Скопје 2014 (Генерална дискусија)

Дали го одобрувате проектот Скопје 2014?

  • Вкупно гласачи
    593
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.103
Зградата на МЕПСО ќе се мења, на City Gallery, на Меtropol.. еден ден ќе се разбудам од спиење и ќе видам дека и мојата зграда е во барок! Ќе мора да почнам да се облакам антички со маслинови гранчиња на глава.. оф леле :tapp:
Дека сакаат реновирање фасадите, сакаат... тоа е без дискусија.
Може да се дискутира единствено за стиловите и тука нема објективност. Мене може повеќе барокна фасада да ми се допаѓа, тебе модерна, стаклена... некому трето нешто.
Не гледам зошто барокната би била полоша од модерната, се’ додека не се реновираат фасадите.
 
Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.118
Поени од реакции
9.068
Цитро знам дека многу пари е метро, еве немора метро, нека биде LTR. Битно е да се мисли на иднината, ако моментално не е исплатливо, се шири градов со брзо темпо, за 5-10 години ќе имаме потреба од тоа. Од врби и невкусни бродови немаме потреба, ниту сега ниту по 10 години. Поентата ми е треба да се има приоритети.

Јасно ми е како функционира политиката, се гледа да се гради се и сешто само да се земе провизија од сработените проекти и сопствените градежни фирми да просперираат. Ама барем да се прават проекти од кои и граѓаните ќе видат корист и проекти кои нема да го изобличат ликот на градот. Еве доволно е да се погледне на Балканов во кој правец се развива Софија, град кој во последните неколку години се изградија или се градат модерни и инспиративни објекти и висококатници. Кај нас архитектурата назадува, се градат класични објекти со детали од гипс картон, стиропор и пластики кои немаа никаква архитектонска и историска вредност, а плус тоа местоположбата, деталите и формата е за смеење.

И за да не испадне дека плукам на СК2014 во целост, сакам да издвојам 2-3 градби кои ги подржувам. Тоа е обновата на стариот театар, изградбата на филхармонијата, и до некаде споменикот со фонтаната на плоштад Македонија.
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
Дека сакаат реновирање фасадите, сакаат... тоа е без дискусија.
Може да се дискутира единствено за стиловите и тука нема објективност. Мене може повеќе барокна фасада да ми се допаѓа, тебе модерна, стаклена... некому трето нешто.
Не гледам зошто барокната би била полоша од модерната, се’ додека не се реновираат фасадите.
Затоа што не живееш во среден век туку во 21 век т.е 2012 поточно. И на мене ми се допаѓа стилот барок но едноставно е погрешно во ова време тоа да се гради.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Затоа што не живееш во среден век туку во 21 век т.е 2012 поточно. И на мене ми се допаѓа стилот барок но едноставно е погрешно во ова време тоа да се гради.
Не е барок стилот,туку класичен.. и не е точно дека е потполно умрен,сеуште се гради..според мене тој стил е многу поубав отколку само префарбување на една зграда со 2 канти боја..барем за централно подрачје.. нормално дека кули високи над 10 ката нема да го личи во таков стил..како на пример ЕВН зградата.. има низ Скопје пар згради во т.н. модерен стил со стаклена фасада..ни една не ми се свиѓа,напротив грди се..обично рамно стакло,на коцкаст облик на згада ми делува ептен занигде..да се гради во стил како Сан Марко ( таа пред МЕПСО) е друг муабет..тоа е убав и модерен стил..али на нашите инвеститори едноставно не им се фрлаат толку пари и идат на прост стил,наместо убава фасада,нареди панели рамно стакло и тоа е тоа..просто и грдо (за мене )..
--- надополнето: 5 март 2012 во 19:07 ---
Цитро знам дека многу пари е метро, еве немора метро, нека биде LTR. Битно е да се мисли на иднината, ако моментално не е исплатливо, се шири градов со брзо темпо, за 5-10 години ќе имаме потреба од тоа. Од врби и невкусни бродови немаме потреба, ниту сега ниту по 10 години. Поентата ми е треба да се има приоритети.
Го пишав и ја тоа..дека трамвај е погрешна работа..не поради друго,не дека е застарена идеја ,туку дека нема Скопје улици за да поднесе таков терет.. Лесната железница би го избегнала централното подрачје,а таму каде што мора да поминува низ тесни грла на сообраќај би се изградиле надвозници или минитунели под земја (пример,пресек преку некој булевар,или раскрсница) .. ама незнам на која дрога се овие од град Скопје и упорно уште од Трифун наваму го тераат проектот за трамвај..
 
methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Белград и Скопје се збратимија

Белград е осумнаесеттиот град со кој се збратимува Скопје. Советот на Град Скопје вчера ја усвои предлог-одлуката со која се официјализира долгогодишната добра соработка меѓу двата града. Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, истакна дека збратимувањето е основа за креирање на нова соработка на многу полиња во делот на урбанизмот, културата, образованието како и во учествување во европските проекти. Од името на градоначалникот на Белград, Драган Ѓилас, во Скопје на Трајановски му се заблагодари амбасадорот на Србија во Македонија, Томислав Гурин. Тој на скопскиот градоначалник му врачи и благодарница од белградскиот градоначалник за поддршката што Скопје му ја даде на Белград за кандидатурата за Град на културата во 2012 година.
- Збратимувањето на два главни градови не претставува само симболичен чин на потврдување на едно пријателство, тоа е многу повеќе од тоа и јас ја поздравам оваа иницијатива - изјави Гурин.

Филип Вујановиќ почесен граѓанин

Претседателот на Црна Гора, Филип Вујановиќ, стана почесен граѓанин на Скопје. Според градоначалникот Трајановски прогласувањето на Вујановиќ за почесен граѓанин е признание за вкупните мирољубиви стремежи на црногорската држава и нејзината влада во градењето на меѓуетнички соживот во Црна Гора, во која се почитуваат и Македонците.
- Филип Вујановиќ е голем промотор во градењето на новите облици на сестрана соработка меѓу Црна Гора и Македонија. Прогласување за почесен граѓанин ќе има голема важност за богатите културно-историски врски на црногорскиот и македонскиот народ и за јакнење на повеќедецениската плодна културна и стопанска соработка на двете држави - вели Трајановски. Амбасадорот на Црна Гора во Македонија, Душан Мрдиќ, изјави дека со овој чин се продлабочува соработката меѓу двете држави.
- Едногласноста на вашата одлука да го прогласите мојот претседател за почесен граѓанин на Скопје уште еднаш потврдува дека станува збор за голем државник и пријател на Република Македонија - изјави Мрдиќ.

Да си ибе векот од секогаш сум знаел дека е србоман гаден само чудна работа на никој не му смета тоа додека Љубчо сите го надапнаа затоа што кажа што пишува во историските книги :) ц ц ц
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.323
Поени од реакции
26.261
Да си ибе векот од секогаш сум знаел дека е србоман гаден само чудна работа на никој не му смета тоа додека Љубчо сите го надапнаа затоа што кажа што пишува во историските книги :) ц ц ц
Кој е србоман?
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
http://www.plusinfo.mk/vest/35733/VIDEO--GALERIJA-Daleku-e-Baku-2014-i-sonceto-shto-sjae

Искрено ако мене ме прашувате ова што се прави во Баку многу повеќе ме бендисува, отколку ова што се прави во Скопје. Повеќе ме привлекува модерното и не мислам дека тоа што се прави денес да изгледа модерно нема да биде по неколку години. Се згазив од смеење кога прочитав дека фризер е креатор на бродот. Неверојатно.
 
Тоа во Баку вреди сигурно над милијарда...така да баби и жаби не е исто..
 
Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.235
А да направеа едно метро? Реално има повеќе потреба него морнарица во Вардар.

My 2 cents.
Немало барок модел за метро :D

А за градбите во СК2014 или реновирање на МЕПСО и ГТЦ можат да учат од сликава само гледај, гледај ,гледај :)
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.774
Поени од реакции
9.902
Немало барок модел за метро :D

А за градбите во СК2014 или реновирање на МЕПСО и ГТЦ можат да учат од сликава само гледај, гледај ,гледај :)

Што да учат пријателе..стакло? Wowww , неверојатно..!

Иначе...

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.172
Поени од реакции
18.235
Што да учат пријателе..стакло? Wowww , неверојатно..!

Иначе...
Не е стакло, гледаш дека основата е бетонска.Ама зависи како гледаш ;) Во секој случај подобро од Дизниленд, барем потсеќат дека сме во 21-ви век, не во 18-ти.
 
Член од
3 ноември 2009
Мислења
1.543
Поени од реакции
767
Тоа во Баку вреди сигурно над милијарда...така да баби и жаби не е исто..
Кај нас се потрошија досега милиони, целата вредност на проектот е околу 400 милиони. И не ми беше поентата да се направи споредба меѓу парите, туку помеѓу стиловите. Во Баку се прави модерно и современо кај нас се прави класика, барок... Јас преферирам тоа како во Баку. Еве зошто на пример проектот Скопје 2014 не доби неидна позитивна критика не од македонските, туу ос светски познатите архитекти. Жално е стварно е жално што Скопје 2014 доби и политика димензија.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom