Сума сумарум... темава ти е кабала т.е тема од религија и таму и ќе ја испратам.
Па ако масоните ти се во мистерии, зошто и ова да не е таму кога е посоодветна од многу други... не е битно сега.. нека тера и вака ама големи ујдурми ми правите бре деца. Немам прсти на младич па да куцам како вас. Муабетот ми беше оти темата на масоните е исто кабала па не ја пракаш нааму
--- надополнето: 21 март 2012 во 17:13 ---
Гледам дека во неколку наврати се обидуваш да ја отвориш темава,ама залудно,секој пат ти е избришана а не знам зошто мене ми е баш интересна.
Би те прашал во што се состои тоа магиско толкување на Библијата?И поточно какво учење има во Кабалата?Гледав некои клипови на интернет-предавања од еден рабин и не можев ништо да сфатам,зборуваше за некои виши светови,преточување на бои и слично.Дали во Кабалата постои Бог?
Магиското толкување на Библијата е базирана четири вида толкувања:
Гематрија (што е Аритмологија - кога од едно име ме се зема нумеричката вредност и на таа основа создаваат, менуваат и даваат друго значење на истиот збор),
Нотарикон (пр. BRAShITh RAH ALHIM ShIQBLV IShRAL ThVRH,
Berashith Rahi Elohim Sheyequebelo Israel Torah што значи
Во почетокот Бог (во множина Елохим што соодветствува со амообјавувањето на Бог како во Православното Христијанство - Света Троица)
виде дека Израел ќе го следи законот, наместо вистинските зборови од Библијата -
Bereshit bara Elohim et hashamayim ve'et ha'arets што значи
Во почетокот Бог ги создаде Небото и Земјата, и
Темура е изобличување каде според одредени правила една буква се заменува со друга и се создава збор со сосема поинаква смисла од првата.
На тој начин целосно ја менуваат содржината, смислата и пораката на Библијата и ја заменуваат со нешто сосема друго и често спротивно од пишаното.
Понекогаш се изземени од зли духови (за кои според нив се на пр. духот на Свети Илија или духот на некој починат Рабин) и со автоматско пишување од изземениот (опседнатиот) кој е во бессознание запишува она што тој зол дух му наведува или води.
Кабалата започна од две преданија. Едното (Маасе) се занимаваше со погрешно толкување на 1 Книга Мојсеева - Битие велејќи дека Бог го создаде светот преку еврејската азбука, и второто е преданието за Тронот (Меркава) каде рабини се спуштале (а не качувале) 7 нивоа каде проаѓале покрај страшни ангели и им кажувале имиња - лозинки за да поминат на следното ниво, додека да стигнат до најдолното ниво каде бил Тронот на Бог и затоа ги нарекле Descenders of the Throne (пуштачи до Тронот) или на еврејски Yoredei Merkavah. Тоа било во првите илјада години за потоа преку Зохарот и магиските методи за кои пишав погоре, погрешно да се толкава Тората (петтокнижието Мојсеово) и се ваделе нови теории за Бога, Светот и спасението.
Во Кабалата Бог еволуира. Од едно НИШТО минува низ неколку стадиуми за да еволуриа во нешто по-личносно. Целта на спасението е враќањето во тоа НИШТО (слично на Нирваната во Будизмот).