локација не може да биде наменета за изградба на објекти за тешка индустрија.
„Оваа одлука е излезена во службен весник на општина Велес и не е логично да се почнува постапка за изградба на објект за тешка индустрија кога во нашиот ДУП не постои таква локација", рече Коциќ.
Од министерот за животна средина зелените бараат да ги санкционира оние кои ја прекршиле постапката уште од самиот почеток. Очекуваат поодговорен и сериозен пристап на министерството во иднина.
Значи ако јас добро читам поништена е одлуката која дозволи рестарт на топилницата..