После ова што ни се случи сакам да си ја кажам маката. Незнам дали има поента темава и дали има на што да се дискутира ама сакам да си се олеснам.
Мајка ми паркира на место предвидено за такси, пред самата зграда.
Следното утро оди на работа (цел ден од сабајле до вечер) со автобус од ТАВ. И се јавува полицаец и вели:
„Г-ѓо, паркирани сте на место предвидено за таксисти“
„Знам, добро, извинете меѓутоа немаше на друго место каде да паркирам. Доколку има потреба да му јавам на сопругот да ја премести, бидејки ја сум на работа до вечер“
„Нема проблем, не мора да се премести, ве разбираме бидејки во овој дел има проблем со паркирањето. Кога ќе се вратите од работа, преместете ја. Нема никаков проблем.
„ Во ред. Ако има некаков проблем, веднаш ќе се премести. Во секој случај фала ви“