Легендарни тениски мечеви (мечеви кои ви оставиле голем впечаток)

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување

The King of Clay

Модератор
Член од
28 јануари 2012
Мислења
5.038
Поени од реакции
3.635
Би сакал во оваа тема да поставуваме видеа (highlights најчесто) од некои мечеви кои според вас кои се врв во тенискиот свет, не мора да се работи за Федерер, Надал, Ѓоковиќ, Мареј, може и некои помалку познати играчи, битно да е добар тенис, драматичен и за уживање.

Лично мене доста голем впечаток ми оставија дуелите на Надал и Алмагро од Мадрид и Ролан Гарос 2010 :)


Ставете на 720p HD и уживајте 11 минути :) Посебно во спектакуларните пасинг удари на Надал во тај-брејковите. :D
 
Жал ми е за Алмагро голем потенцијал ама нема тактика со големиве играчи исти ритам држи цело време сепак леваците и јас играм со лева сме малце чудни во игра
 
Надал - Федерер. Вимблдон 2008. Финале. 4 саати и 48 минути - победа на Надал. :pipi:Се уште кристално јасно паметам кога Надал падна на тревата и не му се веруваше што се случи. 6-4, 6-4, 6-7 (5), 6-7 (8), 9-7. Прекрасен меч дефинитивно, едноставно беше уживање да се гледа таков тенис. Иако, во принцип тенисот на трева и не ми е баш најубав за гледање, ова беше меч што ќе го паметам до крајот на мојот живот. Две легенди играа легендарен меч, во кој мојата омилена легенда победи.:love: Мислам, поправете ме ако грешам, ама мислам дека ова влезе во историјата на Вимблдон како најдолг меч.
 
Совршенство бе еј, секој поен е за :cuc:, и годинешниов Надал-Ноле е за во оваа категорија.;)
 
Меч кој ќе го паметам цел живот, секогаш кога го гледам ми се ежи кожа, Иванишевиќ 2001 го освојува Вимблдон. Џек Никлсон во публика се радува како мало дете.
 
Меч кој ќе го паметам цел живот, секогаш кога го гледам ми се ежи кожа, Иванишевиќ 2001 го освојува Вимблдон. Џек Никлсон во публика се радува како мало дете.

И јас исто го имам uploadирано истиов меч, т.е. последниот гејм, но со подобар квалитет од клипот што го стави.

 
Не беше нешто ептен епски меч ама сепак, Јирген Мелцер од 2-0 по сетови направи пресврт и го победи со 3-2 Џокович..

Јас сум го ставил видеото и добив многу критики бидејќи сите поени се на Новак, па како очекувате, го симнав од официјалниот сајт на Ѓоковиќ. Добро е и ко меч топката ја ставиле :)
 
Јас сум го ставил видеото и добив многу критики бидејќи сите поени се на Новак, па како очекувате, го симнав од официјалниот сајт на Ѓоковиќ. Добро е и ко меч топката ја ставиле :)
Ауу не приметив... :D
 


Најдобро финале на Гренд Слем досега што сум гледал! Да одмараа на сервис ко што одмараат Ноле и Рафа ќе траеше мечот и повеќе од 6 часа!
 
Федерер-Надал Вимболдон 2008-за мене дефинитивно најдобриот тениски меч.
После него би го издвоил и финалето оваа година на Австралија Опен, Надал-Џокович.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom