3D во киното во Кавадарци

  • Креатор на темата Креатор на темата Near
  • Време на започнување Време на започнување

Near

Рандом лик од соседството
Член од
26 март 2009
Мислења
4.311
Поени од реакции
7.068
Локација
Around the world
Па,по темата за киното Милениум мислам дека и киното во Кавадарци заслужува своја тема. По успешната премиера со светскиот мега-хит Аватар,од оваа недела нови 2 филма на репертоарот. Во термините четврток,петок,недела и вторник во 20 часот ќе се проектира Трансформери,а за помладите...како да го тренираш твојот змеј.

Повеќе информации http://kavadar4e.com/index.php?opti...vadareckotokino&catid=65:tikvesija6&Itemid=80
 
How to Train Your Dragon не е анимиран филм само за помладите. Половина од форите во филмот нема да ги разберат - добро сега не е Simpsons али во секој случај мислам дека ќе им биде еднакво интересен и на постарите генерации.

Дај некоја сликица од киното да го видиме какво е, чисто од радозналост :)
 
А шо е финтата што овие филмови не се прикажуваат никаде во светот, освен во Куманово? Да не ме сфатите погрешно, мило ми е што во другите градови освен Скопје има кино култура. Во Штип одамна немаме кино. Немаме ни дискотеки до душа, но тоа е друга тема.
 
Би се радувал во Скопје да дадоа добар 3Д филм како Аварат,не тоа глупавите филмови што немаат ни 5-ка на имдб.
 
А шо е финтата што овие филмови не се прикажуваат никаде во светот, освен во Куманово? Да не ме сфатите погрешно, мило ми е што во другите градови освен Скопје има кино култура. Во Штип одамна немаме кино. Немаме ни дискотеки до душа, но тоа е друга тема.
Hello Shtip, this is Veles calling.....same shit - just different name :)
Инаку сериозно де ставете некои слики од киново да го видиме колкаво е. И колку народ собира?
 
А шо е финтата што овие филмови не се прикажуваат никаде во светот, освен во Куманово? Да не ме сфатите погрешно, мило ми е што во другите градови освен Скопје има кино култура. Во Штип одамна немаме кино. Немаме ни дискотеки до душа, но тоа е друга тема.
Кавадарци другар....Иначе до вчера немавме и ние обично кино,а сега отворија 3д кое што покрај тоа во Скопје е единствено во Македонија.
http://www.kavadar4e.com/galerija/index.php?/category/417
Ете некоја слика повеќе,капацитетот е околу 150-200 луѓе :)
 
Бев денес да го изгледам How to train your dragon. Едноставно...воодушевен сум од филмот,3 пати подобар беше и имаше подобри ефекти од Аватар(мое мислење). За утре ми останува Трансформери :свиркам:
 
Вија се неарни,му фале некоа даска...море не некоа даска,цела дрветарија. 180 денара туриле цена за 3д-то,јас додека бев у Кавадарци скоро сите филмови ги изгледам и од 120 денара повише не му е реална цена на киното. На тија седиштата ако седиш повише од 15 минути це здрвиш,реума ќе фаниш...ногу често преводот беше за никаде,неколку пати че закоче филмот па па од почеток че го пуштат...Боже,сачувај...неарен народ. И онака слабо народ одеше,сеа па може да замислам...жив човек не влева..
 
Јас бев само на Волкот од Волстрит и преводот беше одличен, го земат од МЦФ МК што е дистрибутер за филмови за Македонија и оде истиот превод како од Скопје. Веројатно истото е и за Волтер Мити филмот. 3Д не е гледа во Кавадарци, прелошо е, наочарите не се Real 3D како во Синеплекс или Милениум.

Единствена замерка за седиштата, стварно ич не се удобни :pos:
 
Ако не се лажам ни во Милениум баш не е Real 3D.
 
Ако не се лажам ни во Милениум баш не е Real 3D.

Да ги видиш наочарите во Кавадарци, во Милениум се од оние 3D Dolby во Кавадарци се од оние обични едни бели, не би гледал пак таму 3Д, пред две години го гледав Saw и катастрофа беше :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom